Контакт

Свет

Ел Сиси: Египет ќе ја брани Саудиска Арабија ако Ријад побара помош

Објавено пред

Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси изјави дека Египет ќе ги преземе сите неопходни мерки за одбрана на Саудиска Арабија доколку официјален Ријад го побара тоа.

Во услови на ескалација на нападите на јеменските бунтовници Хути врз Саудиска Арабија, а во пресрет на утрешната вонредна седница на египетскиот парламент, Сиси порача дека Египет нема да дозволи да бидат загрозени безбедноста и стабилноста на саудиското кралство, пренесува Ројтерс.

Ел Сиси истакна дека Египет ќе постапува во согласност со насоките на саудискиот крал Салман и престолонаследникот Мохамед бин Салман, кои го посетија Египет на 15 септември, по обновувањето на борбите во Јемен. Тогаш разговарале за повеќе прашања, меѓу кои и безбедноста и пловидбата во Црвеното Море.

„Знам дека за ова е потребно одобрение од египетскиот парламент и затоа барам да се одржи вонредна седница. Незамисливо е да дозволиме Саудиска Арабија, нејзината безбедност или стабилност да бидат загрозени“, рече Сиси за време на церемонија на Египетската воена академија.

Тој нагласи дека Египет не сака да нападне никого, но е подготвен да дејствува во одбрана.

Набргу по неговото обраќање, парламентот соопшти дека во недела, во 13 часот по локално време, ќе одржи пленарна седница како одговор на барањето на претседателот.

По прекинот на примирјето и обновувањето на вооружените судири против силите на меѓународно признатата јеменска влада, која ја поддржува Саудиска Арабија, Хутите во последните денови извршиле напади врз меѓународниот аеродром во Ријад и врз постројки на државниот нафтен гигант „Сауди Арамко“.

Египет и Саудиска Арабија се блиски стратешки и економски партнери. Саудиска Арабија и други нафтено богати земји од Заливот му обезбедија милијарди долари помош на Египет откако војската во 2013 година го собори исламистичкиот претседател Мохамед Морси.

Египет се приклучи и на коалицијата предводена од Саудиска Арабија, која интервенираше во Јемен во 2015 година за да ја поддржи владата во борбата против проиранските бунтовници Хути, пренесува Танјуг.

Најново

Свет15 минути

Зеленски: Путин сака преку „хуманитарна мисија“ да ја преземе контролата врз Костјантинивка и да напредува кон Краматорск

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека предлогот за воспоставување привремена „хуманитарна мисија“ во Костјантинивка, на...

Црна хроника31 минута

Пронајдени пиштол и ловечка муниција при претрес во валандовско, уапсен 43-годишник

Пиштол и ловечка муниција биле пронајдени при претрес во дом во селото Казандол, валандовско, а 43-годишниот сопственик бил лишен од...

Свет47 минути

(Видео) Илјадници Португалци на протести во 32 града поради станбената криза, бараат контрола на кириите и заштита од иселување

Илјадници луѓе денеска излегоа на улиците во 32 града низ Португалија, барајќи од владата итни мерки за справување со сè...

Свет56 минути

Трамп, Путин и Си Џинпинг следната недела на историска трилатерална средба во Кина – ќе разговараат за нуклеарното оружје

Трамп, Путин и Си Џинпинг планираат историска трилатерална средба следната недела во Кина, на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска...

Македонија1 час

Меџити во Историската чаршија во Бурса: Размената на искуства со еснафите во функција на ревитализацијата на Старата скопска чаршија

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, во рамките на официјалната посета на Турција, ја посети Историската чаршија во Бурса, каде...

Македонија1 час

СДСМ: Уште неколку членови од ЗНАМ 2.0 официјално се приклучија на организираната криминална група

Партиските редови на СДСМ денес се почисти за неколку лица кои ровареле по партијата, велат од СДСМ. „Кога ги откривме...

Црна хроника2 часа

Уапсен 36-годишник од Гевгелија, ја следел и вознемирувал поранешната партнерка

Полицијата уапсила 36-годишен жител на Гевгелија по пријава дека агресивно се однесувал кон 43-годишна жена со која бил во врска,...

Спорт2 часа

(Видео) Евроголовите на Винисиус се мала утеха, Јапонија го шокираше Бразил

Јапонската фудбалска репрезентација го победи Бразил со 3:2 во уште еден пријателски натпревар меѓу двата тима. Ова е втора победа...

Спорт2 часа

Фенербахче подготвиле 10 милиони за Чалханоглу

По Ромелу Лукаку и Мејсон Гринвуд, Фенербахче ќе се обиде да го обезбеди потписот на Хакан Чалханолу, кој не сака...