Контакт

Европа

(Видео) Напад во Холандија – маж со самострел пукаше во минувачите, има починати

Објавено пред

Холандските медиуми јавуваат дека маж од балкон во градот Алмело пукал во случајни минувачи со самострел, а две тела подоцна биле откриени во куќата.

Сопред извешатите на некои од холандските портали, полицијата наводно пукала кон човекот откога почнал да стрела со самострел кон минувачите во Холандија, при што загинале две лица. Ранетиот напаѓач бил уапсен.

Полицијата првин твитна дека ситуацијата е под контрола, но таа подоцна беше оценета како опасна за безбедноста на населението, пренесуваат медиумите.

На социјалните мрежи кружи видео од напаѓач што пука од самострел од балконот, а неколку моменти подоцна тој влегува внатре.

Според „Холандија тајмс“, најмалку шест амбулантни и исто толку полициски возила биле распоредени на местото на настанот.

Според локалните медиуми, полицијата засега не го смета инцидентот за терористички напад.

Европа

Фон дер Лаен: ЕУ нема да финансира жици и огради против мигрантите на граница

Објавено пред

Европската Унија нема да финансира боцкави жици и огради на границата за да го спречи доаѓањето на мигрантите, како што бараат дванаесет земји, вклучувајќи ги Литванија и Австрија, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен.

„Бев многу јасна дека Комисијата и Парламентот веќе подолго време се согласуваат дека нема да финансираат боцкави жици и огради, рече таа по самитот на 27 земји во Брисел, на кој се дискутира за ова прашање.

Литванија гради ограда од боцкава жица по должината на границата со Белорусија за да го запре бранот мигранти за чие оркестрирано доаѓање го обвинува белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Литванскиот претседател, Гитанас Наузеда, во Брисел рече дека таквите мерки се неопходни на краток рок за управување со кризата.

Ако Литванија изгради ограда, може да смета на нашата солидарност. Не е на Литванците сами да ја финансираат, оцени новиот австриски канцелар Александар Шаленберг, пренесоа агенциите.

Министрите за внатрешни работи на 12 земји (Австрија, Бугарија, Кипар, Данска, Естонија, Грција, Унгарија, Литванија, Латвија, Полска, Чешка и Словачка) напишаа писмо до Комисијата на 7 октомври барајќи од ЕУ да ја финансира изградбата на такви бариери.

„Физичката бариера е еден вид ефективна мерка за заштита на границите, која им служи на интересите на целата Унија, а не само на земјите членки на првата линија“, велат тие.

Комесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон, рече дека земјите имаат можност и право да градат огради, но кога станува збор за европското финансирање, „тоа е друга работа“.

Полска, Латвија и Литванија почнаа да градат ограда од боцкава жица на дел од границата со Белорусија.

Унгарија подигна ограда на границата со Србија и Хрватска за време на мигрантската криза во 2015 година, а Словенија го направи истото тоа со Хрватска.

Прикажи повеќе...

Европа

Четворица загинати во невремето што ја зафати Полска

Објавено пред

Четири лица ги загубија животите, а 18 се повредени во невремето што ја зафати Полска во четвртокот вечерта, проследено со силен урагански ветер, оставајќи зад себе материјална штета и уништени дрвја на западот и центарот на земјата, соопштија властите.

Пожарникарите пријавиле повеќе од 10.000 интервенции и 930 оштетени згради, јавија медиумите додавајќи дека најлоши биле провинцијата Лубуш на запад и Лоѓ во центарот.

„Невремето беше страшно, го скрши лимот од покривот и го фрли од едната страна на куќата на другата“, изјави жител, чија куќа во Машковице во центарот на земјата беше оштетена.

Во Вроцлав, на југозападот на земјата, полицијата извести дека две лица загинале кога дрво удрило во нивниот автомобил.

„Полицијата во Вроцлав доби информација дека дрво паднало врз автомобил во движење“, рече полицаецот Павел Нога.

„За жал, од местото на настанот е потврдено дека две лица во автомобилот загинале“, додаде тој.

Полската метеоролошка служба издаде предупредување поради невреме, а најсилен ветер се очекува во северна Полска.

Прикажи повеќе...

Европа

Москва воведува неработни денови поради ситуацијата со Ковид-19

Објавено пред

Московскиот градоначалник, Сергеј Собјанин, денеска соопшти дека Москва ќе ги прогласи за неработни деновите од 28 октомври до 7 ноември со цел да се запре ширењето на инфекцијата со коронавирус.

„Ситуацијата во Москва продолжува да се развива според најлошото сценарио. Во наредните денови ќе достигнеме историски рекорд во инциденцата на коронавирус“, напиша Собијанин во својата објава.

Московските власти ќе забранат одржување на културни настани, манифестации и спортски натпревари во градот од 28 октомври до 7 ноември, објави градоначалникот Собјанин на својата веб-страница, а пренесе агенцијата ТАСС.

