Контакт

Европа

(Видео) Романците на протест против антиковид-мерките, фрлаа камења на полицијата

Објавено пред

Романските граѓани излегоа на улиците синоќа во знак на протест против антиепидемиските мерки.

Протестни митинзи беа одржани во Букурешт и во најмалку уште 17 други места, а илјадници луѓе одговорија на повикот на новата ултранационалистичка партија наречена Алијанса за единство на Романците. Оваа партија има свои претставници и во парламентот, пишуваат тамошните медиуми.

Со транспаренти и слогани „медицински диктатори“ во Букурешт демонстрантите се собраа пред зградата на владата и користеа пиротехника за да го изразат своето незадоволство. На истокот од земјата камења и пиротехника биле фрлани кон полицајците.

По релативно тивок период во февруари, во Романија капацитетите на единиците за интензивна нега повторно се речиси целосно исполнети. На многу места е во сила забраната за напуштање на куќите и становите поради Ковид-19.

Во зависност од нивото на инциденцата, можно е да се применат локално поблаги, но и построги мерки од оние утврдени на национално ниво.

Европа

Четири лица починаа по примањето на вакцината на „Астразенека“ во Италија

Објавено пред

Четири лица во Италија починаа од ретки тромби, откако беа вакцинирани со вакцината на „Астразенека“, се вели во извештајот на националната фармацевтска агенција АИФА објавен денес.

Според извештајот на АИФА, различни несакани ефекти биле потврдени кај 0,5 проценти од 9 милиони дози инјектирани помеѓу 24 декември и 26 март со употреба на вакцини од три производители – „Фајзер“, „Астразенека“ и „Модерна“.

Тешки несакани ефекти биле потврдени во 0,04 проценти од случаите. Лесните несакани ефекти најчесто биле симптоми на грип, болка на местото на убодот и замор.

Како и многу европски земји и Италија накратко ја прекина вакцинацијата со вакцината на „Астразенека“ во март кога се појави загриженост за појава на тромби. Оттогаш, со оваа вакцина во Италија се вакцинираат само луѓето постари од 60 години, бидејќи европските регулатори заклучија дека придобивките од вакцинацијата се многу поголеми од ризиците.

Во Италија 11 лица развија тромби, откако примија вакцина на „Асразенека“, а четири починаа.

Прикажи повеќе...

Европа

СЗО: Данска размислува да им ја дистрибуира вакцината на „Астра зенека“ на сиромашните земји

Објавено пред

Данска размислува да им ја дистрибуира вакцината на „Астра зенека“ на посиромашните земји откако престана да ја користи во земјата поради загриженост за формирање ретки крвни згрутчувања, изјави директорот на СЗО за Европа.

Данска стана првата земја што го прекина користењето на вакцината на „Астра зенека“ оваа недела, а европските официјални лица продолжуваат да анализираат десетици извештаи за многу ретки згрутчување на крвта во комбинација со ниски тромбоцити што се појавија во земјите на Унијата, како и во Велика Британија.

Светската здравствена организација (СЗО), која заедно со британските и европските медицински агенции продолжува да ја препорачува употребата на вакцината, велејќи дека придобивките од вакцината ги надминуваат ризиците, исто така врши притисок врз земјите да не складираат вакцини доколку не ги користат.

„Вчера разговарав со Сорен Бростром, директор на данското здравствено тело и сфатив дека данското Министерство за надворешни работи е подготвено или веќе разгледува опции за споделување на вакцината на ‘Астра зенека’ на посиромашните земји“, изјави директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге, пред новинарите.

Прикажи повеќе...

Европа

Освен ковид-пасоши, ЕУ разгледува и друга опција за патниците од Западен Балкан

Објавено пред

Европската комисија соопшти дека работи на предлог што ќе ги промени сегашните препораки за забрана на несуштинско патување на граѓаните од Западен Балкан во ЕУ.

Брисел потсетува дека со цел да се потиснат пандемијата и ширењето на новите видови на вирусот, во моментот во сила се ограничувања што се однесуваат на неважни патувања во ЕУ и кои се однесуваат и на земјите од Западен Балкан.

„Работиме на промена на овие препораки. ЕК работи на нов предлог за промена на состојбата за патниците од Западен Балкан“, изјави портпаролот на ЕК, Адалбер Јанц.

Јанц нагласува дека на овој предлог се работи паралелно со веќе презентираниот предлог за издавање дигитални т.н. зелени сертификати, како за граѓаните на ЕУ така и за државјани на трети земји, кои легално престојуваат во ЕУ.

