Контакт

Европа

Австрискиот шеф на дипломатијата позитивен на коронавирус

Објавено пред

Австрискиот министер за надворешни работи, Александар Шаленберг е позитивен на коронавирус.

Се претпоставува дека тој се заразил за време на неговото учество на самитот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ минатиот понеделник во Луксембург.

„Како претпазливост, сите членови на владата ќе бидат тестирани денеска“, објави претставник на австриското Министерство за надворешни работи.

Европа

Германија ги забрани пластичните кеси

Објавено пред

Германскиот парламент, Бундестагот, изгласа закон за забрана на пластични кеси на мало од 2022 година, со тоа што тенки пластични кеси за пакување овошје и зеленчук сепак да бидат дозволени.

Забраната се однесува на пластични кеси со дебелина од 15 до 50 микрометри, кои се стандардни во малопродажбатата.

„Пластичната кеса е синоним за непотребно трошење на ресурси“, рече германската министерка за животна средина. Таа рече дека платнените вреќи, корпи и пластични кутии кои можат да се користат повеќепати се „добра алтернатива“ на пластичните кеси.

Еколошката организација WWF ја поздрави забраната за пластични кеси, но истовремено рече дека таа има „само симболична тежина“.

„Помалку од еден процент од потрошувачката на пластика во Германија отпаѓа на пластичните кеси“, се вели во соопштението на WWF.

Партијата на зелените исто така го поддржа законот во парламентот, но смета дека трендот на употреба на пакување за еднократна употреба не е запрен.

Опозициските партии Алтернатива за Германија и Либералдемократската партија гласаа против законот затоа што сметаат дека тоа е нефер мерка за германската малопродажба, без видлив ефект врз животната средина, образложувајќи дека тоа се однесува само на германската трговија, додека другите земји на ЕУ не се засегнати од тие законски мерки.

Пратеникот на АфД, Андреас Блек, посочи дека договорот меѓу малопродажбата и федералната влада за намалување на употребата на пластични кеси, постигнат пред две години, донел резултати и ја намалил употребата на кеси за две третини.

„Законот за забрана на пластични кеси е најбезсмислената еколошка забрана за овој изборен период“, рече Блек.

Во последните две години, огромното мнозинство од ланците на маркети целосно ги исфрлија од употреба пластичните кеси.

Прикажи повеќе...

Европа

Ердоган: Турција e заинтересирана за руската вакцина против Ковид-19

Објавено пред

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека телефонски разговарал со својот руски колега Владимир Путин за прашањето за увоз на руски вакцини против коронавирусот.

„Вакцините се развиваат во Русија, Кина, во нашата земја. Зборуваме за увоз на вакцини со странски колеги, а разговарав и со Путин. Внимателно ги следиме резултатите од употреба на вакцините и се надевам дека набргу ќе можеме да ги користиме во големи количини во нашата земја“, изјавил Ердоган, а пренесува „Спутник“.

Телефонскиот разговор меѓу лидерите на Турција и Русија се случил на 24 неомври, а како што претходно објавија од прес-службата на Кремљ, Путин и Ердоган се заложиле за понатамошна соработка во борбата против Ковид-19, со приоритет во координацијата за развојот и производството на вакцини.

Претходно, прес-службата на Министерството за здравство на Русија објави дека Турција е заинтересирана да го почне производство на вакцината против Ковид-19 – „спутник V“ – во турските фабрики за производство на лекови.

Прикажи повеќе...

Европа

Лукашенко: Заминувам по донесувањето на новиот устав

Објавено пред

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека, според новиот устав, тој повеќе нема да биде на таа функција, пренесе руската агенција РИА.

„Не донесувам никаков устав за себе. Нема да работам како претседател со новиот устав. Затоа, смирете се, мирно поднесете го тоа“, рече Лукашенко.

Тој исто така изјави дека никогаш нема да дозволи со усвојувањето на новиот устав некој да зборува за изборите дека се наместени.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ на протести во повеќе градови: „Време е Заев да поднесе оставка“

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва со автомобили одржа протести во неколку градови во државата поради ставовите на премиерот Зоран Заев, изнесени во...

