Контакт

Европа

Велика Британија оди еден месец под клуч поради Ковид-19

Објавено пред

Британските пратеници одобрија едномесечно заклучување во Англија поради ширењето на коронавирусот. Со 513 гласа пратениците го поддржаа планот на британскиот премиер Борис Џонсон, кој треба да спречи ширење на коронавирусот, кој лесно може да излезе од контрола и да доведе до колапс на здравствениот систем, пренесува „Ројтерс“.

Против предлогот се изјаснија 38 пратеници. Исходот од гласањето не беше неизвесен штом опозициската Лабуристичка партија објави дека ќе го поддржи потегот иако го критикува Џонсон за неговата бавна реакција.

Премиерот на Велика Британија претходно го најави второто затворање на Англија, кое ќе трае од 5 ноември до 2 декември. Граѓаните ќе може да ги напуштат своите домови само ако одат на работа, училиште или колеџ, во продавница, на здравствен преглед или ако сакаат да вежбаат на отворено.

Европа

Вакцината на „Астразенека“ доведена во прашање поради грешка

Објавено пред

Компанијата „Астразенека“ и Универзитетот Оксфорд признаа дека настанала грешка при тестирањето на вакцината против коронавирус, што покренува многу прашања во врска со прелиминарните резултати што ги објавиле.

Соопштението беше објавено вчера, само неколку дена откако компанијата и универзитетот објавија дека нивната вакцина е многу ефикасна, не спомнувајќи зошто некои од учесниците во испитувањето не ја примиле целата доза за време на првата од двете вакцинации, пишува списанието „Тајм“.

Всушност, подоцна се покажало дека групата што примила помало количество вакцина е подобро заштитена од волонтерите кои примиле две цели дози.

Во групата со ниски дози, според „Астразенека“, вакцината се чини дека е ефикасна во 90 проценти од случаите, додека кај групата која примила две полни дози била забележана ефикасност од 62 проценти. Комбинирајќи ги двете групи, компанијата соопшти дека вакцината дејствувала во 70 проценти од случаите. Сепак, начинот на добивање на резултатите натерал многу експерти да ги преиспитаат нивните методи.

Во изјавата од Оксфорд вчера се вели дека некои шишиња користени во студијата немале соодветна концентрација на вакцината, па затоа некои волонтери добиле половина од дозата. Универзитетот рече дека разговарал за ова прашање со регулаторите и се согласил тестот во доцната фаза да заврши со две групи. Според нив, проблемот поврзан со производството е исправен.

Прикажи повеќе...

Европа

Фон дер Лаен: Унгарија и Полска прават штета на милиони Европејци

Објавено пред

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен им порача на Унгарија и на Полска да престанат да го блокираат усвојувањето на буџетот и фондот за закрепнување и им порача да одат на суд во врска со жалбите поради планот со кој исплатата на пари на ЕУ кон земјите членки се условува со почитување на демократските стандарди и владеењето на правото.

„На тоа место обично се решаваат разликите во мислењата за законодавните текстови, но тоа не се прави на штета на милиони и милиони европски граѓани кои итно чекаат на наша помош“, рече Фон дер Лаен во обраќањето пред членовите на Европскиот парламент, пренесува порталот „Политико“.

Таа исто така рече дека шемата што ќе ги поврзе исплатата на ЕУ и почитувањето на одредени критериуми на владеењето на правото е соодветна, пропорционална и неопходна.

„Тешко е да се замисли некој да се спротивстави на тоа“, рече Фон дер Лаен.

Лидерите на ЕУ во јули се договорија за историски буџет од 1,8 милијарди евра за да закрепнат од последиците на пандемијата на коронавирус, но Полска и Унгарија го блокираа усвојувањето на буџетот поради новиот механизам што предвидува скратување на средствата на ЕУ за земјите чии влади ги нарушуваат демократските стандарди и владеењето на правото.

Прикажи повеќе...

Европа

Меркел: Не ветуваме дека ќе ги олесниме мерките за Божик и за Нова година

Објавено пред

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека ограничувачките мерки за намалување на ширењето на коронавирусот во Германија ќе бидат во сила до крајот на декември, можеби и подолго.

„Со оглед на големиот број инфекции, претпоставуваме дека ограничувањата што се во сила пред Божик ќе продолжат да важат до почетокот на јануари, веројатно за поголемиот дел од Германија“, рече таа.

Меркел рече дека зголемувањето на бројот на нови случаи на коронавирус, како и смртни случаи, е причина за загриженост.

„Мораме да кажеме, за жал, дека не можеме да ветиме оти ќе ги олесниме мерките за Божик и за Нова година“, рече канцеларката.

Таа додаде дека експоненцијалниот раст на инфекцијата е запрен и дека тоа е делумен успех, но дека не може да биде задоволна со тоа, пренесува „Билд“.

