Контакт

Европа

EK предлага ковид-сертификатите да не важат подолго од 9 месеци

Објавено пред

Европската комисија денеска предложи дигиталните ковид-сертификати да важат девет месеци по добивањето на препорачаните дози на вакцината против Ковид-19.

Комисијата го претстави предлогот за препораки за безбедно патување во рамките на ЕУ, кои треба да важат од 10 јануари следната година.

Комисијата ги повикува земјите членки веднаш да ги преземат неопходните чекори за да обезбедат пристап до вакцина за оние за кои наскоро ќе минат девет месеци од последната препорачана доза што ја примиле.

Во однос на дополнителните, бустер-дози, од Комисијата велат дека во моментот нема студии за ефективноста на бустер-дозите во поглед на преносот на вирусот и затоа не е можно да се утврди периодот на важност на сертификатите, по вакцинацијата.

„Сепак, имајќи ги предвид податоците што се појавуваат, може да се очекува заштитата од бустер-дозата да трае подолго од заштитата од првата серија вакцини“, наведува Комисијата, додавајќи дека внимателно ќе ги следи новите научни докази и, доколку е потребно, ќе предложи соодветен период во кој дигиталните сертификати би важеле по добивањето на бустер-доза.

„Лицата кои поседуваат валиден дигитален сертификат, во принцип не би требало да подлежат на дополнителни ограничувања и барања, како што се тестирање и карантин, без оглед каде од ЕУ патуваат во рамките на Унијата. Од лицата без такви сертификати може да се бара да бидат тестирани пред поаѓање и по враќање од патувањето“, велат од Комисијата.

Комисијата, исто така, предлага промени на боите на картата на Европа, што главно се користат за информативни цели, но може да се користат и за координирање на мерките. Комбинација од новите случаи на инфекција и стапката на вакцинација ќе се зема предвид при означување на поединечни области со бои.

За патувања од области означени со зелено не би требало да има никакви ограничувања, додека патувањата од темноцрвени зони би требало да се обесхрабруваат, а луѓето кои патуваат од овие области, а не биле вакцинирани, ниту, пак, прележале Ковид-19, мора да се тестираат пред да заминат на пат и да одат во карантин по пристигнувањето.

Исклучок од предложените мерки треба да важи за луѓето кои живеат по должина на граница што ја минуваат секојдневно, за децата под 12 години и за луѓето кои патуваат од важни причини.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Магдалена Андерсон реизбрана за шведски премиер

Објавено пред

Пратениците во шведскиот парламент по втор пат за помалку од седум дена ја реизбраа лидерката на Социјалдемократската партија Магдалена Андерсон за нов премиер.

Андерсон беше избрана на слично гласање минатата недела, но мораше да поднесе оставка само неколку часа подоцна откако коалицискиот партнер на Зелената партија се повлече од администрацијата поради неусвојување на буџетот.

Сега ќе формира малцинска администрација составена само од сопствена партија.

Социјалдемократите имаат 100 места во парламентот со 349 пратеници и ќе треба да се потпрат на неколку други партии за спроведување на програмата

Прикажи повеќе...

Европа

Принцот Чарлс отпатува во земјата што се откажа од кралицата – Бурни реакции и најавени протести

Објавено пред

Британскиот принц Чарлс и престолонаследникот на Обединетото Кралство решија да отпатуваат за Барбадос, каде што се одбележува годишнината од ослободувањето од колонијалното владеење, при што кралицата Елизабета Втора ќе престане да биде суверена во таа островска земја.

Поради најавата на принцот Чарлс дека ќе присуствува на свечениот настан, бурно реагираше британската јавност и граѓаните на Барбадос, кои најавија организирање на протест веднаш по неговото пристигнување.

Сепак, тој ги демантираше шпекулациите дека ќе оди таму со цел да провоцира, наведувајќи дека е клучно Кралството да одржува добри односи со Барбадос и дека е во интерес на Британија да продолжи да ги зајакнува врските меѓу двете нации.

– Бидејќи сега се менува вашиот уставен статус, важно е да ви кажам како нашите врски остануваат силни и како ништо нема да се промени – наводно стои во говорот што Чарлс ќе го прочита на церемонијата закажана за вечерва.

Се очекува принцот да им се обрати на жителите на Барбадос точно откако часовникот ќе ја отчука првата минута по полноќ и кога ќе почне 30 ноември, денот кога пред 55 години една мала островска држава на Карибите прогласи независност од британската колонијална власт и стана република.

Меѓутоа, во 1966 година Барбадос одлучи да ја задржи кралицата Елизабета Втора како своја суверена, што ќе се промени на денешната церемонија. На нејзино место ќе дојде претседателот на државата, чија инаугурација е најавена за утре.

Инаку, ова е првпат по три децении кралицата да биде сменета од функцијата шеф на државата, откако Маурициус, остров во Индискиот Океан, беше прогласен за република во 1992 година.

Прикажи повеќе...

Европа

Руската фрегата успешно ја лансираше хиперсоничната ракета Циркон

Објавено пред

Фрегатата „Адмирал Горшков“ успешно лансираше хиперсонична ракета „Циркон“ од Белото Море, која погоди морска цел оддалечена повеќе од 400 километри, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

„Пробното гаѓање беше извршено од Белото Море кон цел лоцирана на оддалеченост од над 400 километри. Снимачите на податоци покажуваат дека летот на хиперсоничната ракета бил во согласност со наведените параметри. Пробното лансирање од фрегатата ‘Адмирал Горшков’ било успешно и целта е уништена“, изјавуваат од Министерството.

