Контакт

Европа

Во Германија им се делат бесплатни маски на лицата постари од 60 години

Објавено пред

Германската влада ќе им обезбеди на граѓаните постари од 60 години бесплатни маски ФФП2, а Баварија воведува зголемени мерки за затворање поради епидемиолошката состојба.

„За граѓаните постари од 60 години, обезбедивме по три маски ФФП2, кои може да ги земат во аптеките“, рече германскиот министер за здравство, Јенс Шпан.

Фондот за здравствено осигурување ќе издава ваучери со кои ќе се подигнуваат маските во аптеките.

Шпан додаде дека најважната цел е да се заштитат најранливите. Се проценува дека околу 27 милиони германски граѓани имаат право на бесплатни маски како дел од оваа акција.

Во исто време, германскиот министер за здравство предупреди дека овие маски не даваат целосна заштита.

„Носењето оваа маска не значи дека другите мерки на претпазливост може да се заборават“, рече Шпан.

Германската фондација за заштита на пациенти ја критикува мерката укажувајќи дека повеќето од 2,5 милијарди издвоени за мерката ќе завршат во џебовите на фармацевтите.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Италијанскиот премиер Конте поднесе оставка

Објавено пред

Италијанскиот премиер Џузепе Конте поднесе оставка, пишуваат италијанските медиуми.

Агенцијата „Анса“ пишува дека премиерот ја објавил својата одлука пред членовите на владата утрово, а потоа, според протоколот, тоа официјално ќе му го соопшти на претседателот на Републиката Серџо Матарела.

Медиумите известуваат дека премиерот во оставка ќе се обиде да спроведе пилотирана криза, доколку претседателот на Републиката му довери трет мандат и формира нова влада што ќе има посилна политичка база на парламентарните партии.

Додека не се формира нова влада, сегашните членови на владата во оставка ќе ги извршуваат потребните задачи.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Нови насилни протести во Холандија поради полицискиот час

Објавено пред

Холандската полиција уапси 70 лица откако избувнаа нови немири трета ноќ по ред за време на протестите за одлуката на владата за воведување полициски час. Сепак, причините за вандализмот виден од Ротердам до Амстердам веќе не се толку јасни, особено што демонстрантите се тинејџери, пренесува „Ројтерс“.

Полицијата во Ротердам дури испукала неколку предупредувачки истрели и употребила солзавец.

Немирите почнаа минатиот викенд кога луѓето излегоа на улиците во знак на протест против новите построги мерки во борбата против коронавирусот.

Началникот на полицијата Вилијам Велдерс изјави дека околу 70 лица биле уапсени синоќа до 22 часот, а водени топови биле користени против демонстрантите во Ротердам, додека солзавец бил употребен во Харлем за да се растера толпата.

Полицијата додаде дека напишале речиси 6.000 казни за кршење на забраната за движење во периодот од 21:00 до 4:30 часот.

Немирите на протестите од претходните денови во Холандија според многумина се најлошите сцени на насилство во таа земја во последните четири децении. Досега полицијата уапси околу 250 лица низ целата земја.

Прикажи повеќе...

Европа

Европската комисија воведува дополнителни правила за патниците од трети земји

Објавено пред

Во ситуација на ширење на новите мутации на коронавирусот и голем број новозаразени, Европската комисија повика на избегнување на сите патувања што не се потребни.

Денес во Брисел беа побарани дополнителни мерки на границите, и внатре во ЕУ и на надворешните граници, со цел да се запре ширењето на вирусот.

„Тестирањето ќе биде задолжително за сите патници кои влегуваат во ЕУ, вклучително и за оние кои се на т.н. важно патување. Тестот за ПЦР за влез во ЕУ мора да биде стар најмногу 72 часа“, изјави комесарот за внатрешни работи Илва Јохансон.

Таа наведува дека дополнителните правила, вклучувајќи и карантин и следење на контактите до 14 дена, мора да се применат на патниците кои доаѓаат од трети земји, каде што е забележана циркулацијата на новите видови на вирусот.

За граѓаните на ЕУ и оние со дозволи за престој, тестирањето ќе се обезбеди по пристигнувањето, а образецот за локацијата на патникот треба да стане универзален и задолжителен.

Комисијата наведува дека ќе има исклучоци што ќе важат за граѓаните кои ги преминуваат границите во рамките на земјите членки со цел да одат на работа, на училиште или да се грижат за членовите на семејството.

Европската комисија заклучува дека целта на овие мерки е да се заштитат граѓаните и единствениот пазар на ЕУ

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија47 минути

Брзи антиген тестови на скопскиот аеродром

Со цел да одговори на најновите рестрикции за патување воведени поради Ковид-19 од страна на земјите од ЕУ/Шенген зоната, ТАВ...