Аптеките и продавниците за храна ќе продолжат да работат, а во овој контекст властите нема да ја ограничат продажбата на стоки и услуги преку испорака.

„Рестораните и кафулињата исто така ќе можат да вршат испораки“, најави градоначалникот, а пренесе „Спутник“.

Собјанин наложи во текот на неработните денови да се прекине работата на сите компании, освен оние кои обезбедуваат функционирање на инфраструктурата.

Во истиот период, како што се наведува, распуст ќе биде воведен во московските училишта и градинки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Ангел Димитров: Сè потешко ми е да информирам за работата на заедничката комисија за историски прашања

Сè потешко ми е да ве информирам за работата на нашата комисија. Не сме во позиција бидејќи не се постигнати...

Македонија11 час

Регистрирани 411 нови случаи на Ковид-19, пријавени се 4 починати лица

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа биле направени...

Свет11 час

Вакцината на „Фајзер“ со ефикасност од 90,7 отсто кај децата на возраст меѓу 5 и 11 години

Неодамнешните истражувања покажаа дека вакцината на „Фајзер“ против коронавирусот е 90,7 проценти ефикасна во спречувањето симптоматски инфекции кај деца на...

Свет14 часа

(Видео) Емотивно во Брисел на последниот самит на Меркел – канцеларката испратена со овации

Лидерите на ЕУ собрани на самитот во Брисел со внатрешна церемонија се простија од Ангела Меркел, за која ова беше...

Економија15 часа

Лидерите на ЕУ бараат итни мерки против поскапувањето на горивата и струјата

Денеска, на самит во Брисел, лидерите на Европската Унија се согласија за серија мерки што на краток рок треба да...

Македонија17 часа

260 луѓе целосно вакцинирани починале од Ковид-19 од август до сега

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид-19, во период од 6 август заклучно со...

Топ18 часа

Скопјанец фатен со 45 килограми марихуана во Прилеп

Основното јавно обвинителство Прилеп отвори истрага против едно лице од Скопје, на возраст од 31 година, за неовластено производство и...

Свет20 часа

Алек Болдвин усмрти камерманка на снимање на филм со куршум од реквизит

Актерот Алек Болдвин (68) со куршум од реквизит ја застрела камерманката Халина Хачинс (42) и го повреди режисерот Џоел Соуз...

Регион1 ден

Во Србија над 7.000 новозаболени и рекордни 59 починати

Во последните 24 часа во Србија починаа 59 лица, а потврдени се 7.327 нови случаи на коронавирус. Според локалните медиуми,...

Македонија1 ден

Во Македонија потврдени 490 нови случаи на коронавирус, починаа 11 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 490 нови случаи на коронавирус, а 11 лица починаа, информира Министерството за...

Топ2 дена

Жена загина во сообраќајна несреќа на патот Скопје – Тетово

Четириесет и петгодишна жена загина во сообраќајна несреќа што се случила утринава на патот Скопје – Тетово. Според информациите на...

Македонија2 дена

35 Авганистанци ја напуштија земјава и заминаа за Грција каде што ќе добијат траен престој

35-мина граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во Северна Македонија денеска заминаа за Грција, која им обезбеди трајно прибежиште, информираа...

Македонија2 дена

Единствениот лек против Ковид-19 ќе биде достапен и во Македонија

Министерството за здравство ја информира јавноста дека ќе го набави лекот „молнупиравир“, единствен лек против Ковид-19. Министерството стапило во контакт...

Европа2 дена

(Видео) Силно невреме ја парализира Западна Европа – 250.000 луѓе во Франција останаа без струја

Околу 250.000 француски домови останаа без струја, а поради силните ветрови сообраќајот е во прекин во делови од северна Франција,...

Македонија2 дена

Во текот на вчерашниот ден се вакцинирале над 2.000 граѓани

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 2.919 дози вакцини, од кои 565 се аплицирани како прва доза, 1.286...

Топ2 дена

Пресечен меѓународен транспорт на дрога од Албанија за Грција, вреден 200.000 евра

Во заедничка полициска акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје...

Свет2 дена

(Видео) Експлозија на гас уништи цел ресторан во Кина, има загинати и повредени

Најмалку тројца луѓе загинаа, а повеќе од 30 се повредени во експлозија на гас во ресторан во градот Шенџијанг во...

Свет2 дена

Трамп го возвраќа ударот – најави отворање на нова социјална мрежа

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп објави дека ќе отвори своја социјална мрежа наречена Truth Social, откако во јануари беше...

Свет2 дена

Мелбурн се подготвува да излезе од најдолгиот „локдаун“ во светот

Милиони луѓе во Мелбурн се подготвуваат да излезат од најдолгото затворање поради Ковид-19 во светот, иако бројот на случаи сè...

Економија2 дена

Биткоинот достигна досега највисока цена

Биткоинот денеска достигна рекордна цена, во моментот е над 66.000 долари. Криптовалутата се зголеми над претходниот максимум од 64.889 долари...

Досие