Свет
Business Insider: Геополитички предвидувања за 2017 година
Се ближи крајот на 2016-та , а геополитичкиот метеж од изминатава година најавува доста непредвидлива состојба на светската политичка сцена како и во меѓународните односи, пишува британски Business Insider (BI).
Русија – Според предвидувањата на BI, Русија ќе направи повеќе провокативни потези против балтичките држави, за да ја видат реакцијата на Доналд Трамп и на остатокот на светот. Се очекува Москва да се меша во многу други меѓународни афери, посебно во Балтичките држави. Русија ги помести нуклеарните ракети близу до Полска и Литванија во октомври, а НАТО одговори со поставување трупи и тенкови во балтичките земји.
ИСИС – Моменталната моќ на Исламската држава (ИСИС) е во пад и се очекува и следната година нејзината сила да опаѓа. Америкнаксите воени лидери нампоменуваат дека ќе бидат потребни уште два до четири месеци додека Мосул не биде потполно сигурен. Доколку градот „падне“ целосно, големи копнени сили директно ќе го нападнат градот Рака.
Терористичката група Исламска држава нема да мирува иако се прилично е разнишана нејзината моќ. Тие ќе ги засилат своите пропагандни напори за да ги инспирираат новите регрути за поединечни напади ширум светот.
Сирија – Претседателот Асад ќе остане на власт во Сирија. После падот на Алепо, претседателот Асад и неговите ирански и руски приврзаници ја зацементираа својата позиција во контролирање на поголем дел на источна Сирија.
САД ќе ја проверува Кина – Неодамнешната кинеска заплена на подводниот америкнаски дрон во водите на Јужното кинеско море бара адекватен одговор. Тимот на Доналд Трамп покажа разноликост во „муницијата“ што може да ја искористат за соочување со Кина. Етикетирање на Кина како манипулатор на валутата, започнување трговска војна со Пекинг, поддржување на Тајван, или дури и зголемување на поморски патроли околу кинеските воени комплекси во Јужното кинеско море. крај/мф/вс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Володимир Зеленски им се заблагодари на САД за пакетот помош за Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на американскиот Сенат за усвојувањето на законот со кој се одобри пакетот помош за Киев во износ од 61 милијарда долари.
Зеленски истакна дека со овој потег САД ја потврдиле својата улога на „светилник на демократијата“, пренесува Ројтерс.
„Благодарен сум на американскиот Сенат што ја одобри клучната помош за Украина. Ова гласање ја зајакнува улогата на Америка како светилник на демократијата и лидер на слободниот свет“, рече украинскиот претседател во изјавата на платформата Телеграм.
Свет
Блинкен пристигнува во Шангај: проблемите меѓу Кина и САД се сериозни
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска пристигнува во Шангај во време кога односите меѓу САД и Кина се на постабилна основа, но со низа нерешени прашања кои ја загрозуваат стабилноста на односите на глобалните ривали.
Блинкен ќе се сретне со бизнисмени пред да замине за Пекинг во петок на разговори со министерот за надворешни работи Ванг Ји и најверојатно средба со претседателот Си Џинпинг.
Посетата на Блинкен е најновиот контакт на високо ниво меѓу двете нации кој, заедно со работните групи за прашања кои се движат од глобалната трговија до воените комуникации, ги ублажи јавните несогласувања кои ги спуштија односите на историски најниско ниво на почетокот на минатата година.
Но, Вашингтон и Пекинг постигнаа мал напредок во ограничувањето на кинеското производство на хемикалии што се користат за производство на фентанил, Тајван и понатаму е точка на удар, а тензиите се зголемуваат поради поддршката на Кина за Русија во војната во Украина.
Иако е малку веројатен значителен напредок за време на посетата, двете земји сакаат „отворени линии на комуникација за да се избегнат непријатните сценарија“, рече Алфред Ву, вонреден професор на Школата за јавна политика Ли Куан Ју во Сингапур.
Блинкен ќе побара од Кина да престане со опремување и снабдување на руската воена индустриска база.
Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година, само неколку дена откако се согласи на „неограничено“ партнерство со Пекинг, и додека Кина се оддалечи од испораките на оружје, американските власти предупредија дека кинеските компании испраќаат технологија за двојна употреба која им помага на руските воени напори.
Без детали, висок функционер на Стејт департментот рече на брифингот со новинарите во петокот дека Вашингтон е подготвен да „преземе чекори“ против кинеските компании за кои верува дека им штетат на американската и европската безбедност.
Соединетите држави привремено разговараа за воведување санкции на кинеските банки поради поддршката на земјата за Русија, но официјални лица изјавија за Ројтерс дека сè уште немаат планови.
Вашингтон досега се воздржуваше од санкционирање на големите кинески банки – што долго време аналитичарите го сметаа за „нуклеарна“ опција – поради ефектите што може да ги има врз глобалната економија и врз односите меѓу САД и Кина.
Посетата доаѓа откако американскиот Конгрес викендов го усвои законот кој вклучува ново финансирање за Тајван и помалку од еден месец пред островот да го инаугурира новиот претседател Лаи Чинг-те, кој како и неговиот претходник го отфрли барањето на Кина за островот.
Висок функционер на Стејт департментот рече дека страните треба „да избегнуваат преземање провокативни дејствија кои би можеле да ги подигнат тензиите и да покажат воздржаност“ пред инаугурацијата.
„Тоа ќе биде нашата порака понатаму“, додаде официјалниот претставник.
Проблем е и TikTok
Напорите да се принуди кинеската ByteDance да ја продаде својата апликација TikTok или да се соочи со забрана од САД, исто така добиваат на сила во Конгресот, што е знак за зголемената подготвеност на Вашингтон да се соочи со Пекинг за економски прашања.
Блинкен се очекува да ги покрене прашањата за човековите права, вклучувајќи го и третманот на Кина кон муслиманите во западниот регион Ксинџијанг.
Други американски претставници неодамна се сретнаа или се слушнаа со кинески колеги како дел од пошироките напори на САД да ги одржат отворените линии на комуникација.
Министерката за финансии Џенет Јелен беше во Пекинг и во јужниот град Гуангжу претходно овој месец, а минатата недела министерот за одбрана Лојд Остин разговараше со својот кинески колега за прв пат по 18 месеци.
Советникот за национална безбедност на Бајден, Џејк Саливан, исто така одржува редовни разговори со Ванг.
Регион
Повеќе од половина Србија обоена во жолто: Итно предупредување поради можно невреме
Жолта метеоролошка тревога е на сила на повеќе од половина од териториите во Србија и тоа во Бачка, Банат, Срем, Белград, Западна Србија, Поморавље и Шумадија, со цел да се предупреди за можна појава на грмежи.
Се очекува слаб до умерен дожд во областа Бачка.
Во Бачка во следните два часа на места ќе има врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет.
Инаку, жолтиот метео аларм се „вклучува“ кога времето може да биде потенцијално опасно, поточно кога се предвидуваат опасни временски појави.
„Тие се со таков интензитет што можат да предизвикаат материјална штета и да бидат опасни за луѓето и животните. Треба да бидете многу внимателни, свесни за ризиците и редовно информирани за деталите за очекуваните метеоролошки услови“ велат од надлежните државни служби.