Контакт

Европа

Веран: На Франција ѝ се заканува четврти бран на пандемијата на Ковид-19

Објавено пред

Францускиот министер за здравство, Оливие Веран, апелира до што поголем број Французи да примат вакцина против коронавирусот и предупреди дека земјата може да се соочи со нов, четврти бран на пандемијата до крајот на месецот, поради заразниот делта-сој.

Веран на „Твитер“ изјави дека стапката на инфекција не опаѓа веќе пет дена, напротив, повторно се зголемува поради делта-сојот на коронавирусот.

„Примерот на Велика Британија покажува дека четвртиот бран на пандемијата е можен од крајот на јули“, изјави Веран.

Тој додаде дека вакцинацијата во Франција мора да се спроведе побргу.

„Нашата земја е во трка со времето“, предупреди тој.

Реагирајќи на изјавите на британскиот министер за здравство, професорот Стивен Рајкер од Универзитетот „Сент Ендрус“ напиша на „Твитер“: „Застрашувачки е што имаме министер за здравство кој сè уште мисли дека Ковид-19 е грип. Кој не е загрижен за нивото на инфекција. Кој не разбира дека оние што прават најдобро за здравјето, прават најдобро за економијата. Кој сака да ги отфрли сите заштити додека само половина од нас се вакцинирани“, изјави тој.

Некои научници, сепак, веруваат дека олеснувањето на ограничувањата, иако не без ризик, има смисла.

Пол Хантер од Универзитетот во Источна Англија вели дека ревакцинираните луѓе имаат помала веројатност да се заразат, тогаш тие имаат и помала веројатност да заразуваат други луѓе.

Британскиот премиер Борис Џонсон денес ќе ги претстави плановите за последните чекори во процесот на олеснување на заклучувањето во Англија.

Сепак, официјалните податоци укажуваат на зголемување на бројот на новоинфицирани, но исто така и дека, благодарение на вакцинацијата, односот на хоспитализирани и смртни случаи е подобрен.

„Напредуваме внимателно, но морам да предупредувам дека пандемијата не е завршена и дека бројот на новозаболени продолжува да расте“, рече Џонсон.

Европа

Пукање во Шведска, ранетите се во тешка состојба

Објавено пред

Двајца мажи и една жена се ранети во пукање во шведскиот град Кристијанштад.

Тие биле итно префрлени во болница и се во сериозна состојба. Жената е на возраст од шеесет години, еден маж во дваесеттите години и еден во триесеттите.

Според „Експресен“, полицијата добила дојава за пукање во 15:44 часот.

Ранетите луѓе биле пронајдени на различни места во северниот дел на градот.

Полицијата ја блокирала таа област и се очекуваат повеќе информации околу овој инцидент.

Прикажи повеќе...

Европа

Унгарска министерка: ЕУ не напаѓа бидејќи заштитата на семејството ни е приоритет

Објавено пред

Невидените напади на Брисел врз Унгарија следуваа само затоа што заштитата на децата и семејствата останува наш приоритет.

Ова денеска го објави унгарската министерка за правда, Јудит Варга, на „Фејсбук“ и изјави дека нападот се случил затоа што не се подготвени да дозволат ЛГБТ-лобито да влезе во училиштата и градинките.

„Владата во Будимпешта исто така одговори на непристојните напади, како и на извештајот на Комисијата за владеење на правото“, додаде таа во објавата, а ја пренесуваат унгарските агенции.

„Имавме многу спорови со институциите во Брисел пред официјално да ги решиме со точно одговарање на сите прашања. Ги решивме сите сомнежи, згора на тоа секогаш се придржувавме до договорот“, напиша таа.

Варга посочува дека изворите во извештајот на ЕК се еднострани и политички пристрасни и дека извештајот одразува двојни стандарди кон Унгарија поради што, како што вели, наодите во него се неточни. Исто така, забележува дека извештајот на Европската комисија за владеење на правото за 2021 година е уште една алатка за политички притисоци.

Прикажи повеќе...

Европа

Белоруски активист пронајден мртов, отишол на трчање, па исчезнал

Објавено пред

Белорускиот активист Виталиј Шишов беше пронајден мртов рано утрово во парк во близина на својата куќа во Киев, ден по пријавувањето за неговото исчезнување.

„Белорускиот државјанин Виталиј Шишов, кој исчезна во понеделникот во Киев, денеска е пронајден обесен во еден од парковите во Киев, недалеку од местото на живеење“, се вели во полициското соопштение.

Полицијата соопшти дека повела кривична истрага поради сомнение за убиство, но дека ќе ги испита сите можности, вклучително и самоубиство.

