Европа
(Видео) Герасимов го уверуваше Путин дека напредувањето на украинските војници е запрено, камерата го сними лицето на рускиот претседател
Валери Герасимов, началникот на Генералштабот на руската армија, се чини дека ги игнорирал предупредувањата на разузнавачките служби дека украинските трупи се собираат во близина на границата со Курската област, објави „Блумберг“ цитирајќи извор близок до Кремљ.
Герасимов наводно бил информиран за Украинците пред две недели. Извори од Кремљ тврдат дека Путин е бесен поради ова.
Watch Putin’s face while Gerasimov speaks
‘Ukrainian forces lost 54 armored vehicles and 7 tanks in the Kursk attack.’ pic.twitter.com/s5nvxjRgRo
— OSINTNic (@OSINTNic) August 7, 2024
По упадот, Герасимов преку видеоврска ги уверуваше членовите на рускиот Совет за безбедност дека напредувањето на украинските војници, кои навлегоа длабоко во регионот Курск, е запрено. Според Герасимов, непријателските загуби изнесуваат 315 лица, уништени 54 оклопни возила, вклучително и седум тенка.
Додека Герасимов зборуваше за украинските загуби, камерата го сними лицето на Путин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
„Политико“: Брисел ги доведува во прашање намерите на Стармер да ги ресетира односите со ЕУ
Европските претставници ги доведуваат во прашање тврдењата на британскиот премиер Кир Стармер дека новата влада има намера да ги ресетира односите со Брисел откога Британија одби да ги прифати клучните предлози на ЕУ, изјавија неименувани европски претставници за „Политико“.
Посебна загриженост во Брисел беше одбивањето на Стармер да ѝ дозволи на Британија повторно да ѝ се приклучи на програмата за размена на студенти „Еразмус“ и да воспостави шема за лесна мобилност на младите луѓе, рекоа официјалните лица.
„Конструктивната реторика е многу убава, но сѐ додека ништо суштински не се промени во позицијата на Обединетото Кралство, не гледам како ќе се промени ова статус кво“, изјави еден дипломат.
Брисел и претходно беше свесен дека целта на Стармер не е Британија да има блиски односи со ЕУ, како Норвешка или Исланд, и дека нема да има единствен пазар, царинска унија или слободно движење, пишува „Политико“.
Како што се наведува, идеите на Лондон и Брисел за блиски односи значително се разликуваат бидејќи Стармер еднаш ја спореди шемата за младинска мобилност со слободата на движење, на што тој силно се противи.
Од другата страна, пак, постои загриженост дека премиерот не забележал дека Европската Унија има свои приоритети.
Недамнешните патувања на Стармер во европските метрополи ја зголемија загриженоста во Брисел дека Лондон можеби се обидува да најде начини да ја заобиколи Европската комисија со директно одење во националните метрополи.
Европа
Мостот што го поврзува Покровск со Мирноград е уништен во руското гранатирање
Во денешното руско гранатирање на Покровск уништен е мостот „Дмитровски“, кој го поврзуваше тој град со Мирноград, објави украинскиот портал Strana.ua.
Видеа од уништувањето беа објавени од локалните канали на „Телеграм“.
Прекинато е и водоснабдувањето на Покровск, поради гранатирањето, прекина е работата на модуларната филтер-станица“, соопштија од регионалната воена управа на Донецк.
Според руските медиуми, руските сили претходно го користеле овој мост за да ги нарушат железничката логистика и комуникациите меѓу Покровск и Мирноград.
Европа
Страшно предупредување за Чешка: подготвени за евакуација, се повторува ли сценариото од 1997 и 2002 година?
Чешка се подготвува за екстремни врнежи и поплави за кои метеоролозите во средата издадоа највисоко ниво на предупредување за следните четири дена, особено на истокот на земјата.
Според министерот за животна средина, Петр Хладик, се заканува ситуација слична на онаа од 1997 и 2002 година кога Чешка беше погодена од големи поплави.
Министерот за внатрешни работи Вит Ракусан ги советуваше луѓето да подготват куфер за евакуација. Ова го соопштија во средата на заедничка прес-конференција, пренесува ТАСР во Прага.
„За жал, ситуацијата што нѐ очекува во следните четири до пет дена е многу слична на онаа за време на големите поплави во 1997 и 2002 година“, рече Хладик.
Тој додаде дека ситуацијата ќе биде отежната не само поради големите врнежи туку и поради силниот ветер. Според него, в петок може да достигне брзина и до 100 km/h.
Според Хладик, не се загрозени само областите што се поплавуваат, туку поради заситеноста на земјиштето и шумите со вода, поројни поплави може да има на места на кои не се очекуваат.
„Доколку не се манифестира со полн интензитет, ние само ќе бидеме среќни, но сакаме да бидеме подготвени и сакаме да дадеме навремени информации за тоа што може да ја очекува територијата на Чешка“, објасни Хладик.