Европа
(Видео) Припадник на кралската морнарица загина во воена вежба над Ла Манш
Припадник на британската кралска морнарица загина ноќта кон четвртокот за време на воена вежба над Ла Манш, соопшти морнарицата.
„Со голема тага известуваме дека припадник на кралската морнарица загина во инцидент за време на синоќешниот тренинг“, се вели во објавата на Кралската морнарица на социјалната мрежа „Икс“.
„Во инцидентот, кој се случи во водите на британскиот канал во близина на Дорсет, учествуваше и хеликоптер Мерлин Мк4, кој се урна во морето додека вршеше ноќни вежби за летање покрај носачот на авиони HMS Queen Elizabeth“, се вели во соопштението на морнарицата.
— Royal Navy (@RoyalNavy) September 5, 2024
„Нема други жртви или тешко повредени“, се додава во соопштението.
Британскиот премиер Кир Стармер во порака на X напиша дека е „многу тажен“ поради инцидентот и изрази сочувство до членовите на семејството и пријателите на загинатиот маринец.
Deeply saddened to hear of the tragic death of a member of the Royal Navy.
My thoughts are with the family and loved ones during this painful time.
I pay tribute to @HMSQNLZ ship’s company, particularly those involved in the search and rescue operation.
— Keir Starmer (@Keir_Starmer) September 5, 2024
Министерот за одбрана Џон Хили ја нарече несреќата „страшна“.
Главниот британски носач на авиони HMS Queen Elizabeth ја изврши својата прва мисија во 2021 година. Може да носи 1.000 членови на екипажот и до 40 авиони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Новиот шеф на НАТО ненадејно дојде во Киев, разговараше со Зеленски за планот за победа
Новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте, беше во ненајавена посета на главниот град на Украина, Киев.
Информациите за пристигнувањето на Руте во Киев ја објави портпаролката на НАТО, Фара Дахлалах, на социјалната мрежа „Икс“, каде што сподели линк од неговата прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Mark Rutte’s first visit as NATO Secretary General @SecGenNATO is to Ukraine, and this is truly significant. It immediately and clearly outlines the priorities, highlighting where the shared values of the entire Euro-Atlantic region are being defended right now. It also… pic.twitter.com/cknjtn7SsY
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) October 3, 2024
Дополнителни детали за посетата на Руте не беа веднаш објавени. Зеленски на „Икс“ напиша дека разговарале за неговиот план за победа.
Руте, поранешен холандски премиер, во вторникот ја презеде функцијата нов генерален секретар на НАТО на местото на Норвежанецот Јенс Столтенберг, кој ја предводеше алијансата во изминатата деценија.
Европа
(Видео) Се запали моторот на авионот на „Рајанер“ во Италија, патниците евакуирани
Патници се евакуирани од авионот на „Рајанер“, чиј мотор се запалил на летот Бриндизи – Торино во Италија.
Локалните медиуми јавија дека избувнал пожар на моторот на летот на „Рајанер“ со број 8826, кој требало да полета од градот Бриндизи на југот на Италија кон Торино на север. Од авионот се евакуирани 184 лица.
Ryanair Boeing 737-8AS aircraft (9H-QCB) engine caught fire at Brindisi Airport, Italy, nearly 200 passengers evacuated through emergency evacuation slides .
Flight FR8826 was preparing for take-off at Brindisi Airport in Italy when flames appeared from the Right engine.
The… pic.twitter.com/UBziP9pKf0
— FL360aero (@fl360aero) October 3, 2024
Италијанската противпожарна служба соопшти дека нема повредени. Исто така, беше наведено дека сите летови на аеродромот во Бриндизи се суспендирани.
Европа
Закани за бомби во Австрија, затворени железнички станици
Неколку железнички станици во Австрија се затворени поради повеќе закани за бомби во изминатите неколку дена, изјави денеска портпаролот на полицијата за германската новинска агенција ДПА.
„Ние го сфаќаме ова многу сериозно“, додаде портпаролот.
Синоќа, биле упатени закани до станици во Св. Поелтен, Салцбург и Клагенфурт, во вторникот до главната станица во Линц, а во понеделникот до главната станица во Грац. Сите станици беа затворени, а железничкиот сообраќај беше во прекин неколку часа.
Полицијата добивала закани преку електронска пошта, во кои се тврди дека на станиците има експлозив што може да се активира. Засега не се пронајдени опасни предмети.
Австриските разузнавачки служби истражуваат голем број закани. Австриската државна железничка компанија одби да ги коментира извештаите.