Контакт

Европа

(Видео) Снег на северот на Европа: издадено портокалово предупредување

Објавено пред

На северот на Шведска се чини дека зимската сезона веќе почна сериозно, а метеоролошката служба издаде портокалово предупредување за снег и ветер во комбинација со снежни врнежи во делови од внатрешноста на северниот дел на Норботен, јавуваат локалните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Во некои градови наврна многу снег, а во Кируна во Лапонија измерени се и до 40 сантиметри снег, што е невообичаено во овој дел од годината во последните 118 години.

Локалниот сообраќај е привремено во прекин, како и училишните автобуси во центарот на Кируна и Јукасјарви.

Во јужните делови на Шведска, пак, снегот е сè уште е далеку, па до крајот на оваа недела во Скане се очекуваат температури до 25 степени.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Путин ќе ги принудува странците што доаѓаат во Русија да потпишат договор за лојалност

Објавено пред

Руското Министерство за внатрешни работи подготви закон со кој странците ќе ги принудат да потпишат „договор за верност“ со кој ќе им забрани да ја критикуваат официјалната политика, да ја дискредитираат советската воена историја или да ги прекршат традиционалните семејни вредности.

dobivaj vesti na viber

Откако рускиот претседател Владимир Путин нареди влегување на војници во Украина во февруари 2022 година, Русија воведе низа строги закони со кои се забранува дискредитирање на војската, а судовите ги осудуваа опозициските активисти на долги затворски казни. Како што се наближуваат претседателските избори во 2024 година, Путин ја опиша војната како дел од егзистенцијалната битка со Западот и рече дека ќе ја брани светата цивилизација на Русија против, како што вели, западната декаденција.

Државната новинска агенција ТАСС објави дека Министерството за внатрешни работи подготвило нацрт-закон со кој сите странци што влегуваат во Русија ќе ги принуди да потпишат договор кој суштински ја ограничува нивната слобода на говор. На странец во Русија ќе му биде забрането „мешање во активностите на јавните тела на Руската Федерација дискредитирајќи во каква било форма надворешната и внатрешната државна политика на Руската Федерација, јавните власти и нивните службеници“, објави ТАСС.

Предложениот договор ќе вклучува клаузули за морал, семејство, пропаганда за нетрадиционални сексуални односи и историја. Така, на странците ќе им биде забрането „да ја искривуваат историската вистина за подвигот на советскиот народ во одбрана на татковината и неговиот придонес во победата над фашизмот“.

„Ројтерс“ не можеше независно да го потврди нацрт-законот. Законот сѐ уште не е официјално испратен до парламентот, според „Ројтерс“. ТАСС не прецизира какви ќе бидат последиците за странците доколку го прекршат договорот.

За предлог-законот да стане закон, документот мора да оди во Думата, долниот дом на рускиот парламент, да помине на комисија за разгледување и неколку читања пред да биде испратен до Путин за негов потпис. Од почетокот на војната во Украина, Русија воведе многубројни ограничувања за странците од оние што ги нарекува „непријателски земји“, односно оние што ѝ воведоа санкции.

Прикажи повеќе...

Европа

Русија: Хамас е многу благодарен за ставот на Путин, дополнително ќе ослободат руски заложници

Објавено пред

Хамас денеска ќе ослободи дополнителни руски заложници во знак на благодарност за ставот на Путин кон Газа, пренесува руската новинска агенција „Тасс“.

dobivaj vesti na viber

„Не ослободивме ниту еден Израелец, кој е во Газа, освен Русинот Рон Кривој, кој го ослободивме во знак на благодарност за односот на рускиот претседател Путин“, го цитира „Тасс“ претставникот на Хамас, Муса Абу Марзук.

„Ќе ослободиме уште неколку Руси денес надвор од примирјето“, додаде Марзук.

„Тасс“ забележува дека Марзук неодамна ја посетил Москва. Кривој беше ослободен на 26 ноември. Рускиот Израелец работел како техничар за звук на музичкиот фестивал „Нова“, кој беше нападнат од Хамас. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Кривој е ослободен поради руските дипломатски контакти со Хамас.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Британија потврден нов вид свински грип кај човек, се истражуваат блиски контакти

Објавено пред

Во Велика Британија е забележано прво пренесување нов вид свински грип на човек, а здравствените власти се обидуваат да го утврдат потеклото на вирусот. Во понеделникот Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство потврди дека лицето било позитивно на тестот за грип А H1N2v, патоген сличен на вирусите на свинскиот грип што се шират во целата земја.

dobivaj vesti na viber

Според прелиминарните податоци, инфекцијата со Х1Н2 во Обединетото Кралство е генетски единствена во споредба со другите неодамнешни случаи на луѓе на глобално ниво. „Работиме бргу за да најдеме блиски контакти и да го намалиме потенцијалното ширење“, рече Мера Чанд од Агенцијата за здравствена безбедност, како што објави „Сајенс алерт“.

Откога развил респираторни симптоми, лекар на 9 ноември го тестирал пациентот за грип во Северен Јоркшир. Секвенционирањето на геномот и ПЦР-тестирањето го идентификуваа вирусот H1N2. Пациентот имал поблаги симптоми на болеста и на крајот целосно закрепнал.

