Европа
Ватикан: Пандемијата нуди драгоцена можност да се види дека оружјето не вреди

Ватикан верува дека пандемијата на коронавирус може да ги натера владите да сфатат дека трошоците за одбрана не можат да гарантираат безбедност за нивното население и да ги охрабрат да ги пренасочат средствата за подобрување на здравствената заштита и борба против сиромаштијата.
„Пандемијата ни ја нуди оваа драгоцена можност. Таа нè поттикнува да се прашаме колку огромни воени трошоци навистина можат да ја гарантираат безбедноста на индивидуалното население и колку овие ресурси можат да се користат за други цели”, рече државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, пренесува „Ројтерс“.
Агенцијата известува дека Паролин ги наведува здравството, социјалната еднаквост и искоренувањето на сиромаштијата како можни области во кои може да се пренасочат две милијарди долари годишно, колку што даночните обврзници ширум светот трошат на воени активности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Тринаесет членки на ЕУ ги договорија критериумите за ковид-пасоши

Хрватска и 12 членки на Европската Унија постигнаа договор за критериумите за издавање на т.н. ковид-пасоши, односно „зелени пасоши“ кои би го олесниле протокот на туристи за време на пандемијата, беше објавено денес во Виена.
„Нашата цел е да го примениме ‘зелениот пасош’ брзо и, доколку е можно, во единствена форма на ниво на ЕУ“, рече австриската министерка за туризам Елизабет Кестингер во изјава за австриската агенција АПА.
Таа рече дека тоа е прашање на опстанок за европскиот туризам.
Хрватска, Австрија, Кипар, Данска, Франција, Германија, Грција, Италија, Малта, Португалија, Словенија и Шпанија се договорија кон крајот на март за седум критериуми за издавање на „зелен пасош“, кој треба да почне да се применува најдоцна до почетокот на јуни.
„Зелениот пасош” веднаш обезбедува информации преку QR-кодот за тоа дали патникот е вакциниран, тестиран или прележал коронавирус. Ова овозможува лесна и практична примена во подрачјето на ЕУ “, рече австриската министерка.
Чувствителните здравствени податоци на сопствениците на ковид-пасош ќе останат во земјата на потекло и нема да се чуваат на ниво на ЕУ. Понатамошна цел е усогласување на примената на ковид-пасошите со трети земји.
Списокот со критериуми беше, како што беше речено, доставен на контрола до Европската комисија, која треба да донесе одлука за спроведувањето во наредните денови.
Европа
ИНСА: Баварскиот премиер Зедер попопуларен од Ангела Меркел и нејзиниот кандидат

Среде борбата за кандидат на ЦДУ/ЦСУ за иден канцелар на Германија, истражувањето на јавното мислење покажува дека во моментот најпопуларен политичар е шефот на ЦСУ и премиер на Баварија, Маркус Зедер.
Многу политичари во Европа ѝ се восхитуваат на популарноста на Ангела Меркел, но сега ја престигна Зедер, кој се бореше со шефот на ЦДУ, Армин Лашет, за местото кандидат за иден канцелар на унионистите.
ЦДУ го сака Лашет за кандидат на ЦДУ/ЦСУ, но Зедер не попушта и конечната одлука може да падне до крајот на неделата.
Истражувањата на институтот ИНСА покажуваат дека Зедер во моментот е најпопуларниот политичар. Тоа не е првпат Зедер да ја надмине Меркел по популарност. Тоа последен пат се случи минатото лето.
Лашет, пак, е само на 12. место според популарноста на водечките политичари во земјата. Од последното истражување тој падна дури девет места.
Пред него е дури и неговиот противник во трката за шеф на ЦДУ, Фридрих Мерц.
Европа
Италијанскиот регион Лацио ги суспендира кинеските респиратори

Респиратори за интензивна нега, кои италијанскиот регион Лацио ги купи од кинески производител среде пандемијата на Ковид-19 во март минатата година, ќе бидат суспендирани бидејќи не се во согласност со безбедносните стандарди утврдени со сегашното законодавство, пишува весникот „Ла Верита“.
Одлуката ја донела Дирекцијата за социјални и здравствени работи од регионот Лацио, каде што се наоѓа и главниот град Рим.
Станува збор за 140 респиратори „аеонмед ВГ70“, кои се увезени пред една година со одобрение на тогашниот шеф на цивилната заштита, Анхел Борели.
Весникот, кој дошол до преписката меѓу кинескиот производител и купувачот во Италија, тврди дека во преговорите за купување кинескиот производител се повикува на Масимо Далем како личност што ја потврдила подготвеноста на владата да одобри увоз на респиратори.
Весникот потсетува дека паралелно со истрагата за увоз на кинеските респиратори полицијата го истражува и случајот со увоз на 800 милиони заштитни маски, кои се платени со милијарда и 250 милиони евра.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш