Контакт

Европа

Автобус излета од патот: Најмалку 28 лица загинаа во Мадеира

Објавено пред

Најмалку 28 лица загинаа на португалскиот остров Мадеира кога преполн автобус излета од патот и заврши во ѕид на куќа. Медиумите ги пренесуваат изјавите на сведоците, според кои возачот ја загубил контролата над возилото во свиок.

Автобусот слетал од патот и застанал крај ѕидот на куќата. Локалните медиуми известуваат дека во автобусот имало 50 лица. На теренот биле испратени најмалку 14 возила за брза помош.

Локалните медиуми објавија дека загинале 17 мажи и 11 жени. Наводно меѓу загинатите има германски туристи. 22 лица се повредени, од кои тројца имаат сериозни повреди. Повредените биле однесени во болница во Фуншал.

Европа

Бројот на починати во Франција се зголемува три дена по ред

Објавено пред

Француските здравствени служби објавија нови 499 смртни случаи од коронавирус, со што бројот достигна 3.523.

Трет ден по ред бројот на починати се зголемува во Франција, која веќе трета недела е блокирана во обид да го забави ширењето на вирусот.

Официјалниот претставник Жером Соломон изјави дека бројот на заразени во Франција се зголемил на 52.128.

Според него, 5.565 лица се во сериозна состојба и им треба помош на машини за одржување во живот.

Во дневните бројки на француската администрација спаѓаат оние што починале во болниците, но властите велат дека наскоро ќе можат да соберат податоци за смртни случаи во старски домови.

Прикажи повеќе...

Европа

Властите во Москва преку апликација ќе го следат движењето на луѓето во изолација

Објавено пред

Московските власти претставија апликација за паметни телефони, која ги следи движењата на луѓето кои се во изолација поради коронавирусот.

Според официјалните податоци, 2.777 Руси се заразени со Ковид-19, а во последниве 24 часа потврдени се 440 нови случаи.

Досега починаа 24 лица.

Москва, епицентарот на епидемијата во Русија, во неделата најави делумен карантин, а на жителите им беше кажано да ги напуштаaт своите домови само за да купат основни продукти, да ги прошетаат милениците или доколку им треба лекарска помош.

Градски службеник изјави дека властите развиле апликација за паметни телефони за граѓаните на Москва кои имаат коронавирус.

Откако овие жители ќе ја преземат апликацијата, властите ќе можат да ги следат.

Апликацијата е сè уште во фаза на тестирање, изјави Едуард Лисенко, шеф на одделот за информатичка технологија.

Москва исто така се подготвува да воведе градски систем за QR-код, при што секој жител кој се регистрира преку интернет, ќе добие уникатен код со кој ќе им се претстави на полицајците доколку го легитимираат, рече Лисенко.

Прикажи повеќе...

Европа

Сиромашните најпогодени од коронавирусот во Шпанија

Објавено пред

Пандемијата на коронавирус во Шпанија ги погодува сиромашните, старите лица, маргинализираните и оние кои работат на ниско платени, но клучни работни места, предупредуваат експертите.

Лекарите на Каталонскиот форум за примарна грижа предупредуваат – ниските платени работници се многу изложени на вирус.

Луѓето кои работат во трговски центри, супермаркети и старски домови, но и чистачите, честопати се без маски. Така се заразуваат, а потоа одат дома и ги заразуваат луѓето околу нив, затоа што тие претежно живеат во помали станови и немаат можност да се изолираат.

Покрај тоа, сиромаштијата и лошата здравствена состојба исто така многу влијаат, велат – колку сте посиромашни, толку е полошо вашето здравје. Поради ова, шансите за зараза од „Ковид-19“ се концентрирани во сиромашните населби.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Нов смртен случај од коронавирус во земјава, на вирусот позитивна и починатата пациентка од Струга

Министерството за здравство информира дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести во Скопје починала една пациентка од Лабуништа на возраст...

Економија32 минути

Ангеловска: Каматите на кредитите не може да бидат укинати, банкарскиот сектор треба да биде стабилен

Банките ќе пресметуваат камати на одложените кредити за да се овозможи нормално функционирање на банкарскиот сектор. Министерката за финансии Нина...