Во соопштението се наведува дека фрегатата на Северната флота Адмирал Горшков извршила уште едно пробно лансирање во рамките на последната фаза од тестирањето на хиперсонични ракети, пренесе ТАСС.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија50 минути

22 починати и 118 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје,дека во последните 24 часа: Направени се 1.245 тестирања, а...

Македонија2 часа

Филипче: Нема потреба од рестрикции поради новиот сој

Минитестерот за здравство, Венко Филипче, смета дека нема потреба од рестрикции поради појавата на новиот сој омикрон. Вели дека епидемиолошката...

Македонија2 часа

Гаши: Не е одговорно да бараме од СДСМ кој ќе биде мандатар

За нас е битно да се договориме кој е концептот, а не да ги принудуваме политичките партии на решенија, вели...

Европа3 часа

Владимир Гушчин: Постојните вакцини штитат и од сојот омикрон

Постоечките вакцини против коронавирус ќе обезбедат заштита од потешки форми на Ковид-19, како што е и новиот вид омикрон, изјави...

Македонија4 часа

Бурим Сејдини реизбран за претседател на Управен суд

На денешната седница Судскиот совет го избра судијата Бурим Сејдини за претседател на Управен суд. Во соопштението за седницата се...

Европа5 часа

Германски имунолог: Омикрон варијантата можеби потекнува од пациенти со ХИВ

Изненадувачки големиот број на мутации откриени на шилестиот протеин кај новата варијанта на коронавирусот, наречена омикрон, може да укажува дека...

Свет6 часа

СЗО со конкретно соопштение: Mожни се сериозни последици од новооткриената варијанта омикрон

Ризикот од новооткриената варијанта на коронавирусот т.н. омикрон е висок, објави Светската здравствена организација (СЗО). Во своето утринско соопштение, СЗО...

Македонија1 ден

Имаме мнозинство и очекуваме дополнително да се зголеми, рече Османи

Има мнозинство во парламентот кое очекуваме дополнително да се зголеми, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи одговарајќи на новинарски...

Свет1 ден

Светската медицинска асоцијација: Можеби вакцината против Ковид ќе треба да се дава секоја година

Дополнителна доза од вакцината против коронавирусот веројатно ќе биде потребна секоја година, смета претседателот на Светската медицинска асоцијација, Франк Улрих...

Македонија1 ден

Кои се луѓето кои го следат секој мој потег, прашува Аријанит Хоџа по објавената фотографија од средбата со Муса Џафери

Министерот во оставка од Движењето Беса, Аријанит Хоџа ја искоментира фотографијата што се појави на социјалните мрежи, а на која...

Македонија1 ден

Сопственикот на „Беса Транс“: Овие тестови се од Алах

Сопственикот на автопревозникот „Беса Транс“, Беким Хаџиу, преку социјалната мрежа „Фејзбук“ се огласи во врска со автобуската несреќа во која...

Свет1 ден

ГАВИ: Омикрон видот се појави поради неправедната распределба на вакцините во светот

Меѓународната асоцијација за промоција на правична вакцинација во светот, ГАВИ, оцени дека појавата на новиот сој на коронавирусот-омикрон укажува на...

Македонија2 дена

Почна постапката за кандидирање за претседател на СДСМ, изборите на 12 декември

Централниот одбор на СДСМ на синоќешната седница донесе одлука за започнување на процесот за организирање внатрепартиски непосредни избори за претседател,...

Македонија2 дена

ДУИ смета дека оставката на Заев од премиерката позиција треба да почека

Првиот вицепремиер Артан Груби, денеска изјави дека ДУИ верува оти оставката на премиерот Зоран Заев од функцијата прв човек на...

Македонија2 дена

Двајцата пациенти од автобуската несреќа се хоспитализирани на Пластична хирургија во Скопје

Пациентка на 17 годишна возраст и пациент на 49 годишна возраст, повредени во сообраќајната несреќа што се случи на автопатот...

Македонија2 дена

Филипче предлага матичните лекари да бидат парично наградени ако 70 отсто од нивните пациенти се вакцинирани

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека во последниве неколку дена се разгледуваат мерки за невакцинираните лица кои нема да...

Македонија2 дена

Бугарското обвинителството ги презеде материјалите од Македонија за истрагата за автобуската несреќа

Македонското државното јавно обвинителство денеска ги предаде на бугарското обвинителство материјалите поврзани со истрагата и со идентификацијата на жртвите во...

Македонија2 дена

Османи: Со Бугарија сме најблиски соседи, блиски пријатели и можеме да си помагаме и во добро и во лошо

„Бугарските институции постапија професионално и им обезбедија мир на семејствата на жртвите, бидејќи имаше премногу шпекулации, што дополнително ги оптоваруваше...

Свет2 дена

Можеме да ги приспособиме вакцините кон новата варијанта за околу 100 дена, велат од „Фајзер“

Производителите на вакцини изразија уверување дека ќе можат брзо да ги приспособат своите вакцини доколку се прошири варијантата Омикрон. Новиот...

Свет2 дена

Автобус се заби во куќа во Мексико, најмалку 19 загинати

Најмалку 19 лица загинаа, а 32 се повредени во автобуска несреќа што вчера се случи во Мексико, кога автобус се...

Досие