Контакт

Европа

(Видео) Анегрет Крамп-Каренбауер избрана за наследничка на Ангела Меркел

Објавено пред

Христијанско-демократската унија (ЦДУ) ја избра Анегрет Крамп-Каренбауер за наследничка на Ангела Меркел на чело на најголемата германска партија. Локалните медиуми наведуваат дека умерената политичарка која е блиска до канцеларката има големи шанси да ја наследи Меркел и на чело на Владата.

За Крамп-Каренбауер гласаа 517 од 1001 делегат на ЦДУ. Таа е позната под акронимот АКК, а зад себе во вториот круг го остави фаворитот на конзервативното крило Фридрих Мерк, кој доби 482 гласа.

Меркел беше на чело на партијата 18 години.

„Анегрет Крамп-Каренбауер е континуитет. Таа наликува на Меркел по начинот на кој зборува, со концентрирање на суштината и секако со фактот дека е жена. Кој сака нов стил во ЦДУ, за него Крамп-Каренбауер не е вистинскиот избор“, објави неделникот „Шпигл“.

Фото: ЕПА

Претседателката на ЦДУ не е само лидер на најголемата партија – таа мора да стане и канцеларка. Изборите ќе се одржат во 2021 година. Меркел најави дека сака да остане канцеларка до крајот на мандатот, но не е исклучено да направи место за АКК и пред тоа.

Европа

Грчки нуркачки клуб спасува мигранти од брегот на Грција

Објавено пред

На грчкиот остров Самос, група локални нуркачи кои формираа аматерски клуб за да уживаат во истражување на водите на Егејот, сега спасуваат мигранти во опасност од давење, пренесува „Еуроњуз“.

Кога се приближува брод со имигранти, работените на пристаништето ги известуваат нуркачите, кои досега спровеле околу 180 операции за пребарување и спасување на мигранти – понекогаш и за време на невреме.

„Ние се наоѓаме на источната страна на островот … каде што обично пристигнуваат бегалците кои доаѓаат од турскиот брег“, објасни Никос Цумакис, член на нуркачкиот клуб „Самос“.

И покрај тоа што се неплатени доброволци, нуркачите стојат на располагање 24 часа на ден и веќе имаат спасено 1.800 луѓе и пронајдено 49 тела.

„Кога одиме да им помогнеме на бегалците и да ги пронајдеме мртвите деца, во нивните очи ги гледаме душите и очите на нашите деца“, рече нуркачот Стелиос Хациандреу, кој има три ќерки.

„Многу е тешко, но … ќе продолжиме“.

Прикажи повеќе...

Европа

Комеморација за жртвите во нападот во „Манчестер арената“

Објавено пред

Две години по нападот во Манчестер, поп-ѕвезди настапија во чест и сеќавање на жртвите што загинаа во арената.

Јужнокорејската поп-група „Блекпинк“ ја посвети својата песна Stay на жртвите и нивните семејства и изјави дека жалат за сите оние што загубиле некој сакан.

Во нападот во 2017 година загинаа 22 лица и стотици беа повредени, а на сцената беше Аријана Гранде, која штотуку го заврши својот настап.

Минатата година во катедралата во Манчестер се одржа миса на која присуствуваа принцот Вилијам и премиерката Тереза Меј, како и граѓани што ја следеа црковната служба надвор од катедралата преку видеобимови.

Советот на Град Манчестер соопшти дека овој пат годишнината ќе биде обележана со поинтимна комеморација.

Во текот на денот катедралата во Манчестер ќе биде отворена за оние што ќе сакаат да поминат мигови во тишина и молитва.

Бомбашот самоубиец Салман Абеди (22) ја детонира експлозивната направа во арената на крајот на концертот кога посетителите заминуваа од салата.

В среда, во истиот момент кога одекна експлозијата, 22:31 часот, во центарот на градот ќе ѕвонат ѕвона во сеќавање на немилиот настан.

Прикажи повеќе...

Европа

Наплив на алги направи помор на илјадници тони лосос во Норвешка

Објавено пред

Во текот на изминатата недела во норвешките рибни фарми дојде до помор на речиси 8 милиони лососи, што резултира со загуба на повеќе од половина од очекуваниот раст на продажбата оваа година, објави во средата норвешкиот Совет за морска храна.

Алгите, кои бргу се шират околу брегот на северна Норвешка, се лепат на жабрите на рибите и ги задушуваат. Рибите во морето може да испливаат подалеку од појасот на алги, но оние во фармите се заробени.

Штетните алги, меѓу другото, се шират и поради топлото време. Алгата продолжува да се шири, соопшти норвешката Управа за рибарство.

Управата за рибарство во вторникот соопшти дека имало помор на над 10.000 тони лосос, со продажна цена од речиси 620 милиони норвешки круни (околу 63 милиони евра), но Советот за морска храна посочува дека загубата ќе биде многу поголема.

„Прерано е да се каже колку големи ќе бидат загубите за производителите. Прелиминарните бројки укажуваат на 8 милиони риби, што одговара на 40.000 тони лосос што нема да стигнат до пазарите“, рече аналитичарот на Советот, Пол Аандал.

