Контакт

Европа

(Видео) Во Чешка предупредуваат на закана од заразна болест

Објавено пред

Животите на жителите во подрачјата погодени од поплавите не се загрозени само од водата како таква, туку и од поврзаните проблеми.

Министерството за здравство на Чешка предупредува на појава на опасна болест. Во областите погодени од поплави, постои ризик од ширење на лептоспироза, која потенцијално води до откажување на црниот дроб и бубрезите и може да биде фатална.

Годишно во просек се евидентираат по неколку десетици случаи, годинава до крајот на август имало 15, покажуваат податоците на чешкиот државен институт за здравје.

Размножувањето на бактериите наречени лептоспири, кои се шират во урината на заразените животни, може да се очекува особено откако ќе се повлече водата. „Лептоспирите можат да навлезат во човечкото тело преку гребаници, вдишување или голтање на контаминирани аеросоли или вода, а ретко и преку каснување од животни“, се вели во извештајот.

Во вода и почва контаминирана со урина на заразени животни, бактериите можат да преживеат неколку недели или месеци.

Ситуацијата во Чешка само постепено се подобрува. 82.000 домаќинства попладне останаа без струја поради неповолните временски услови.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Започнаа големи руски нуклеарни вежби: Лансирани балистички и крстосувачки ракети

Објавено пред

Русија денеска започна тридневни нуклеарни вежби, вклучувајќи лансирање балистички и крстосувачки ракети, соопшти Министерството за одбрана. Белорусија, исто така, учествува во вежбите, што ги опфаќаат и подморниците, воздухопловните сили и копнените сили, објави Ројтерс.

Опсег и цел на вежбите
Во вежбите учествуваат 64.000 војници и 7.800 парчиња воена опрема, а целта е да се вежба „подготовка и употреба на нуклеарни сили во случај на агресија“, се вели во соопштението на министерството.

Вклучени воени сили
Министерството соопшти дека во вежбите учествуваат ракетните сили на Русија, Северната и Пацифичката флота, авијацијата со долг дострел и единици од Ленинградскиот и Централниот воен округ. Вклучени се повеќе од 200 ракетни лансери, 140 авиони, 73 воени бродови и 13 подморници, од кои осум се стратешки нуклеарни подморници.

Вклучена е и Белорусија
Вежбите ќе вклучуваат и обука за употреба на руско тактичко нуклеарно оружје распоредено во Белорусија, додаде министерството.

Прикажи повеќе...

Европа

Пукање во јужна Шпанија: Двајца мртви, четворица повредени

Објавено пред

Најмалку две лица се убиени, а четворица се повредени во пукање во јужниот шпански град Ел Ехидо во текот на ноќта, соопшти полицијата во вторник, додавајќи дека е уапсен еден осомничен.

Двете лица кои загинаа се роднини на осомничениот за пукањето, изјави портпарол на полицијата на Цивилната гарда, без да даде дополнителни детали.

Двајца од повредените се под 18 години, објави весникот „Ел Паис“.

Прикажи повеќе...

Европа

(Фото/Видео) Масовен руски напад врз Украина: Лансирани повеќе од 500 дронови и десетици ракети

Објавено пред

Русија ноќеска започна еден од најголемите напади во последните денови, насочен кон осум украински региони со десетици ракети и повеќе од 500 дронови. Според локалните власти, повеќе од дваесетина цивили, вклучувајќи три деца, биле ранети во нападите, објавува „Еуроњуз“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека властите регистрирале најмалку 524 дронови „Шахед“ од иранско производство и речиси дваесетина балистички и крстосувачки ракети истрелани од Русија преку ноќ од понеделник до вторник. Според официјални лица, градот Днепар и околниот централен регион на Украина биле најтешко погодени.

Ескалација по краткото примирје
Нападот следува по неодамнешната серија напади со долг дострел кои се интензивираа по примирјето од 9 до 11 мај. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во тоа време дека побарал од Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин да го почитуваат примирјето со надеж дека тоа може да доведе до долгорочен мир, но тоа имаше мал ефект.

И покрај американските дипломатски напори, нема индикации дека е на повидок мировен договор. Руските напади низ Украина во последните денови, главно насочени кон станбени области, убија десетици луѓе. Меѓу нив, според украинските власти, 24 лица загинале во станбена зграда во Киев.

Од друга страна, во еден од најголемите украински контранапади во последните денови, најмалку четири лица беа убиени во Русија, од кои три во близина на Москва, а десетина беа ранети, објавија руските власти во неделата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Комисијата за прашања на изборите и именувањата одржа јавна расправа за кандидатите за член на Судскиот совет

Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска одржа седница со единствена точка на дневниот ред – Јавна расправа за...

Македонија15 минути

Љутков: Со 25 милиони денари, целосно реконструиран Спомен-домот на Разловечкото востание и поставена нова музејска поставка

„Македонија предолго живееше со страв да не навреди некого ако се сака себеси“, рече министерот за култура и туризам Зоран...

Македонија25 минути

ДУИ: Изјавата на ВМРО- ДПМНЕ дека Владата бара „законско решение“ за полагањето на правосудниот испит е обид за саботирање на Законот за употреба на јазиците

Изјавата на ВМРО- ДПМНЕ дека Владата бара „законско решение“ за полагањето на правосудниот испит, кое наводно ќе било во согласност...

Македонија39 минути

(Видео) Филипче: Мицкоски да одговори зошто не ги става Бугарите и другите малцинства во Уставот и да ги почне преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање порача дека наместо креирање поделби и отворање вештачки теми, Мицкоски...

Црна хроника56 минути

Тешко повреден мотоциклист по судир со возило во Скопско

Вчера околу 15:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Јурумлери, скопско, на крстосница од регионален пат Скопје-Велес и...

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ: Каков блам, следно е Филипче да држи прес за колекционерство на салфетки и за нумизматика

Тешка срамота е во што се претвори некогаш важната СДС. Од партија што барем глумеше сериозност, денес остана политичка група...

Македонија1 час

Филков за протестите за полагање на правосуден испит: Македонскиот јазик не е пречка, тој е обврска

Најостро реагирам на обидот, полагањето на правосудниот испит да се претвори во поле за политички притисок и етничка конфронтација. Правосудниот...

Црна хроника1 час

17-годишнo девојче нападнато од нејзин соученик во Карпош: подолг период психички ја малтретирал

Синоќа во 19:15 часот во СВР Скопје, О.С.(45) од Скопје пријавил дека околу 14:30 часот во средно училиште на подрачјето...

Црна хроника1 час

Татко се обидел да ја спаси малолетната ќерка која ја држеле за врат: бил нападнат со кундак од пиштол

Утрово во 01:45 часот во СВР Скопје, Н.Ш.(41) од с.Кондово, скопско, пријавил дека на 18.05.2026 околу 21:30 часот пред неговиот...