„Во моментот дигиталните сертификати (планирани за налето) не го менуваат фактот дека ограничувањата за неважни патувања се и натаму во сила во ЕУ“, нагласи Јанц.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион28 минути

„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбрзо

Граѓаните на Србија развија имунитет најбрзо со ковид-вакцината на „Фајзер“ и тоа две недели по првата вакцина, што е за...

Македонија34 минути

Во болниците низ земјава се лекуваат 1.708 ковид-пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1.708 пациенти...

Регион56 минути

Србија ги отвора училиштата

Кризниот штаб на Србија донесе одлука децата да се вратат на училиште. Според членот на Кризниот штаб, Предраг Кон, состојбата...

Македонија1 час

Приведен Драги Рашковски, Обвинителството бара притвор

Полицијата го приведе поранешниот секретар во кабинетот на премиерот и поранешен генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, во рамките на истрагата...

Македонија13 часа

Мицевски го обвини Џафери дека од Собранието прави театар

На уште непочната седница, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски и собранискиот спикер, Талат Џафери се скараа поради доцнењето на седницата,...

Европа15 часа

Четири лица починаа по примањето на вакцината на „Астразенека“ во Италија

Четири лица во Италија починаа од ретки тромби, откако беа вакцинирани со вакцината на „Астразенека“, се вели во извештајот на...

Македонија18 часа

Во Македонија 890 нови случаи на коронавирус, 35 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 890 нови случаи на коронавирус, 35 лица починаа, а оздравени се 1.024...

Македонија19 часа

Мицкоски: Илјадници луѓе се заведени во Избирачкиот список со два матични броја

Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, на денешниот брифинг со новинарите обелодени нов скандал со назив „Мафија 2“, кој се однесува...

Европа21 час

Фон дер Лаен обвинета за кршење на дипломатскиот протокол

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, е обвинета за кршење на дипломатскиот протокол како одговор на поканата на...

Македонија23 часа

Кинеските вакцини ќе пристигнат на 28 април

Министерот за здравство најави дека на 28 април во земјата ќе стигнат 200 илјади кинески вакцини додавајќи дека потврдата ја...

Регион1 ден

Објавен нон-пејперот што го потресе регионот: предлози за нови граници на Балканот

Словенечкиот портал „Нецензурирано“ го објави нон-пејперот, односно неофицијалниот дипломатски документ за новите поделби на територијата на поранешна Југославија. Документот, кој...

Регион1 ден

Борисов ја достави оставката пред Националното собрание

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, утрово ја достави оставката пред новоизбраното 45-то Национално собрание на раководениот од него Совет на министрите,...

Европа1 ден

Две години од пожарот во „Нотр Дам“ – се очекува катедралата повторно да биде отворена во 2024

Катедралата „Нотр Дам“ во Париз, уништена во пожар пред две години, повторно ќе биде отворена во 2024 година, вети во...

Свет1 ден

Тела на четири деца пронајдени по пожар во куќа во Русија

Телата на четири деца се пронајдени по избувнувањето пожар во приватна куќа во село во регионот Свердловск во Русија. Во...

Македонија1 ден

Денеска се вакцинираат лицата на 73 и 74 години

Денеска, почнува вакцинацијата на сите граѓани од 73 и 74 години, кои се пријавени преку vakcinacija.mk или преку матичните лекари....

Македонија2 дена

СЗО: Состојбата во земјите од Западен Балкан е сериозна

Претставничката на Европската канцеларија на СЗО, Кетрин Смолвуд, предупреди на состојбата со коронавирусот во земјите од Западен Балкан е сериозна....

Регион2 дена

Србија почна со производство на руската вакцина

Во институтот „Торлак“ во Србија почна производството на руската вакцина „спутник В“. Оваа вакцина во иднина ќе може да се...

Македонија2 дена

Работата на Собранието да се деблокира на секое ниво, порача Џафери на вонредна координативна средба

Вонредна координативна средба поради блокадите во Собранието се одржа попладнево на иницијатива на претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, а...

Македонија2 дена

Регистрирани 949 нови случаи на Ковид-19, починаа 33 лица

Во последните 24 часа се направени 3.610 тестирања, а регистрирани се 949 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 357,...

Македонија2 дена

Европратеници: Македонија и Бугарија треба да се оддалечат од дебатите за историја

Претседателот на Делегацијата на Европскиот парламент за односи со Северна Македонија, Андреас Шидер, вели дека Северна Македонија и Бугарија треба...

Досие