Контакт

Европа

Австрија бара изземање од европскиот систем за релокација на мигрантите

Објавено пред

Австрија ќе бара да биде изземена од обврската да прими дополнителен број мигранти врз основа на системот за нивно префрлување на Европската унија и наведува дека веќе досега чесно го преземала својот удел во текот на европската мигрантска криза.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за најава за нов удар врз релокацискиот систем на ЕУ кој ќе распореди само дел од мигрантите пристигнати на територијата на Европската унија и кој одвај се имплементира, благодарејќи на отпорот, во прв ред, на источноевропските земји, како Унгарија, Полска, Чешка и Словачка.

Оваа најава од Австрија доаѓа истовремено со јакнењето на безбедност и построгите правила врзани со имигрантите кои ги започна владејачката коалиција на конзервативците и социјалдемократите во обидот да го спречат подемот на крајната десница којашто го истакнува прашањето на имиграцијата, откако бранот бегалци од 2015 година ги поттикна канењето на опозициската Слободарска партија, која во анкетите и натаму е во водство.

„Мислиме дека изземањето за Австрија е потребно бидејќи таа веќе ги исполни своите обврски. Ќе разговараме за тоа со Европската Комисија. Ќе испратиме писмо за тоа што е поскоро можно веднаш ќе започнеме со расправата“, изјави за новинарите австрискиот канцелар Кристијан Керн по редовната седмична седница на владата и додаде дека треба да се провери дали Австрија веќе ги исполнила своите обврски.

Околу 14.500 баратели на азил се преместени од Грција и Италија, првите земји од ЕУ во кои пристигнуваат бројните бегалци и имигранти од Блискиот исток и северна Африка, врз основа на двегодишниот план кој предвидуваше распоредување на 160.000 луѓе а кој истекува во јуни.

Австрија примила околу 90.000 баратели на азил во 2015 годна, што е повеќе од 1 отсто од нејзиното вкупно население. Во Германија истата година дошле повеќе од милион мигранти, од кои многумина пристигнаа преку балканската рута а потоа преку Австрија.

Многу брзо по најавата на австрискиот канцелар пристигна одговорот од Брисел. Австрија мора да го почитува договорот на Европската унија за разместување на бегалците и ќе се соочи со последици доколку се повлече од него, порача од Брисел, портпаролката на Европската комисија, Наташа Берто.

„Се очекува Австрија да ги исполни своите правни обврски на основа на одлуката на Советот да започне со релокацијата“, изјави на прес-конференција Берто коментирајќи ги најавите за преиспитување на австриското разместување на бегалците.

Таа истакна дека ниедна земја нема право еднострано да се повлече од договорот потпишан во 2015 година, за распоредување на 160.000 мигранти од Италија и Грција во другите земји членки на ЕУ.

„Тие единствено може да изберат да дејствуваат незаконски, што ќе го констатираме со големо жалење, но не и без последици“, порача портпаролката./крај/мф/сн

Европа

Украинските амбасади во неколку европски земји добија пакети со животински очи

Објавено пред

Неколку украински амбасади во неколку европски земји примиле пратки со животински очи, соопшти денеска украинското Министерство за надворешни работи.

dobivaj vesti na viber

Претходно, серија писма бомби беа испратени на неколку локации во Шпанија вклучувајќи ја и украинската амбасада, објави „Ројтерс“.

Овој пат пратките пристигнаа на адресите на украинските амбасади во Унгарија, Холандија, Полска, Хрватска и Италија, како и на генералните конзулати во Неапол, Краков и Брно.

Прикажи повеќе...

Европа

Се обидела да ја исклучи машината за кислород на „цимерот“ во болница, бучавата ја нервирала

Објавено пред

Во вторникот, лекари во германскиот град Мајнхајм мораа да оживеат седумдесет и девет годишен пациент на кого 72-годишна пациентка му го исклучила апаратот за терапија со високопроточен кислород.

dobivaj vesti na viber

Причината зошто го направила тоа е прилично бизарна. Очигледно, ѝ пречела бучавата што ја правел уредот за време на работата.

Според полицијата во Мајнхајм, пациентите биле во иста просторија. Со оглед на тоа што на 72-годишната жена и пречела бучавата што ја произведува кислородниот уред, таа одлучила да го исклучи, пишува списанието „Феникс“.

По првиот обид, болничкиот персонал го предупредил пациентот дека снабдувањето со кислород на 79-годишникот е многу важно, но жената сепак го исклучил апаратот набргу по предупредувањето.

Според полицијата и обвинителството, 72-годишната жена во моментов е во притвор и се товари за обид за убиство.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Божиќен камион „кока-кола“ се запали во Романија

Објавено пред

Камион „кока-кола“, украсен со божиќни украси, се запалил додека се возел по фреквентен пат во главниот град на Романија, Букурешт, пишува Би-би-си.

dobivaj vesti na viber

Засега не е познато зошто избувнал пожарот.

