Европа
Австриски Тирол стана едно од најголемите жаришта на јужноафриканскиот сој во Европа

Австрија ќе добие дополнителни 100.000 дози од вакцината на „Фајзер“ против Ковид-19.
Овие дози ќе служат за да се вакцинираат возрасните во алпскиот регион Тирол, едно од најголемите жаришта на јужноафриканскиот сој на коронавирус во Европа, соопшти денеска владата.
Минатиот месец австриската влада воведе негативен тест на коронавирус како обврзувачки за напуштање на Тирол.
Студиите покажуваат дека постојните вакцини може да бидат помалку ефикасни против оваа варијанта.
„Нашата цел е да го потиснеме овој вид најдобро што можеме. Овој вид коронавирус претставува закана за сите нас, не само во Тирол туку и во цела Австрија“, рече канцеларот Себастијан Курц.
Курц додаде дека ќе бидат спроведени истражувања за да се утврди дали вакцината на „Фајзер“ е ефикасна против јужноафриканскиот сој до степен до кој владата очекува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
СЗО: Данска размислува да им ја дистрибуира вакцината на „Астра зенека“ на сиромашните земји

Данска размислува да им ја дистрибуира вакцината на „Астра зенека“ на посиромашните земји откако престана да ја користи во земјата поради загриженост за формирање ретки крвни згрутчувања, изјави директорот на СЗО за Европа.
Данска стана првата земја што го прекина користењето на вакцината на „Астра зенека“ оваа недела, а европските официјални лица продолжуваат да анализираат десетици извештаи за многу ретки згрутчување на крвта во комбинација со ниски тромбоцити што се појавија во земјите на Унијата, како и во Велика Британија.
Светската здравствена организација (СЗО), која заедно со британските и европските медицински агенции продолжува да ја препорачува употребата на вакцината, велејќи дека придобивките од вакцината ги надминуваат ризиците, исто така врши притисок врз земјите да не складираат вакцини доколку не ги користат.
„Вчера разговарав со Сорен Бростром, директор на данското здравствено тело и сфатив дека данското Министерство за надворешни работи е подготвено или веќе разгледува опции за споделување на вакцината на ‘Астра зенека’ на посиромашните земји“, изјави директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге, пред новинарите.
Европа
Освен ковид-пасоши, ЕУ разгледува и друга опција за патниците од Западен Балкан

Европската комисија соопшти дека работи на предлог што ќе ги промени сегашните препораки за забрана на несуштинско патување на граѓаните од Западен Балкан во ЕУ.
Брисел потсетува дека со цел да се потиснат пандемијата и ширењето на новите видови на вирусот, во моментот во сила се ограничувања што се однесуваат на неважни патувања во ЕУ и кои се однесуваат и на земјите од Западен Балкан.
„Работиме на промена на овие препораки. ЕК работи на нов предлог за промена на состојбата за патниците од Западен Балкан“, изјави портпаролот на ЕК, Адалбер Јанц.
Јанц нагласува дека на овој предлог се работи паралелно со веќе презентираниот предлог за издавање дигитални т.н. зелени сертификати, како за граѓаните на ЕУ така и за државјани на трети земји, кои легално престојуваат во ЕУ.
„Во моментот дигиталните сертификати (планирани за налето) не го менуваат фактот дека ограничувањата за неважни патувања се и натаму во сила во ЕУ“, нагласи Јанц.
Европа
„Велт“: Меркел утре ќе прими вакцина на „Астра зенека“

Според информациите на германскиот дневен весник „Велт“, политичарката на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) ќе биде имунизирана со вакцината на „Астра зенека“ со цел да се зголеми довербата во оксфордската вакцина во целата Европска Унија.
Канцеларката Меркел има повеќе од 60 години и со тоа спаѓа во групата на оние што ги исполнуваат условите за вакцинација со вакцината на „Астра зенека“ во Германија.
Претходно, Ангела Меркел, која има 66 години, изјави дека нема да се вакцинира со вакцината на „Астра зенека“ и „Оксфорд“ бидејќи таа не влегува во групата на луѓе за кои се препорачува таа вакцина.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш