Контакт

Европа

Британски пратеници: Грешките и одложените мерки предизвикаа голем број жртви од Ковид-19

Објавено пред

Грешките и задоцнетите мерки на британската влада и на научните советници предизвикаа голем број жртви во пандемијата на Ковид-19, нагласуваат во извештај британските пратеници.

dobivaj vesti na viber

Студијата била спроведена од меѓупартискиот комитет за наука и технологија и Комитетот за здравје и социјална заштита, пренесуваат светските агенции.

Во него се вели дека подготовките на Велика Британија за пандемија биле премногу фокусирани на сличноста со грипот, а министрите чекале предолго со мерки за затворање на почетокот од 2020 година.

Во обемниот извештај пратениците предупредиле дека британското планирање било премногу тесно и нефлексибилно врз основа на моделот на грип и дека не ги научиле лекциите од САРС, МЕРС и ебола.

Националниот регистар на ризици во Обединетото Кралство, кој беше во сила на почетокот на пандемијата, наведе дека веројатноста за ширење заразна болест во Обединетото Кралство се проценува дека е помала од онаа за пандемиски грип.

Исто така, беше кажано дека максимум 100 луѓе може да умрат за време на појавата на која било нова заразна болест.

Откако Ковид-19 се појави во Кина, пратениците рекоа дека британската влада ќе преземе постепен пристап кон интервенции, како што се физичка растојание, изолација и затворање.

Во студијата се наведува дека ова се сметало за намерна политика предложена од научниците и прифатена од британските власти, што во меѓувреме се покажало како погрешно и довело до поголем број смртни случаи.

Европратениците велат дека одлуките за затворање и социјално дистанцирање во првите недели од пандемијата и препораките што доведоа до тоа се еден од најважните неуспеси во јавното здравство што ги има доживеано Велика Британија.

Експертите и министрите се обидоа само да ја ублажат стапката на инфекција кај населението измазнувајќи ја кривата наместо да се обидат целосно да го запрат ширењето, е наведено од страна на пратениците.

Тие додаваат дека одлуката да не се тестираат лица отпуштени од болница во домови за стари лица, која беше во сила на почетокот, беше погрешна и доведе до смрт на голем број лица.

Европа

Берлин планира да протера над 30 руски дипломати, Москва подготвува остар одговор

Објавено пред

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, планира да протера повеќе од 30 руски дипломати акредитирани во Берлин, додека од Москва велат дека веќе имаат подготвен одговор.

dobivaj vesti na viber

Според германските безбедносни власти, руските дипломати го користат својот имунитет за илегално да регрутираат германски доушници од светот на политиката, бизнисот, науката и војската.

Информаторите, меѓу другото, се користат и за диверзантски и дезинформациски операции.

Ако Германија протера руски дипломати, Москва ќе реагира жестоко, одговорот е веќе готов, изјави за Спутник извор од руското Министерство за надворешни работи.

Прикажи повеќе...

Европа

Напад со нож и рачна бомба во Берлин, има повредени

Објавено пред

Германската полиција објави дека 61-годишен осомничен напаѓач е уапсен по напад со нож и рачна бомба во Берлин, пришто се повредени три лица.

dobivaj vesti na viber

Напаѓачот во петокот вечерта активирал граната во влезот на станбена зграда во населбата Рајникендорф во главниот град на Германија и ранил две жени на возраст од 42 и 48 години, како и еден 61-годишен маж, пренесува АП.

Во полицискиот извештај се наведува дека по детонацијата, осомничениот притрчал кон жртвите и ги нападнал и ги ранил со нож.

Сите три жртви се пренесени во болница, но животот на повредениот е во опасност, се вели во полициското соопштение. Напаѓачот веднаш по нападот побегнал, но набрзо е приведен.

Прикажи повеќе...

Европа

Макрон: Го поздравувам Охридскиот договор, ќе продолжиме да учествуваме во процесот на дијалог

Објавено пред

Макрон најави дека Франција и Германија ќе продолжат активно да учествуваат во процесот на дијалог.

dobivaj vesti na viber

Емануел Макрон рече дека е клучно двете страни да покажат одговорност и да го спроведат договореното.

„Го поздравувам договорот постигнат на 18 март со посредство на високиот претставник Борел. Сега е клучно двете страни да покажат одговорност со тоа што веднаш ќе го спроведат договорот во целост и со добра волја“, рече Макрон на дневниот самит на лидерите на ЕУ во Брисел.

Францускиот претседател оцени дека Париз и Берлин многу тесно соработувале во врска со договорот и најави дека „ќе продолжат да бидат активни на овој план“.

На крајот од првиот ден од самитот во Брисел, лидерите на ЕУ усвоија заклучоци во кои го поздравуваат договорот меѓу Белград и Приштина за Анексот за спроведување на договорот за нормализација на односите „како составен дел од нивниот пат кон ЕУ“,пренесе б.92

Прикажи повеќе...