Исчезнувањето на Виталиј Шишов, директор на непрофитната организација со седиште во Киев – „Белоруската куќа во Украина“ (БДУ), која им помага на Белорусите да избегаат од прогон, вчера го пријави неговиот партнер откако не се врати од утринското трчање.

Украина, Полска и Литванија станаа рај за Белорусите по спорните претседателски избори во таа земја минатата година, а БСУ им помага да најдат сместување, работа и правни совети, анализираат тамошните медиуми.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ11 час

Скопјанец ја тепал мајка си, но таа не сакала да го пријави – повредена излегла од болница и починала

Полицијата уапсила 36-годишен скопјанец откако започнала истрага по пријава дека во близина на градската општа болница „8 Септември“ почината била...

Македонија13 часа

(Видео) Спасовски: Четири српски хеликоптери им се приклучуваат на нашите два

Српските власти ни испратија четири хеликоптери за гаснење на пожарите, кои ќе се приклучат на нашите два и ќе сториме...

Македонија17 часа

Во Македонија нови 37 случаи на Ковид-19, нема починати

Во последните 24 часа се направени 3.658 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 15, Тетово...

Македонија18 часа

(Видео) Ангелов: Ако се утврди дека сум потфрлил, ќе си заминам од државата

Во моментот државата е во пламен и не можам да размислувам за споредни работи, но нека залади, нека се изгаснат...

Економија19 часа

Горивата поскапуваат

Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек 3,36 %, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Според одлуката на РКЕ,...

Македонија20 часа

Армијата е ангажирана во најкритичните точки во справување со пожарите

Припадниците на Армијата се активни во најкритичните точки во справувањето со пожарите. Хеликоптерите од воздухопловниот ВИНГ, кои во текот на...

Македонија22 часа

Жителите на Кочани што побараа лекарска помош се пуштени дома

Министерството за здравство информира дека деветтемина жители на Кочани, кои синоќа побарале лекарска помош поради вдишување чад како последица од...

Свет23 часа

Коронавирус регистриран во Вухан по една година, се тестира целото население

Властите во кинескиот град Вухан најавија дека ќе го тестираат целото население на коронавирус по појавувањето нови локални случаи на...

Европа23 часа

Речиси 30 проценти од Европејците не може да си дозволат одмор, сиромаштијата во пораст

Речиси 28 проценти од Европејците не може да си дозволат една седмица одмор надвор од своето место на живеење, а...

Македонија23 часа

Пожарите локализирани и ставени под контрола, противпожарните служби остануваат на терен

Пожарот кај Кочани во текот на ноќта е локализиран и ставен под контрола, соопштија надлежните. На одделни места во близина...

Македонија24 часа

Од денес стапува во сила целосната забрана за движење во шумите

Владата доцна синоќа излезе со соопштение во кое апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја. „Во текот...

Македонија1 ден

„Водовод“ и „Комунална хигиена“ испратија цистерни за гаснење на пожарот во Кочани

ЈП Водовод и канализација – Скопје и ЈП Комунална Хигиена – Скопје на барање и во координација со Град Скопје...

Македонија1 ден

Пендаровски: Хеликоптерите не можат да летаат ноќе

Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва на Фејсбук напиша дека хеликоптерите на армијата немаат технички можности за ноќно летање. „...

Македонија1 ден

Десетина луѓе во Кочани побарале лекарска помош

Кочанчани очајно се борат со огнената стихија, која проголта куќи и други објекти. Според информациите, десетина граѓани побарале помош, откако...

Македонија1 ден

15 пожарникари и 3 возила од Скопје ќе помагаат во гаснењето на пожарот во Кочани

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов вели дека во моментов 3 екипи од Противпожарната бригада на Град Скопје (15 пожарникари и...

Македонија1 ден

(Видео) Пожар се шири во Кочани, жителите во паника бараат помош

Огромен пожар се шири во кочанско Белско маало и местото викано Драчевник. Зафатени се шуми, но и бандери. Жителите бараат...

Спорт2 дена

Полска ѝ даде азил на белоруската атлетичарка

Драматичниот случај на белоруската атлетичарка Кристина Циманускаја најверојатно е пред решение откако Полска и понуди хуманитарна виза, односно и одобри...

Македонија2 дена

Во Македонија 54 нови случаи на коронавирус, почина едно лице

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 54 нови случаи на коронавирус, а едно лице почина, соопшти Министерството за...

Топ2 дена

Товарен воз удри во мигрант кај Неготино

Товарен воз удри во мигрант кај Неготино. Според информациите на полицијата, мигрантот со тешки повреди е пренесен во болница. Несреќата...

Македонија2 дена

(Видео) Заев: Да престанеме да се биеме в гради за тоа кој е поголем патриот

Да престанеме да се биеме в гради за тоа кој е поголем патриот заради партиските интереси и заради повеќе гласови...

Досие