Епидемии на свински грип, респираторно заболување на свињите предизвикано од вируси на грип од типот А, често се јавуваат кај свињите и повремено се пренесуваат и на луѓето. Иако H1N2v никогаш досега не бил идентификуван кај луѓето во Велика Британија, Агенцијата за здравствена безбедност вели дека имало 50 случаи на инфекција во светот од 2005 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Скопје преплавено со фотографиите на Вања, исчезна во најфреквентниот дел: за неа јавија и балканските медиуми

Во Македонија продолжува потрагата по 14-годишната Вања Ѓорчевска, која исчезна во Скопје на пат кон училиштето. Оттогаш таа е изгубена,...

Македонија42 минути

Ловци ја бараат исчезнатата Вања и на непристапни места: МВР ја бара во градот, ние надвор од него

Исчезнатото девојче од Скопје, Вања Ѓорчевска, од вчера го бараат и ловците откако претседателот на Ловечката федерација, Влатко Алексовски, синоќа...

Регион3 часа

Дачиќ: Состанокот на ОБСЕ во Скопје ќе биде многу тежок

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека министерскиот состанок на земјите од Организацијата за безбедност и...

Топ4 часа

Во Косово уапсени шест лица, тројца од Македонија: фалсификувале 85.000 евра во монети

Специјалното обвинителство на Косово, косовската полиција, Дирекцијата за истрага на економски криминал и корупција, спроведоа акција при што беше идентификувана...

Топ4 часа

24-годишна државјанка на Албанија загина во тешка сообраќајна незгода на автопатот Тетово – Скопје

Вчера попладне, во 14 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот „Мајка Тереза“ во насока од Тетово кон...

Топ5 часа

Вработена во болницата во Тетово неовластено снимала пациентка хоспитализирана на одделенијата: полицијата ја приведе

Полициски службеници на СВР Тетово, синоќа, околу 20.10 часот ја лишиле од слобода 46-годишната А. А. од тетовска Брвеница. Таа претходно...

Македонија6 часа

Ревизорката Татјана Димитровска предложена за нова претседателка на ДКСК, ревизори, судијка и антикорупционери за членови  

По три дена интервјуирање и четири дена бодирање, синоќа пред полноќ беше објавена ранг-листата за избор на нови членови на...

Топ7 часа

Приведено лице од Мала Речица, поставило знаме на Албанија на манастирот на Попова Шапка

Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер, околу 23.30 часот, по преземени оперативни мерки, го идентификувале и го лишиле од слобода...

Македонија8 часа

Албанското знаме повеќе не е на јарболот во дворот на „Св. Наум Охридски“, рече Ангелов

Албанското знаме не е повеќе на јарболот во дворот на црквата „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка. Црковното знаме ќе...

Македонија8 часа

(Видео) „Ковачевски ги лажеше граѓаните дека ќе им ги скрати платите на функционерите во стилот – ако не овој понеделник, наредниот петок – за на крајот да каже дека кратење нема“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Од април месец па навака, платите на функционерите се покачени за 78%, во време кога накај 600 илјади граѓани живеат...

Европа8 часа

Чешкиот претседател: Путин набргу би можел да добие голема шанса во војната

Рускиот претседател Владимир Путин би можел да добие предност во војната против Украина во текот на следната година доколку западните...

Свет9 часа

(Видео) Таткото на 9-годишната Емили откри како го преживеала заробеништвото: „Ова беше најшокантното“

Емили Ханд мораше да трча од куќа до куќа, принудена од Хамас да се движи додека израелските сили ја нападнаа...

Свет9 часа

(Видео) Снимен моментот на експлозивна ерупција на вулкан во Јапонија

Минатата недела јапонски вулкан лоциран на островот Нииџима, 150 километри јужно од Токио, експлозивно еруптира. Јапонската крајбрежна стража го сними...

Македонија18 часа

Сотировски: Најостра осуда за вандалскиот упад во Св. Наум на Попова Шапка и симнувањето на знамето на Македонската православна црква

Претседателот на Kомисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски преку социјалните мрежи го осуди, како што...

Македонија19 часа

„Ова е намерна провокација“, рече Ангелов откако навивачи на Шкендија го кренаа албанското знаме на Попова Шапка

Ова, како многупати претходно, е намерна провокација и подгревање на меѓуетничката нетрпеливост, напиша Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување...

Македонија19 часа

Бојан Јовановски-Боки 13 излегува на слобода

Поради лошата здравствена состојба, осудениот Бојан Јовановски-Боки 13 е пуштен на слобода. Кривичниот суд добил лекарски извештаи од повеќе клиники,...

Топ24 часа

Ловечката Федерација на Македонија се вклучува во потрагата по Вања Ѓорчевска

Ловечката Федерација на Македонија преку социјалните мрежи ги повика сите ловци да се вклучат во потрагата по Вања Ѓорчевска. Тие...

Македонија1 ден

По 3.000 денари за пензионерите со пензии до 14.000 денари, 1.200 за основци, 1.800 за средношколци, Ковачевски ги објави мерките

Основците, средношколците, студентите и пензионерите се првите категории опфатени со новиот пакет-мерки за кои е предвидена неколкумесечна парична помош. Мерките,...

Македонија1 ден

Балтичките земји ќе го бојкотираат состанокот на ОБСЕ во Скопје поради Русија

По Украина, и Естонија, и Летонија, и Литванија најавија дека нема да допатуваат на министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје...

Македонија1 ден

Поради Лавров, украинскиот министер Кулеба нема да допатува во Скопје на состанокот на ОБСЕ

Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, нема да присуствува на министерскиот состанок во Скопје, а земјата ќе ја претставува делегација...