Возачот успеал да излезе од возилото пред да биде зафатено во пламен.

Пожарникарите бргу го изгаснале пожарот и нема информации за повредени.

Компанијата за безалкохолни пијалаци изјави за локалните медиуми дека презема мерки за да спречи понатамошни инциденти од слична природа, пренесе „Индекс.хр“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 минути

Османи одржа предавање на колеџ во Варшава: „Нема место за агресија во Европа во 21. век“

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи одржа предавање на Колеџот на Европа во кампусот Натолин во Варшава, следствено по учеството...

Свет48 минути

Белата куќа ја објасни изјавата на Бајден: Засега не планира да се среќава во Путин

Белата куќа ја појасни изјавата што американскиот претседател Џо Бајден ја даде претходно, истакнувајќи дека американскиот претседател во моментов не...

Свет50 минути

Британскиот министер: Путин би можел да ги искористи мировните преговори за обнова на армијата

Рускиот претседател, Владимир Путин, би можел да ги искористи мировните преговори за обнова на војската пред да почне со нова...

Свет54 минути

Зеленски тврди дека од руско заробеништво се ослободени повеќе од 1.000 украински војници

Повеќе од илјада Украинци беа ослободени од руско заробеништво за време на војната, рече Володимир Зеленски. Украинскиот претседател изјави дека...

Економија11 часа

ЕУ постигна договор за руската нафта

Членките на Европската унија се согласија да ја ограничат цената на руската нафта на 60 долари за барел, во согласност...

Свет12 часа

(Видео) Еруптираше најголемиот активен вулкан во светот, лавата се поблиску до градот

Лава тече од вулканот Мауна Лоа на Хаваите, кој е најголемиот активен вулкан во светот и чија ерупција започна на...

Свет14 часа

Сноуден се заколна на верност на Русија и доби руски пасош

Едвард Сноуден доби руски пасош откако се заколна на верност на земјата која го штити од американските власти од 2013...

Свет14 часа

Британија стравува од бактерија што се шири во училиштата, за помалку од месец починаа четири деца

Велика Британија стравува од епидемија на стрептокока А откако за помалку од еден месец од вообичаено безопасната бактериска инфекција починаа...

Македонија15 часа

Мицкоски: За само 3 дена од 5 до 7 декември ЕСМ ќе увезе струја за околу 4.200.000 евра

Продолжуваат во владата „хероите” со „херојските дела“ во енергетиката. Нов увоз на струја и ново авансно „херојско” плаќање. За само...

Македонија21 час

Триесет години „Макфакс“, десет години „А1он“ – медиумите на „Клип медија груп“ прославија јубилејни родендени

Првата независна новинска агенција „Макфакс“ прослави 30 години постоење, сега како дел од групацијата „Клип медија груп“, а јубилеи прославија...

Македонија22 часа

Лажни дојави за бомби во три основни училишта во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училиштата...

Свет22 часа

Орбан: Проширувањето на санкциите на ЕУ за рускиот гас би имало трагични последици

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека продолжувањето на санкциите на ЕУ за рускиот гас и енергија од нуклеарните централи...

Свет22 часа

Сана Марин: Војната во Украина покажа дека Европа не е доволно силна

Финската премиерка Сана Марин изјави во Сиднеј дека Европа „не е доволно силна“ сама да се спротивстави на Москва. Премиерката...

Регион23 часа

Ескобар: Србија мора да ја почитува границата со Република Српска

Заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, даде целосна поддршка на евро-атлантските интеграции на...

Економија1 ден

СДСМ: Даночна реформа, нема нови даноци и се укинува прогресивното даночење

Владата предводена од СДСМ од почетокот на наредната година почнува со етапно воведување нов даночен систем, чија главна карактеристика е...

Топ1 ден

Во Германија запленети 2.100 лажни часовници наменети за македонскиот пазар

Повеќе од 2.100 фалсификувани луксузни часовници се запленети во четвртокот на аеродромот во Франкфурт, соопшти полицијата. Во меѓувреме се појавија...

Македонија1 ден

Приватните превозници утрово на протест на „Илинденска“

Превозниците од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ утрово повторно го блокираа сообраќајот во Скопје на десната лента на булеварот Илинден. Директорот...

Свет1 ден

Бајден и Макрон: Русија е одговорна за воените злосторства во Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден и францускиот претседател Емануел Макрон ветија дека Русија ќе одговара за „широко документираните злосторства и воени...

Свет1 ден

Бајден: Не планирам да разговарам со Путин во брзо време

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека не планира набргу да разговара со рускиот колега Владимир Путин, но е подготвен да...

Свет1 ден

Столтенберг: НАТО нема да биде вовлечен во војната на Путин

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска изјави дека Северноатлантскиот сојуз нема да биде вовлечен во војната на Путин. „Руската...