Најново

Свет16 минути

Нови гробови на историските гробишта во Украина: Победата е наша, но оваа е цената

Сместени во југоисточниот дел на Лавов, гробиштата Личакив се едни од најстарите во Европа и често се споредуваат со историскиот...

Македонија46 минути

Пратеник од ДУИ барал пари за да гласа уставни измени, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Ковачевски знае дека ниту неговите пратеници нема да поддржат уставни измени и затоа е нервозен. Иста е состојбата и во...

Регион1 час

Денес почнува примената на Шенгенските правила на хрватските аеродроми

Аеродромите во Хрватска се подготвени да ги применат шенгенските правила, кои започнаа на полноќ. Не очекуваат гужва или застој на...

Свет1 час

Трамп: Јас сум жртва на лов на вештерки

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера во Тексас им порача на илјадници приврзаници дека е подложен на една по друга лажни...

Македонија2 часа

Македонските патарини лани собрале над 53 милиони евра

На наплатните станици во државава лани е остварен промет во износ од 53.242.070 евра, соопшти Јавното претпријатие за државни патишта...

Македонија2 часа

Времето денес сончево и топло

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност, велат од УХМР. Ќе дува слаб до умерен ветер од...

Свет14 часа

Русија по грешка призна дека Украинците сепак ѝ потопиле воен брод

Украинските сили пред една година тврдеа дека рускиот воен брод Саратов е целосно уништен, што Русите постојано го негираа. На...

Свет16 часа

Каде ќе започне контраофанзивата?: Генерал изненади со најавата, Москва ја менува тактиката

Пролетта пристигна во Украина – при крајот на март температурите достигнаа највисоки 17 Целзиусови степени низ поголемиот дел од источниот...

Топ17 часа

Обвинителството со детали за девојчето во Струга: едниот силувач бил семеен пријател

Обвинителството бара притвор за тројцата кои силувале 14-годишно девојче во Струга. За случајот поведена е истрага против две лица, на...

Топ18 часа

Филмска потера на автопатот кај Тетово – полицијата пукала во тркалата на автомобил со кој бегале дилери на дрога

Полициска бркотница се одвивала синоќа на автопатот Гостивар-Тетово кога дилери на дрога ја забележале полицијата и одлучиле да се дадат во...

Македонија18 часа

Оштетувања на дигесивниот тракт има битолчанецот кој испил корозивно средство во кафуле, а нарачал кисела вода

Веќе петти ден на Клиниката за Токсикологија е хоспитализиран битолчанецот поради испиено корозивно средство во кафуле. Според информациите што вчера...

Македонија20 часа

Од што починала петгодишната Јана ќе покаже обдукцијата – се чека наодот додека се испитуваат лица

Обдукцијата на телото на петгодишната Јана Христовска, ќе треба да го дадат одговорот од што починало девојчето во битолската болница...

Македонија20 часа

СДСМ е уверен дека сите пратеници од мнозинството ќе ги поддржат уставните измени

Броењето пратеници на Христијан Мицкоски му е многу слаба страна. Тоа го покажал неколку пати досега, реагира СДСМ по обвинувањата...

Македонија21 час

Спасовски: Истражуваме како затвореници можеле да копаат тунел во Идризово и дали има учество од затворските служби

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека се преземаат опсежни истражни мерки за расветлување на случајот за обид...

Македонија21 час

Дали Ковачевски на состанок барал од пратениците потпис за уставните измени? – Митева тврди дека во партијата е тензично

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека премиерот, Димитар Ковачевски и генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ не можеле да ја контролираат пратеничката група...

Македонија22 часа

„Огнените“ објавија листа на разрешени функционери од ДУИ, тврдат дека ги разрешил Груби

Возот на Артан Груби и директната закана за политичка елиминација на сите што мислат поинаку во ДУИ, беше изведен на...

Македонија1 ден

Хајредини до Агелер: Прашајте во Њујорк кои политичари од Македонија примиле милиони евра мито од Дојче Телеком

Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини на „Фејсбук“ ја повика американската амбасадорка Анџела Агелер да обелодени информации во врска со...

Свет1 ден

(Видео) Макрон кришум си го извади скапиот часовник додека зборуваше за работничкиот минималец

Францускиот претседател Емануел Макрон, пред неколку дена ја бранеше својата пензиска реформа на францускиот ТВ канал ТФ1, каде се обиде...

Македонија1 ден

Часовникот се поместува вечерва, почнува летно сметање на времето

Со поместување еден час нанапред во недела рано наутро започнува летното сметање на времето кое ќе трае до 29 октомври....

Македонија2 дена

Затруениот битолчанец може да има последици, се проверува дали во кафулето испил детергент за садови наместо кисела вода

Во стабилна состојба е битолчанецот кој во кафуле побарал кисела вода, а се сомнева дека му донеле и испил детергент...