Свет1 час

Бајден: САД до лето може да имаат колективен имунитет

Американскиот претседател Џозеф Бајден очекува дека САД до лето ќе бидат на добар пат кон постигнување колективен имунитет, бидејќи новиот...

Македонија1 час

Португалското претседателство ќе настојува да почнат преговорите на Македонија со Европската Унија

За португалското претседателство процесот на проширување е важно прашање, истакна министерот за надворешни работи на Португалија, Аугусто Сантош Силва. Како претставник...

Македонија2 часа

СДСМ: Штетни се обидите за наметнување дебата колку проценти е која било етничка заедница

Штетни се обидите за наметнување дебата колку проценти на која било етничка заедница, велат од владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија,...

Европа2 часа

(Видео) Нови насилни протести во Холандија поради полицискиот час

Холандската полиција уапси 70 лица откако избувнаа нови немири трета ноќ по ред за време на протестите за одлуката на...

Свет2 часа

Поднесено обвинение против Трамп во Сенатот

Претставничкиот дом на американскиот конгрес поднесе обвинение до Сенатот за отповикување на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, бидејќи неговиот говор...

Свет13 часа

Пирати киднапираa 15 морнари од турски брод, еден убиен

Во насилeн напад во близина на брегот на Нигерија пирати киднапирале 15 морнари од турскиот брод „Моцарт“, а еден член...

Свет15 часа

„Модерна“ тврди дека нејзината вакцина е ефикасна и против новите видови коронавирус

Вакцината на „Модерна“ дејствува и против новите видови коронавирус пронајдени во Велика Британија и Јужна Африка, тврдат научници од оваа...

Македонија15 часа

Собранието го избра Насер Зибери за народен правобранител

Иако Насер Зибери не успеа да стане првиот премиер Албанец, се избори за функцијата народен правобранител. Го предложи ДУИ, а...

Свет16 часа

Џонсон најави ублажување на рестриктивните мерки во февруари

Британскиот премиер, Борис Џонсон, бара начини за олеснување на некои рестриктивни мерки воведени за забавување на ширењето на Ковид-19 пред...

Топ17 часа

Џудо-федерацијата лани му ја одзела лиценцата на тренерот осомничен за полови злоупотреби на ученички

Четириесет и шестгодишниот тренер по џудо од Прилеп, кој се сомничи за полови злоупотреби на малолетнички што му биле ученички,...

Македонија20 часа

Законот за лекови доби зелено светло, ВМРО-ДПМНЕ не гласаше

Измените на Законот за лекови и медицински помагала со кој се уредува набавката на вакцините од компанијата „Фајзер“ го помина...

Македонија21 час

Шестмина починати и 63 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 677 тестирања, а регистрирани се 63 нови случаи на...

Европа21 час

Руските научници тврдат: Ова е прва микроскопска слика од британскиот вид на коронавирус

Научници од „Роспотребнадзор“, руската федерална агенција и надзорно тело во јавното здравство, тврдат дека први направиле микроскопска слика од британската...

Македонија21 час

Пендаровски го потпиша указот за прогласување на Законот за попис

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за попис на населението. Oд кабинетот на Пендаровски информираат...

Македонија22 часа

Царовска: Законска обврска е да ја организираме матурата за учениците кои се пријавија за полагање

Министерството за образование и наука има законска обврска да ја организира матурата за учениците коишто планираат да го продолжат образованието,...

Топ22 часа

Возач итно пренесен во болница откако со автомобил се забил во банкина кај „Мавровка“

Автомобил марка „пежо“ удри во банкината на крстосницата кај трговскиот центар „Мавровка“. Според очевидци, инцидентот се случил околу 11 часот...

Македонија24 часа

Новиот британски вид на коронавирусот не е детектиран според последните анализи на МАНУ

Министерството за здравство информира дека заклучно со 11 јануари 2021 година не е утврдено присуство на SARS-CoV-2 вирусот од Велика...

Топ24 часа

Казни од по 2.000 евра за скопјани затекнати на групна прослава во стан во Капиштец

Скопското основно јавно обвинителство поднесе предлог за казни од по 2.000 евра за лица кои не ги почитувале мерките против...

Свет1 ден

Во пукање во Индијанаполис петмина мртви, меѓу кои и бремена жена

Пет лица, вклучително и 19-годишна бремена жена, се убиени во пукање во северниот дел на Индијанаполис. Еден малолетник е тешко...

Досие