Европа
(Видео) Протести во Париз и Лион поради победата на Макрон

Интервентната полиција мораше да употреби солзавец против демонстрантите во центарот на Париз кои протестираа откако во неделата беше реизбран претседателот Емануел Макрон, пренесува Ројтерс.
Meanwhile, in different cities of #France there are marches dissatisfied with the results of the elections.
Many oppose both Macron and Le Pen. Note that after counting 80% of the ballots, Macron has 54.81% of the vote. pic.twitter.com/Y1cqmr4C0o
— OsintTv📺 (@OsintTv) April 24, 2022
Полицијата се обиде да ја скрши толпата претежно млади луѓе кои се собраа во централната населба Шателе да протестираат.
Макрон ја победи лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен во вториот круг гласање претходно во неделата, освојувајќи втор петгодишен мандат и спречувајќи го она што инаку би било голем политички пресврт.
🇫🇷 A demonstration breaks out in the streets of Lyon tonight following the announcement of the results of the election.#Protest✊#France #Macron #Elections2022 pic.twitter.com/dhRlvq2VgT
— ❌Doxograf🗽☮️🛡️ (@doxograf) April 24, 2022
Според другите фотографии кои кружат на Твитер, се гледа дека протест се одржал и во Лион.
Bricks and bottles going one way, teargas and officers the other as clashes continue in central Paris following Macron being elected. pic.twitter.com/KtvDjXFJ0D
— The “TRUTH” Channel (@PaulTay21694369) April 24, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кличко: Главна цел на Русија останува освојувањето на Киев

Виталиј Кличко, градоначалникот на Киев и поранешен светски шампион во бокс, им се обрати на собраните на Светскиот економски форум (СЕФ), кој се одржува во Давос, Швајцарија.
Тој рече дека Русија сè уште се надева оти ќе го преземе главниот град на Украина.
„Јасно е дека не станува збор за специјална воена операција, како што тврди Русија, туку за војна, една од најголемите по Втората светска војна. Илјадници луѓе загинаа, меѓу кои и многу деца, а на истокот на земјата се води голема битка“, рече Кличко.
Тој рече дека не е тајна оти окупацијата на цела Украина и понатаму е приоритет на Русија, „а нејзината главна цел е главниот град, срцето на земјата“, додавајќи дека „целиот свет виде докази за воени злосторства преку сателитските снимки на Буча“.
„Сите разбираат дека ова не е специјална операција, туку геноцид врз украинскиот народ“, рече Кличко мислејќи на човечкото страдање во Украина, пренесуваат медиумите.
Европа
Украина: Двајца руски војници се изјаснија за виновни за воени злосторства

Двајца руски војници, кои беа заробени од украинските сили, денеска, за време на второто судење за воени злосторства во војната во Украина, ја признаа вината за гранатирањето на град во источниот дел на таа земја.
За време на судењето во Окружниот суд во Котелевск во централна Украина, државните обвинители побараа казна од 12 години затвор за Александар Бобикин и Александар Иванов за, како што наведоа, кршење на законот за војна, пренесува „Ројтерс“.
Бобикин и Иванов признаа дека биле дел од артилериска единица, која од областа Белгород во Русија гаѓала цели во областа Харков.
Европа
Шолц: Русија нема да победи во војната во Украина, ниту ќе ги диктира условите за мир

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека Русија нема да победи во војната во Украина и посочи дека Москва не смее да ги диктира условите за каков било мир.
„Путин сериозно ќе преговара за мир само ако сфати дека не може да ја пробие одбраната на Украина“, рече Шолц во говорот на Светскиот економски форум во Давос, пренесува „Ројтерс“.