Македонија2 часа

(Видео) Димитров: Не отстапуваме од македонскиот јазик и идентитет

Бугарија поради македонскиот јазик и македонската историја одлучи да ги блокира преговорите на Македонија со ЕУ. Во интервју за сараевската...

Македонија4 часа

ДСЗИ наложи итно санирање на руинираните простории во битолската болница

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и надложи на директорката на битолската болница итно да бидат санирани руинираните простории, како...

Македонија5 часа

Радев: Согласност за Македонија откако ќе се признаат историските факти и искорени омразата

Бугарија треба да даде согласност за почеток на преговорите за Северна Македонија, откако ќе се признаат објективните историски факти и...

Македонија5 часа

Ахмети: Верувам во европските вредности на Бугарија и се надевам дека ќе најдеме заедничко решение

Премиерот Зоран Заев ја ризикува својата политичка кариера, само за да го деблокира патот на земјата за интегрирање во Европската...

Македонија6 часа

Заев: Груевски беше организаторот на „27-ми април“, а не Јанакиески, Ристовски и Вељаноски

Никола Груевски е главен организатор на 27-ми април, а екс-функционерите Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески се изманипулирани од него,...

Економија9 часа

Поради стравот кај јавноста, АЕК распиша тендер за изработка на студија за влијанието на 4Г и 5Г-мрежите

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) распиша меѓународен тендер за изработка научна студија за влијанието на зрачењата од 4Г и 5Г-мрежите...

Македонија10 часа

Филипче: Охрабрува бројот на оздравени

„Епидемијата го достигна пикот минатата недела, сега бројките се стабилизираат, а Р-факторот на преносливост е 1“, вели министерот за здравство,...

Свет11 час

Трамп: Испораката на вакцина против коронавирусот почнува следната недела

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека испораката на вакцина против коронавирусот ќе почне следната недела, пренесува „Ројтерс“. Во разговор со...

Свет12 часа

Истражување: тестирањето на антитела покажува помал број лица заразени со коронавирус

Тестирањето на антитела во крвта за да се утврди инфекцијата со коронавирус дава помал број во споредба со реалната состојба...

Свет12 часа

СЗО: Вакцината ќе ни даде контрола над вирусот

Еден од главните експерти на Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан, рече дека почетокот на употребата на вакцината против коронавирусот...

Свет12 часа

Болсонаро: Не сакам да се вакцинирам

Бразилскиот претседател, Жаир Болсонаро, изјави дека нема да прими вакцина против коронавирусот. Тој во видеообјава преку социјалните мрежи вели дека...

Спорт12 часа

Погребан Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона, кој почина во средата е погребан во Буенос Аирес. Илјадници навивачи низ улиците на...

Свет12 часа

За еден ден потврдени повеќе од 577.000 нови случаи на Ковид- 19

Повеќе од 577.000 нови случаи на Ковид-19 се потврдени за еден ден во светот, објави Светската здравствена организација (СЗО), со...

Свет13 часа

(Видео) Трамп: Ќе ја напуштам Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја напушти Белата куќа доколку Изборниот колеџ ја потврди победата на демократскиот кандидат...

Свет13 часа

Милиони Американци отпатувале на семејни средби за Денот на благодарноста и покрај предупредувањето да не се групираат

Mилиони Американци отпатуваа на семејни средби на Денот на благодарноста и покрај предупредувањата на експертите да не го сторат тоа...

Македонија1 ден

Во Македонија 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Во последните 24 часа потврдени се 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа, а 1.094 оздравеа, соопшти Министерството за...

Македонија1 ден

Рот: Северна Македонија запиша историја со договорот со Бугарија, тоа сега треба и да се награди

Северна Македонија запиша историја со Договорот за пријателство со Бугарија, но и со решавањето на спорот за името со Грција,...

Македонија1 ден

Захариева: Бугарија ги блокира преговорите за Северна Македонија поради говорот на омраза

Бугарија ќе го блокира почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија  сè додека не го напушти говорот...

Европа1 ден

Италија го воведува првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД

Италија ќе го пушти првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД за патниците со негативен тест на коронавирус, со...

Досие