Контакт

Свет

Чешкиот премиер: Ќе ѝ помогнеме на Полска ако Русија ја нападне

Објавено пред

Чешкиот премиер Андреј Бабиш денес изјави дека Чешка го почитува принципот на колективна одбрана во НАТО и дека, на пример, ако Полска биде нападната, НАТО сигурно ќе ѝ дојде на помош согласно член 5 од Договорот.

Чешкиот претседател Петр Павел, кој престојува во Њујорк, ја пофали владата по изјавата на Бабиш за решително застапување на колективната одбрана, а реагираше и на фактот дека словачкиот премиер Фицо го обвини дека, бидејќи Павел е пензиониран генерал, сака да оди во војна.

„Веќе слушнав слични аргументи. Дека генералот е тој што ја влече земјата во војна, додека другите сакаат мир. Мирот нема да дојде кај оној што се преправа дека го сака, но не е спремен да направи ништо за него. НАТО нема да функционира ако не сме подготвени да жртвуваме нешто за безбедноста на другите“, изјави Павел за чешките медиуми во Њујорк.

Чешкиот претседател предупреди дека ваквите изјави што го оспоруваат Член 5 за колективна одбрана се опасни во сегашната безбедносна ситуација, а додаде и дека е опасно кога некои го повторуваат и шират рускиот наратив под маската на патриотизам.

„Ако денес некој го поддржува рускиот наратив, кој е доста објективно изопачен и нè наведува да престанеме да им веруваме на нашите институции и сојузници, тогаш ова апсолутно оди против нашите национални интереси“, рече Павел.

Чешкиот претседател додаде дека некој можеби се крие зад патриотизмот, но ако ги стави интересите на Русија пред интересите на својата земја, тогаш сигурно не може да биде патриот.

Петр Павел потсети дека словачкиот претседател Петер Пелегрини, кој ја критикуваше изјавата на Фицо во неделата, го гледа НАТО и односите со сојузниците многу слично на чешкиот претседател.

Најново

Забава47 секунди

(Видео) По шпекулациите за естетски зафати, Џенифер Лоренс се појави на црвениот тепих

Холивудската актерка Џенифер Лоренс (36) се појави на њујоршката премиера на филмот „The Hunger Games: Sunrise on the Reaping“ во...

Спорт29 минути

Алонсо повторно ќе вози на Дакар релито

Двократниот шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, се враќа на еден од најтешките автомобилски предизвици во светот. Искусниот Шпанец потврди...

Регион29 минути

Два брода потонаа за два дена во близина на Бугарија, се истражуваат причините

Танкер за превоз на гас, кој пловел под знамето на Либерија, потона денеска во Црното Море, во бугарската ексклузивна економска...

Македонија34 минути

Зајкова: Ќе објасни ли некој како во случајот со Сара од „тешка телесна повреда“ стигнавме до „телесна повреда“?!

Интегрален текст од објава на Моника Зајкова, претседателка на ЛДП и пратеничка во македонското Собрание „Нема да ви помине и...

Македонија37 минути

Позната динамиката за автопатот Прилеп-Битола – првите 12 километри во функција во 2027 година

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски со претседателот на Советот Бојан Бојкоски денеска имаа средба со надлежните лица од проектот за...

Спорт41 минута

(Видео) Хет-трик на Винисиус за 12 минути, Бразил победи со 7:0

Бразилската фудбалска репрезентација го победи Сингапур со 7:0 во вториот пријателски натпревар во оваа земја. Во првиот натпревар, со многу...

Регион51 минута

Хашим Тачи осуден на дополнителни 17 месеци затвор поради влијание врз сведоци

Поранешниот претседател на Косово и некогашен командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Хашим Тачи, денеска е неправосилно осуден на...

Црна хроника59 минути

Пијан охриѓанец излетал од коловоз со четирицикл, му биле измерени 2,22 промили алкохол

Полициски службеници синоќа привеле 41-годишен охриѓанец, кој управувајќи четирицикл под дејство на алкохол, изгубил контрола и излетал од коловозот. Како...

Црна хроника1 час

Приведен 56-годишник од Кичевско, со огнено оружје ѝ се заканувал на сопругата

Полицијата синоќа во 22:05 часот приведе 56-годишен маж од кичевско село, по пријава дека со огнено оружје ѝ се заканувал...