Свет
Бројот жртви од земјотресот во Индонезија се ближи кон 100
Најмалку 97 жители од најзападната индонезиска покраина Ачех загинале во земјотресот со магнитуда од 6,5 степени по Рихтеровата скала од средата утрото, соопшти шефот на Националната управа за справување со последиците од природни катастрофи (BNPB), Вилем Рампангилеј.
Додаде дека најмалку 411 луѓе се тешко повредени, додеа 125 лица минале со полесни повреди.
Во 5,30 часот по времето на Западна Индонезија, жителите на Ачех ги разбуди силен земјотрес кој бил почувствуван во целата покраина. Периодот од денот во кој повеќето луѓе спиеле, според властите, придонело за големиот број тешко повредени меѓу настраданите, многу од нив се повредени од делови од нивните домови кои ги поклопиле во сон.
Експертите од Националната управа за метеорологија, климатологија и геофизика на Индонезија првично ја проценија моќноста на потресот на 6,4 по Рихтер, а подоцна ја коригираат на магнитуда 6,5. Епицентарот на подземниот удар епицентарот бил на 92 километри од градот Банда-Ачех, на северниот брег од индонезискиот остров Суматра, во округот Пидиџаја, на длабочина од 10 километри. Не објавено предупредување за цунами.
До вечерта во средата, по главниот удар биле регистрирани над 25 афтершокови со магнитуда до 4,8,соопшти индонезиската новинска агенција Antara. Сепак, челниците на агенцијата сметаат дека во блиска иднина во оваа област нема да се случи помоќен потрес.
Сепак, властите ги повикаа жителите да спијат на отворен, предупредувајќи дека дополнителните удари би можеле да ги урнат веќе оштетените згради.
Покраината Ачех инаку тешко настрада во силниот земјотрес со магнитуда 9,3 и цунамито кои на 26-ти декември 2004 година ги погодија нејзиниот западен брег, недалеку од покраинскиот главен град Банда-Ачех. Во таа катастрофа само во покраината Ачех загинаа повеќе од 120.000 луѓе, а во 11 земји во Индискиот Океан смртно настрадаа 230.000 луѓе.
Волонтерите поитаа да им помогнат на медицинските екипи вечерта во средата за да помогнат да се пренесат повредените до болниците. Во покраината Ачех е прогласена вонредна состојба. Во акцијата за потрага и спасување учествуваат припадници на Црвениот крст и волонтерите, вкупни повеќе од илјада луше, вклучително и војската.
„Сега тежиштето ни е да ги пронајдеме преживеаните под урнатините рекол за Reuters Сутопо Нугрохо од агенцијата за управување со природни катастрофи. Претседателот на Индонезија, Џоко Видодо, треба да ја посети погодената област во четвртокот./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Путин: Русија мора да стане светски лидер во опсегот на примена на вештачка интелигенција
Русија треба да стане светски лидер во однос на опсегот на примена на вештачката интелигенција во сите сфери на животот, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
„Русија мора да стане светски лидер не само во создавањето, туку и во однос на опсегот на примена и навлегувањето на вештачката интелигенција во сите сфери на нашиот живот без исклучок“, рече рускиот лидер на пленарната сесија на меѓународната конференција АИ „Патување во светот на вештачката интелигенција“ во седиштето на Сбербанк во Москва.
Како што истакна, ограничувањата наметнати на руската економија ги поттикнуваат домашните компании да најдат нови решенија и „тоа го прават“.
Свет
Украинците го гаѓаа рускиот аеродром со американски ракети, има загинати
Украинските сили го нападнаа воениот аеродром во Таганрог, Ростовска област, со шест балистички ракети ATACMS, соопшти руското Министерство за одбрана.
Во соопштението се додава дека сите ракети се соборени.
„Утрото на 11 декември Киев изврши ракетен напад со западно прецизно оружје на воениот аеродром во Таганрог, Ростовската област“, се вели во соопштението.
Во соопштението се додава дека има жртви меѓу персоналот.
Министерството нагласи дека овој непријателски напад нема да остане без одговор и дека ќе бидат преземени неопходните мерки.
Свет
(Видео) Гробницата на таткото на Асад во пламен, бунтовниците го извлекоа ковчегот и го запалија
На социјалните мрежи се шират снимки и фотографии на кои се гледаат бунтовнички борци како стојат до запалениот гроб на починатиот сириски претседател Хафез ал-Асад.
Бунтовниците го извлекле ковчегот и го запалиле. АФП пренесува дека бунтовниците во униформи, како и локални жители, гледале како ковчегот гори.
Syrian rebels destroyed the crypt and tomb of dictator Hafez al-Assad, Bashar's father. pic.twitter.com/YwgQKezkjl
— NEXTA (@nexta_tv) December 11, 2024
Хафез ал-Асад владееше со Сирија три децении. Тој почина од срцев удар во 2000 година и беше погребан во мавзолеј во неговото родно село Караха.
⚡️BREAKING:
New footage emerged showing the destruction and burning of Hafez Al-Assad’s grave in Syria by Syrian “rebels.” pic.twitter.com/i37gX6dlHV
— Suppressed News. (@SuppressedNws) December 11, 2024
На функцијата претседател го наследи неговиот син Башар, кој беше сменет минатиот викенд.