Според еден аналитичар, ова значи неостварување на половина од очекуваниот пораст и зголемување на цените на лососот.

Норвешка извезе 1,24 милион тони лосос во 2018 година, што е 2,5 проценти повеќе од 2017 година. Оваа година се очекуваше раст од речиси 4 проценти.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Тамара се искачи на седмото место на Евровизија, имало пропуст во гласањето

Македонската претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска, сепак, заврши на седмото место на фестивалот и прво според гласовите на жири-комисијата. На...

Македонија2 часа

(Видео) Заев за изјавата на Груби: Рашомонијадата од изјави на крајот ќе биде поткрепена, ќе видиме која е вистината

Премиерот Зоран Заев и натаму не открива колку лица ќе бидат сменети од функциите, ниту, пак, нивните имиња. Тој вели...

Македонија3 часа

Кривични за експретседателот на Регулаторна и тројца членови, со парното ги оштетиле скопјани за 6,6 милиони евра

Одделот за сузбивање  организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против лицата Д.П. (51), вработен како претседател и член на ...

Македонија5 часа

Анкета на „Макфакс“: Павле Богоевски треба да поднесе оставка

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“ на прашањето каков епилог треба да има аферата за пратеникот Павле...

Македонија6 часа

Антикорупциската бара кривично да се гони Владимир Панчевски

Антикорупциската комисија ќе поднесе иницијатива за кривично гонење одговорни и службени лица во Основниот суд Скопје 1, меѓу кои и...

Македонија7 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ повторно бара надзорна расправа за адвокатските услуги на власта

ВМРО-ДПМНЕ повторно побара надзорна расправа за да се расветли скандалот со милионските суми за адвокати ангажирани од јавните претпријатија и...

Македонија7 часа

Оливера Трајковска, Орце Камчев и Иво Котески ќе сведочат за апсењето на Бошкоски

Новинарката Оливера Трајковска, бизнисменот кој важеше близок до поранешната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Камчев, и поранешниот портпарол на МВР,...

Македонија8 часа

Вработени во МВР што работеле на случајот на Бошкоски не знаат кој ја дал наредбата за негово апсење

Судењето за случајот „Тортура“, кој се однесува на апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, продолжи со испрашување...

Македонија9 часа

Прекршочна пријава за директорката на Хематологија – не поднела анкетен лист за имотната состојба

Антикорупциската комисија поднесе прекршочна пријава против директорката на Клиниката за хематологија, Ирина Пановска-Ставридис, за неподнесување анкетен лист за имотната состојба....

Свет9 часа

(Видео) Торнадa беснеат во Америка, куќите останаа без покрив

Невреме и торнадо го погодија северниот дел на САД, а во близина на аеродромот во Тулса, Оклахома, најмалку едно лице...

Европа9 часа

Пресметка со шверцери на дрога во Европа, уапсени 22 лица

Во координирана операција против шверц со дрога во Европа, 22 лица беа уапсени, соопшти Европол. Осомничениот водач на синџирот шверцери,...

Свет10 часа

САД ѝ дадоа рок на Турција да се откаже од купувањето руски противракетен систем

САД ѝ дадоа рок на Турција од две недели да се откаже од купувањето руски противракетен систем „С-400“ во корист...

Европа11 час

Меј: Парламентот ќе одлучи за нов референдум за брегзит

Британската премиерка, Тереза Меј, синоќа изјави дека на Парламентот ќе му биде дадена можност да гласа за тоа дали ќе...

Македонија1 ден

Прво внатрешни консултации во СДСМ и ДУИ, па ќе продолжат разговорите за нови кадри во Владата

Премиерот Зоран Заев и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, остварија средба со која започнаа разговорите за детектирање одредени слабости кај...

Македонија1 ден

Влада: Препораката Охрид да стане загрозено светско наследство е стимул за зголемена работа и акција

Владата пристапува со внимание и сериозност кон комплексните состојби со кои се соочува светското природно и културно наследство во Охридскиот...

Забава1 ден

Копров ѝ се извини на Србија: Жирито беше составено од анонимуси, а не од еминентни автори

Композиторот Григор Копров преку социјалната мрежа „Фејсбук“ ѝ се извини на српската нација поради тоа што од нашето жири не...

Македонија1 ден

Претседателот ги потпиша указите за 21 закон

Претседателот Стево Пендаровски потпиша укази за прогласување 21 закон, кои не беа потпишани од поранешниот претседателел Ѓорге Иванов. Меѓу потпишаните...

Македонија1 ден

Владата бара од Судскиот совет да го прифати решението за надомест на штетата на судските службеници од 2016 година

Владата бара од Судскиот совет да го прифати решението за надомест на штетата на вработените во судската служба од 2016...

Свет1 ден

САД привремено ја укинаа забраната за „Хуавеј“ за 90 дена

По одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, да ја стави компанијата „Хуавеј“ на црната листа за тргување со американските компании,...

Македонија1 ден

(Видео) Независните од ВМРО-ДПМНЕ не кажуваат дали ќе гласаат за одземање на мандатот на Груевски

Независната група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ не кажува како ќе гласа на седницата за одземање на мандатот на експремиерот и пратеник,...

Досие