Контакт

Свет

Четворица мажи избодени во Лондон

Објавено пред

Четворица мажи се избодени попладнево во југоисточен Лондон, а полицијата уапсила седум лица. Еден од повредените е во критична состојба, пишува „Телеграф“.

Нападот се случил на улицата Бромли Хај Стрит. Според сведоци, инцидентот се случил во ресторан на КФЦ. Идентитетот на жртвите не е објавен.

На нападот му претходиле пријави за група луѓе со мачети на улицата. Сведоци тврдат дека било употребено оружје со големо сечило, а еден од нив навел дека станувало збор за таканаречен „зомби-нож“, со сечило долго и до 60 сантиметри.

Метрополитенската полиција соопшти дека околу 14:15 часот добила пријава за судир. На местото биле пронајдени четворица мажи со убодни рани. Тројца се пренесени во болница со повреди кои не се опасни по живот, додека четвртиот е во критична состојба.

Уапсени се седум мажи и сите се задржани во притвор. Полицијата го блокирала градскиот плоштад и трговскиот центар додека трае истрагата.

Најново

Спорт1 час

Кејн: Роналдо, јас, Златната топка… Сценарио од најлудите соништа

Капитенот на англиската репрезентација, Хари Кејн, подготвен е да стане рекордер по број на настапи за националниот тим, а пред...

Свет1 час

Маск вложува 60 милиони евра во германска технологија за центри за вештачка интелигенција во вселената

Компанијата „Спејс Икс“ на Илон Маск потпиша договор вреден 60 милиони евра со германската компанија „Сингулус технолоџис“ за набавка на...

Спорт1 час

„Инфантино треба да биде испратен во психијатриска установа“

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, го нападна својот наследник Џани Инфантино, нарекувајќи го диктатор, велејќи дека можеби ќе му...

Спорт2 часа

САД го сакаат Гвардиола за селектор

Фудбалската асоцијација на Соединетите Американски Држави го гледа Пеп Гвардиола како идеален наследник на Маурисио Покетино, ја пренесе „Атлетик“, обајавата...

Свет2 часа

Трамп: Го победивме Иран, но сакаме целосна победа

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска прогласи победа на Соединетите Американски Држави во војната против Иран, која трае повеќе од осум...

Забава2 часа

Не ги оставајте прозорците подотворени во зима: како правилно да го проветрувате домот

Оставањето на прозорецот подотворен на кип изгледа како практичен начин постојано да влегува свеж воздух во просторијата. Меѓутоа, во зима...

Свет3 часа

Осудена на 100 удари со камшик бидејќи родила дете надвор од брак: „Не го заслужувам ова“

Кениската државјанка Естер Ванџа Мутони, која работела како домашна помошничка во Саудиска Арабија, е осудена на 100 удари со камшик...

Забава3 часа

На четири хороскопски знаци им претстои подобар период – проблемите остануваат во минатото

Според астролошките прогнози, четири хороскопски знаци влегуваат во поповолен период во кој би можеле да ги надминат проблемите, да ја...

Регион3 часа

Пленковиќ ја предупреди Црна Гора: Нема затворање на преговорите со ЕУ без договор за границата

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ порача дека Црна Гора нема да може да ги затвори пристапните преговори со Европската Унија доколку...