Европа
(Видео) Уапсени повеќе лица во Лондон, активистите за климатски промени ги блокираа главните улици

Активистите за климатски промени ги блокираа главните пристапи кон Лондон предизвикувајќи колапс во сообраќајот.
Полицијата соопшти дека уапсила 38 лица.
Речиси 50 активисти од групата „Заштити ја Британија“, која бара владата да вети дека ќе обезбеди заштита за 29 милиони дома во земјата, го блокираа тунелот „Блеквол“ во источен Лондон, како и прометните улици на северот и западниот дел на главниот град, објавија тамошните гласила.
Лондонската градска полиција соопшти дека уапсила 38 лица за блокирање на сообраќајот и нарушување на јавниот ред и мир.
„Веруваме дека протестите од овој вид се ирационални и работиме што е можно побргу за да го минимизираме метежот што го направија учесниците во сообраќајот“, објави полицијата на „Твитер“.
Ова е 11-та акција на групата „Заштити ја Британија“ од неодамна, а нејзините активисти претходно блокираа патишта и крстосници во Лондон.
Владата во неделата објави дека ќе го промени постојниот закон со цел да ги заостри казните за блокирање на патиштата, со што активистите ќе се соочат со неограничена парична казна или шестмесечна затворска казна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Згради се уриваат, бранови ги потопуваат улиците, луѓето се избезумени по вториот земјотрес во Турција

Уште еден разорен земјотрес ја погоди јужна Турција, одземајќи илјадници животи, а дел од земјата го остави во урнатини.
Првиот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди рано изутринава јужна Турција и беше почувствуван во поголем дел од земјата, како и во неколку земји во регионот, вклучително и соседна Сирија. Неколку часа подоцна, околу 13:30 часот по локално време, земјата ја погоди нов земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала.
Horrible scenes keep coming!!!#deprem #Turkey #TurkeyEarthquake #earthquake #DEPREMOLDU #Adana #Kahramanmaras #sanliurfa #ACİL #Osmaniye #Hatay #BREAKING #SONDAKIKA #Tsunami #PrayForTurkey #Gaziantep#nurdagi #HAARP #Turkiye #Turquia #Turchia pic.twitter.com/XfO4hFwUew
— [email protected] (@gaganraj2010gm1) February 6, 2023
Официјалниот број на загинати, според последните информации, низ Турција и Сирија сега е повеќе од 1.380, а илјадници се повредени. Во тек е голема спасувачка операција. Се стравува дека бројот на жртвите би можел да биде многу поголем бидејќи земјотресот ги погодил повеќето луѓе додека спиеле.
#SONDAKIKA
Kahramanmaraş Ekinözü 7.5 şiddetinde deprem oldu pic.twitter.com/ZHg1cTTSOF— BRC 🇹🇷 RTE🇹🇷 IŞĶ 🇹🇷 (@Bircanislek2023) February 6, 2023
На социјалните мрежи се шират снимки направени за време и по земјотресот. На една од снимките се гледа како зградите се уриваат како да се направени од хартија, додека на онаа до плажата се гледаат огромни бранови кои ја потопуваат патеката.
Едно лице снимило од својот автомобил како се уриваат зградите околу него додека земјата ја погоди вториот земјотрес со јачина од 7,5 степени.
Европа
Над 1.200 загинати и повеќе од 5.000 повредени – расте бројот на жртви во земјотресот во Турција

Се зголемува бројот на жртвите од разорниот земјотрес, кој утринава околу 4 часот по локално време ја погоди Турција.
Според турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во таа земја загинале 912 лица, а сириските власти изјавиле дека во Сирија загинале најмалку 320 лица.
Ердоган рече дека досега се регистрирани над 5.380 повредени.
Медиумите потсетуваат дека земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 4.17 часот на југот од земјата.
Европа
Ниските температури и снегот ја попречуваат потрагата по исчезнатите во земјотресот

Температурите под нулата и снегот ги попречуваат спасувачките напори и потрагата по исчезнатите во разорниот земјотрес што рано утринава ја погоди Турција, пишува Си-ен-ен.
Според извештаите, ладното и влажно време во регионот и лошите услови веројатно ќе влијаат на спасувачките напори по земјотресот во јужна Турција и северна Сирија.
Иако почетокот на февруари спаѓа во најстудениот дел од годината, сегашните температури се дури и пониски од просечните и се околу пет Целзиусови степени под сезонските норми.
Се очекува во вторник температурите да паднат под нулата, а најниската температура во Газијантеп се очекува да биде минус шест степени.
И покрај лошите временски услови, властите побараа од жителите да ги напуштат зградите бидејќи се очекуваат нови потреси по земјотресот со јачина од 7,8 степени.