Европа
Во Италија најдена првата жртва од лавината
Спасувачите го извлекоа телото на првата жртва од хотелот во централна Италија кој во средата вечерта беше погоден од лавина по серијата силни земјотреси од вечера во кои засега има една жртва, пренесе во четвртокот телевизијата Rainews24.
Снежната лавина, којашто најверојатно ја предизвикале серијата земјотреси, целосно го покрила хотелот „Rigopiano di Farindola“ во гратчето Фирандола на падините на планината Гран Сасо. Се претпоставува дека во моментот на трагедијата во хотелот имало 20 туристи и засега неутврден број членови на персоналот.
Поради многу лошите временски услови, спасувачите успеале да стигнат до хотелот дури во 4,30 часот утрото. Спасувачите успеале да извлечат од лавината две лица, надвор од хотелот. Судбината на другите засега не е позната бидејќи нема никакви контакти со нив.
„Беа спасени две лица, токму тие го испратиле сигналот за помош. Има повредени, но уште не се знае олку луѓе се исчезнати или веќе се мртви“, напиша на Facebook,челникот на провинцијата Пескара, Антонио Ди Марко. Според него, од налетот на лавината објектот на хотелот бил поместен за десет метри.
Претходно во средата во областите Лацио, Абруци и Марке беа регистрирани четири силни земјотреси со магнитуди од 5,1 до 5,4 степени по Рихтер, кои беа силно почувствувани во историскиот дел на италијанската престолнина Рим, која е оддалечена повеќе од 100 километри од епицентарот.
Весникот Repubblica пренесе дека засега е пријавена една жртва од земјотресите, 83-годишен жител на месото Кастел-кастања, кој најверојатно бил поклопен од ѕидовите на шталата. Уште едно лице во областа е пријавено за исчезнато кај селото Ортолано, недалеку од градот Аквила, по лавината која го погодила селото.
Претходно беше објавено дека од под урнатините во Абруци била извлечена мајка со дете, кои се хоспитализирани, но нивите животи не се загрозени./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Пожар зафати хотел во ски-центар во Турција, најмалку шест мртви
Во пожар во хотел во ски-центар во северозападна Турција загинаа шест лица, а 31 беа повредени, јави државната телевизија ТРТ.
Пожарот избувна на четвртиот кат од хотел со 11 ката во ски-центарот Карталкаја во Болу рано наутро во вторникот, а пожарникарите се уште работат на гаснење, изјави за ТРТ гувернерот на Болу, Абдулазиз Ајдин.
#BREAKING At least 234 guests at Grand Kartal Hotel in Kartalkaya in Bolu, Turkey where fire broke out, governor says. At least 10 dead, 32 injured. #Bolu #Kartalkaya #Turkiye #Fire pic.twitter.com/DIZWM1u8EB
— 𝐉𝐨𝐮𝐫𝐧𝐚𝐥𝐢𝐬𝐭 (@HamdiCelikbas) January 21, 2025
Тој рече дека причината за пожарот не е позната, но дека властите ќе истражат, додавајќи дека пожарот започнал на подот од ресторанот. Во хотелот имало 234 гости, додаде гувернерот.
Европа
Папата го критикува планот на Трамп: „Срамота“
Папата Франциско ја критикува најавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека ќе почне построго спроведување на антиимиграциските мерки, вклучително и депортации, по преземањето на функцијата.
Во интервју за италијанската телевизија „Канал 9“, папата рече дека би било срамота доколку Трамп продолжи со најавениот план, објави „Ројтерс“ во понеделникот додавајќи дека користењето остри зборови е невообичаен начин на комуникација за поглаварот на Католичката црква.
Франциско, духовниот водач на 1,4 милијарда католици, обично внимателно ги избира зборовите кога зборува за политички прашања.
Тој смета дека со овој план „мигрантите, кои немаат ништо, ќе ја платат неплатената сметка“.
„Тоа не функционира. Така не го решавате проблемот“, рече папата.
Европа
Се судрија два брода на реката Елба, 11 повредени
Единаесет лица се повредени кога транспортен брод се судри со траект на реката Елба во северниот германски пристаништен град Хамбург, соопштија денеска пожарникарите.
Едно лице добило повреди опасни за животот, изјави портпаролот во близина на местото на несреќата. Бродовите се судрија рано утрото во близина на мостот „Колбранд“ во југозападниот дел на Хамбург.
Причините за несреќата сè уште не се познати.