Европа
(Видео) Полугол и бос, со нож во рацете напаѓал луѓе во Осло, полицијата го убила непознатиот маж

Непознат маж што нападна луѓе на улиците на Осло е убиен од полицијата, се вели во соопштението на властите.
Норвешките медиуми објавија видео од наводниот напаѓач, гол од половината нагоре и бос, со нож во рацете.
Полицијата соопшти дека има повеќе од една жртва и не даде дополнителни информациии за нивната состојба.
Man with knife tries to stab people on the streets of Oslo, Norway as he’s screaming «allahu akbar». Stabs police officer and gets shot dead. pic.twitter.com/ifgpE961vH
— WickedViral (@WickedViralTV) November 9, 2021
Тие додадоа дека патролното возило добило пријава во областа Бислет во северно Осло и дека полицајци влегле во зградата за да го спречат напаѓачот во неговите намери.
Напаѓачот потоа нападнал полициско возило и успеал да ја отвори и вратата, изјави полицискиот портпарол Торгеир Бренден.
Тој рече дека кон мажот биле испукани неколку истрели, но не прецизира дали полицијата отворила оган од автомобилот.
Полициско возило првин удрило во напаѓачот, а потоа бил застрелан.
Тој итно бил пренесен во блиската болница, каде што починал.
Медиумите потсетуваат дека ова е втор напад во последно време во Норвешка. Пред еден месец маж вооружен со лак и стрела и со нож уби пет лица во мал град југозападно од Осло.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Голем шумски пожар во Шпанија, евакуирани над 1.500 лица

Голем шумски пожар избувна во четвртокот на истокот на Шпанија во Вилануева де Вивер, во провинцијата Кастелон, недалеку од Валенсија.
Опустоши околу 4.000 хектари шума, а од загрозената област беа евакуирани околу 1.500 луѓе.
Повеќе од 500 пожарникари, поддржани од 20 авиони и хеликоптери, се распоредени за да го стават огнот под контрола во близина на селото Вилануева де Вивер, соопшти денеска шпанската служба за итни случаи, пренесува Ројтерс.
Во соопштението се наведува дека пожарникарите успеале да спречат пожарот да се прошири и на други подрачја. Властите објавија дека се истражуваат причините за пожарот, објави шпанскиот весник „Ел Паис“.
Европа
Берлин планира да протера над 30 руски дипломати, Москва подготвува остар одговор

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, планира да протера повеќе од 30 руски дипломати акредитирани во Берлин, додека од Москва велат дека веќе имаат подготвен одговор.
Според германските безбедносни власти, руските дипломати го користат својот имунитет за илегално да регрутираат германски доушници од светот на политиката, бизнисот, науката и војската.
Информаторите, меѓу другото, се користат и за диверзантски и дезинформациски операции.
Ако Германија протера руски дипломати, Москва ќе реагира жестоко, одговорот е веќе готов, изјави за Спутник извор од руското Министерство за надворешни работи.
Европа
Напад со нож и рачна бомба во Берлин, има повредени

Германската полиција објави дека 61-годишен осомничен напаѓач е уапсен по напад со нож и рачна бомба во Берлин, пришто се повредени три лица.
Напаѓачот во петокот вечерта активирал граната во влезот на станбена зграда во населбата Рајникендорф во главниот град на Германија и ранил две жени на возраст од 42 и 48 години, како и еден 61-годишен маж, пренесува АП.
Во полицискиот извештај се наведува дека по детонацијата, осомничениот притрчал кон жртвите и ги нападнал и ги ранил со нож.
Сите три жртви се пренесени во болница, но животот на повредениот е во опасност, се вели во полициското соопштение. Напаѓачот веднаш по нападот побегнал, но набрзо е приведен.