Свет41 минута

Околу 2.500 туристи ќе тужат скијачки центар во Австрија поради коронавирусот

Околу 2.500 туристи спремаат тужба против ски-центарот Ишгл во Австрија поради лошо постапување за време на епидемија на коронавирус и...

Свет2 часа

(Видео) Во Лондон за пет дена направена болница за 4.000 пациенти

Британската агенција за јавно здравје со помош на војската за пет дена ја претвори конференциската сала „Ексел“ во Лондон во...

Македонија2 часа

Министерството за здравство со совети како да го заштитиме менталното здравје во време на коронавирус

Карантинот, изолацијата и социјалното дистанцирање се мерки што докажано го забавуваат ширењето на Ковид-19 и ни помагаат да го заштитиме...

Македонија2 часа

Починаа родилката од Охрид и нејзиното бебе

На Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје доцна синоќа почина пациентка на возраст од 37 години од Охрид, која...

Свет3 часа

За еден ден во Москва излекувани 45 луѓе од коронавирусот

Нови 45 луѓе, кои се излекувале од коронавирусот, се пуштени од болница во Москва изминатите 24 часа, соопштија градските власти....

Европа4 часа

Бројот на починати од Ковид-19 во Европа се искачи над 30.000

Европа изгуби над 30.000 животи во пандемијата на новиот коронавирус Ковид-19, од кои повеќе од една третина се во Италија,...

Европа4 часа

Уапсен терорист во Виена, се криел во старски дом

Во Виена е уапсен терористот што го барале руските власти, а кој се криел во старски дом. Руските власти издале...

Свет5 часа

Сто заразени на американски носач на авиони: „Не сме во војна, морнарите не мора да умрат“

Капетанот на американскиот наосач на авиони „Теодор Рузвелт“, на кој има повеќе од 4.000 членови на екипажот, побарал итна помош...

Свет5 часа

Русија испраќа медицинска помош во САД за борбата против коронавирусот

Русија ќе испрати во САД опрема за помош во борбата против коронавирусот, јавуваат руските агенции повикувајќи се на портпаролот на...

Регион5 часа

Бугарија, по еден ден, ја укина наредбата за носење маски

Бугарската влада, по само еден ден од носењето на одлуката, ја укина наредбата за носење заштитни маски на јавни места...

Свет5 часа

Во САД повеќе од 4.000 починати од коронавирус, Трамп најави две многу болни недели

Белата куќа објави нова процена дека во САД коронавирусот ќе одземе меѓу 100.000 и 240.000 животи доколку се почитуваат ограничувањата...

Македонија6 часа

Забрана за камиони на Стража, Плетвар и на патот Маврово – Дебар

Од изутринава има забрана за движење тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, на Плетвар и на...

Регион17 часа

Косово ги укина таксите за Србија и БиХ

Косовскиот премиер во оставка Албин Курти објави дека косовската влада донела одлука за укинување на таксите за производи од Србија...

Македонија20 часа

(Видео) Пендаровски: Ситуацијата со коронавирусот останува сложена

Претседателот Стево Пендаровски по седницата на Советот за безбедност посочи дека ситуацијата останува сложена бидејќи не се знае колку долго...

Македонија20 часа

Филипче: Зголемувањето на бројот на пациенти е очекувано, таквиот тренд ќе продолжи до крајот на април

Според министерот за здравство, Венко Филипче, зголемувањето на бројот на пациенти во овој период е очекувано од страна на епидемиолозите,...

Македонија21 час

Филипче: Инспекторатот утврди пропуст кај охридската болница

Министерот за здравство, Венко Филипче, посочи дека сè уште се чекаат резултатите на 16 пациeнти од Заводот за рехабилитација во...

Македонија21 час

Седум македонски граѓани од Перу преку Португалија ќе се вратат во државава

Министерството за надворешни работи информира дека уште седум македонски граѓани се вратени од Лима, Перу на европско тло. Утрово авионот...

Македонија22 часа

(Видео) Владата го донесе вториот пакет економски мерки – платите на функционерите скратени на 14.500 денари

Владата ја одржа 32. седница на која беше разгледан и усвоен вториот пакет економски мерки за справување кризата. Деталите за...

Досие