Меркел рече дека вакцините може да пристигнат пред Божик.

Шефот на нејзиниот кабинет, Хелга Браун, исто така за телевизијата РТЛ денеси зјави дека правилата што ги ограничуваат социјалните контакти може да бидат во сила подолг временски период.

„Ни претстојат тешки зимски месеци. Ова ќе продолжи до март. По март, јас сум оптимист затоа што повеќе луѓе веројатно ќе може да се вакцинираат“, рече таа.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Заев: Да се соочиме со историските прашања и да развиеме капацитет да си простиме

Премиерот Зоран Заев изрази жалење што неговото интервју за БГНЕС предизвика толку негативни емоции, кои вели дека ги разбира. „Никој...

Македонија1 час

Ѓоргиев за ДВ: Историските прашања да не се користат како политичка алатка

Генерално, погрешен е пристапот историските прашања да се користат како политичка алатка, изјави македонскиот историчар Драги Ѓоргиев, претседател на македонскиот...

Топ3 часа

Запленета марихуана во Струшко, приведен дилер од Албанија

Полицијата вчера заплени марихуана во Струшко и приведе дилер од Албанија по претходно добиени оперативни сознанија. Од МВР информираат дека...

Македонија3 часа

Пендаровски: Постои дилема дали државниот врв настапува единствено во спорот со Бугарија

Спорот со Бугарија може да се реши само ако доследно се почитуваат и македонскиот и бугарскиот народ и со избегнување...

Македонија4 часа

Опозицијата бара оставка од Заев поради вчерашното интервју

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од премиерот Зоран Заев поради ставовите изнесени во интервјуто за бугарската новинска агенција „Бгнес“. Од ВМРО-ДПМНЕ...

Свет4 часа

Меркел: Задолжително маски и на отворено

Германската канцеларка, Ангела Меркел, објави дека ограничувачките мерки против коронавирусот ќе бидат продолжени најмалку до 20 декември, а можеби и...

Свет4 часа

Трамп одобри помилување на својот поранешен советник за национална безбедност

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобри помилувањето на својот поранешен советник за национална безбедност, генерал Мајкл Флин, што медиумите го...

Македонија15 часа

Мицкоски повика на предупредувачки протест за одбрана на македонските црвени линии

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи повика на натпартиски протест за одбрана на црвените линии во преговорите со...

Македонија16 часа

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.349 тестирања, а регистрирани се 1.288 нови случаи на...

Македонија17 часа

Кај Тумбе Кафе има околу 10.000 гранати од Првата светска војна, уништувањето ќе почне во декември

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека во декември ќе започне уништувањето на неексплодираните гранати од Првата светска војна...

Свет18 часа

Кинески експерти тврдат дека коронавирусот не потекнува од Кина

Кинескиот државен весник „Пиполс дејли“ тврди, повикувајќи се на изјави на кинески експерти, дека коронавирусот не потекнува од Вухан, град...

Меѓународен19 часа

Почина Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона (60) почина од срцев удар во родната земја, јавуваат тамошните медиуми. Легендарниот фудбалер починал...

Македонија22 часа

Заев: Бугарија не е фашистичка земја, туку наш пријател

Бугарија не е фашистичка земја, таа е наш пријател, вели претседателот на Владата, Зоран Заев, во интервју за бугарската новинска...

Македонија24 часа

Судот го опомена Бојан Јовановски, одбиено е барањето за изземање на судијката

Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, го одби барањето на обвинетиот Бојан Јовановски за изземање на судијката Софче Гаврилова-Ефремова од...

Македонија24 часа

Се очекува зелено светло од Пендаровски за војниците од утре да почнат да ги обезбедуваат болниците

Припадниците на Армијата ќе може уште утре да бидат распределени во здравствените институции, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. „Вчера,...

Култура1 ден

Eкипата на „Медена земја“ тврди: На Атиџе ѝ обезбедивме дом, храна и лекови – здружението „Бекирлија“ и донациите ќе бидат затворени

Екипата на „Медена земја“ реагира по тврдењата што се појавија во јавноста дека Атиџе Муратова е заборавена од сите, без...

Европа1 ден

(Видео) Автомобил удри во оградата на канцеларијата на Меркел

Автомобил управуван од непознато лице удрил во оградата на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Деталите за оваа...

Свет1 ден

Сингапур го искорени коронавирусот

Некогаш имаше најголема стапка на Ковид-19 во Југоисточна Азија, но кога во вторникот пријави 14 дена без нови локални случаи,...

Македонија1 ден

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 39 пациенти, слободни уште 20-ина места

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје хоспитализрани се 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 486 лица...

Македонија1 ден

(Видео) Пендаровски: Пандемијата покажа дека домот не е најбезбедно место за многу жени и деца

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, се вклучи во глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“ на Обединетите нации,...

Досие