Европа
Австрија и Германија повикаа да се збијат редовите на членките на ЕУ
Државните членки на Европска унија мора да ги збијат редовите за да се соочат со новите притисоци од администрацијата на САД и од Русија, изјавија во понеделникот во Виена австрискиот канцелар Кристиан Керн и неговиот гостин германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел.
„Сведоци сме на исцртувањето на новиот свет“, истакна портпаролот на Габриел, кој е исто така социјалдемократ како и неговиот домаќин Керн, пренесува агенцијата DPA.
Би претставувало грешка доколку државите од Европската унија барат поединечни одговори на моменталните предизвици наместо европски решенија, предупредил шефот на германската дипломатија.
Американскиот претседател Доналд Трамп отворено се обиде да ја ослаби Унијата, а според нив слични обиди „можат да се видат и во нашето источно соседство“, рекол австрискиот канцелар Керн, индиректно алудирајќи на Русија. Повикал на период на „збивање на редовите“ во рамките на европскиот сојуз.
Керн и Габриела истакнале и дека ЕУ треба повеќе да се концентрира на најранливите членови на заедниците, и на постигнување благосостојба за сите.
Тешката состојба на пониската и исчезнувањето на средната класа последните месеци се повторно во фокусот на политичарите во западните земји, откако националистите минатата година победија на референдумот во Велика Британија за напуштање на ЕУ, а во САД победи конзервативниот републикански кандидат.
Во Германија во септември годинава ќе се одржат парламентарните избори, додека во Австрија тие треба да се одржат една година подоцна./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
