Контакт

Свет

Црна Гора во пламен: Пожари беснеат во пет општини, најкритично во Херцег Нови и Улцињ

Објавено пред

Пожари се активни во пет општини во Црна Гора, а најкритична е состојбата во Херцег Нови и Улцињ, каде пожарникарите се обидуваат да ги заштитат објектите и инфраструктурата од огнената стихија.

Според црногорското Министерство за внатрешни работи, во Херцег Нови најкритично е над Ѓеновиќи, на потегот од Бијела до Зеленика, додека пожар повторно се активирал и над Драгаљ, во општина Котор.

Во Улцињ активни се пожарите во Владимир, Клезна, Гача, Зогање, Бриска Гора и Дарза. Пожарникарите таму се обидуваат да ја заштитат трафостаницата и црквата. Пожари има и во Бар, каде активни се огнените жаришта на Голото Брдо и Лисин, но според надлежните засега не претставуваат опасност.

Во Никшиќ активни се пожарите во Кусиди и Стрмина. Во гаснењето на пожарите ширум Црна Гора, на пожарникарите им помагаат авиони на Министерството за внатрешни работи и хеликоптер на Армијата на Црна Гора.

Во Херцег Нови моментално се ангажирани 73 пожарникари со 20 возила, додека во Никшиќ се ангажирани 50 пожарникари со 10 противпожарни возила. Во Улцињ, пак, се ангажирани 14 припадници на војската со две теренски возила и три противпожарни камиони.

Најново

Македонија4 минути

Влен: Шестмина полицајци се суспендирани, никој не може да избега од одговорност!

„Шестмина полицајци се суспендирани по бруталното насилство врз двајцата млади од Сарај. Институциите реагираа во рекордно време и против нив...

Забава15 минути

Брз рецепт за ролат со чоколадо и кокос без печење – готов за 20 минути

Чоколадната основа и кремастиот фил од кокос му даваат на овој ролат впечатлив изглед и вкус – целото семејство ќе...

Македонија25 минути

„МВР да го објави целосниот полициски извештај за случајот со претепаните двајца млади во Сарај“, бара ДУИ

„Демократската Унија за Интеграција бара од Министерството за внатрешни работи да го објави целосниот полициски извештај во врска со интервенцијата...

Забава31 минута

(Фото) Едно парче облека доживува голем камбек: овој шик тренд ќе ја освежи вашата есенска гардероба

По неколку сезони во кои доминираа широки кроеви, опуштен стил и чисти силуети, во есенските колекции се врати малку попрефинета...

Македонија32 минути

Ѓорѓиевски: Да оставиме пример, не ѓубре – Скопје повторно се обединува во најголемата еко-акција досега!

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека во среда, во 11:00 часот, продолжува најмасовната акција за чистење на Скопје....

Свет35 минути

Русија објави: Извозот на дизел започнува веднаш

Русија делумно ја укина забраната за извоз на дизел по договорот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд...

Свет38 минути

Полскиот премиер го повика „целиот Запад“ поодлучно да ѝ се спротивстави на Русија

Полскиот премиер Доналд Туск го повика „целиот Запад“ да заземе поодлучен став кон Русија на претседателот Владимир Путин, која, како...

Свет41 минута

(Видео) Ураган го погоди Мексико: „Очекуваме катастрофални последици“

Ураганот Сајмон го погоди мексиканскиот брег на Тихиот Океан како ураган од трета категорија, носејќи силни ветрови и обилни дождови....

Забава45 минути

Ставете го овој зачин на радијаторот кога ќе се вклучи греењето и целата куќа ќе мириса прекрасно со денови

Ако го ставите овој зачин на радијаторот, вашиот дом може да мириса пријатно со денови откако ќе се вклучи греењето....