Контакт

Европа

Во Италија сите училишта во црвената зона се затвораат

Објавено пред

Владата на Италија нареди затворање на сите училишта во области со висок ризик бидејќи последните податоци покажуваат дека повеќе од 50 проценти од случаите на коронавирус се поврзани со нов многу заразен британски вид.

Сите училишта во областите со висок ризик в сабота ќе се префрлат на учење од далечина бидејќи досега беа затворени само средните училишта во таканаречените црвени зони.

Новите податоци објавени од државниот здравствен институт покажуваат дека 54 проценти од случаите со новиот коронавирус во Италија се предизвикани од британскиот вид.

„Британскиот вид се шири особено бргу кај помладата популација“, рече министерот за здравство, Роберто Сперанца.

„Затоа донесовме одлука сите училишта во црвените зони да се префрлат на учење од далечина“, рече тој.

Европа

Шарл Мишел: Не спијам добро поради сцената од состанокот со Ердоган

Објавено пред

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел чувствува непријатност поради инцидентот поврзан со распоредот за седење на состанокот одржан во Анкара оваа недела, пишува германскиот весник, „Ханделсблат“.

Урсула Вон дер Лајен, првата жена претседателка на Европската комисија, беше изненадена од состанокот кога сфати дека Мишел го зазеде единственото слободно место покрај турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, а таа остана на каучот.

На видеото се гледа како претседателката седи на каучот и е далеку од своите машки колеги. Нејзиното незадоволство можеше и да се види и чуе, а Шарл Мишел не реагираше, туку седна со Ердоган на едно од двете подготвени столчиња.

„Оттогаш не спијам добро, тие сцени постојано ми се вртат во главата“, рече Мишел и додаде дека би ја поправил ситуацијата кога би можел да го врати времето.

Прикажи повеќе...

Европа

Шпанец со недели го возел телото на мртвиот партнер, фатен бил на границата со Франција

Објавено пред

Полицијата во Каталонија запрела човек поради возење на погрешна страна од патот, при што открила дека има мртво тело покрај себе, на совозачкото седиште.

66-годишник вчера ненадејно свртел на контролен пункт меѓу Шпанија и Франција и започнал да вози на погрешната страна од автопатот. Истражителите веруваат дека починатиот 88-годишник бил мртов околу три недели и дека возачот можеби го носел дома во Швајцарија.

Телото на мртвиот човек, за кого се верува дека бил партнер на возачот, веќе започнало да се распаѓа. Било покриено со ќебе и прицврстено со безбедносниот ремен на автомобилот, пишува Би-би-си.

Денес треба да се изврши обдукција за да се утврдат точните причини за смртта, иако истражителите не веруваат дека има докази за кривично дело.

Според картичките за патарина и потврдите за плаќање на паркинг, истражителите се сомневаат дека возачот својот мртов партнер го возел на различни места во Шпанија, па дури и во Италија.

Полицијата го уапсила возачот кој имал двојно швајцарско/шпанско државјанство. Тој во моментов се товари само за сторен сообраќаен прекршок.

Прикажи повеќе...

Европа

ЕМА: Пријавени случаи на згрутчување на крвта по вакцинирањето со „џонсон“, едно лице починало

Објавено пред

Европската агенција за лекови (ЕМА) денес објави дека ја разгледува можната врска помеѓу вакцината против Ковид-19 на „Џонсон и Џонсон“ и формирањето на крвни згрутчувања. ЕМА добила известување за четири такви случаи.

По вакцинацијата со вакцината на „Џонсон и Џонсон“ пријавени се четири случаи на формирање на крвни згрутчувања и низок број на тромбоцити, од кои едниот завршил со смртен исход, објави Европската агенција за лекови, пренесува „Ројтерс“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Разбиена група на нарко-дилери, запленета дрога во вредност над 800 илјади евра

Полицијата разбила организирана криминална група на нарко-дилери, пришто приведени се 6 лица, а запленета е дрога во вредност од над...

Свет2 часа

Кина дневно произведува 5 милиони дози вакцини, целта е да достигне 3 милијарди годишно

Кина веројатно ќе произведе три милијарди дози од вакцината против Ковид-19 до крајот на годината, изјави официјален претставник на Националната...

Топ2 часа

Три лица осомничени за силување на 18-годишна девојка во Струмица

Против три лица поднесена е кривична пријава за силување на 18-годишна девојка од Струмичко и за помагање во извршување на...

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ на протест: Од коронавирус починаа 4.150 граѓани, тоа е како преку ноќ да го снема Крушево

Обвинувања за справувањето на власта со состојбата со коронавирусот и пораки за оставка на министерот за здравство, Венко Филипче и...

Македонија5 часа

Во болниците од коронавирус се лекуваат 1.687 пациенти, во Скопје за еден ден се хоспитализирани 73 лица

Вкупнно 1.687 пациенти со компликации на коронавирус, се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава....

Македонија6 часа

Вработени во обвинителството, медиумите и инспекциските служби ќе се вакцинираат следната недела

Следната недела ќе почне вакцинирањето на вработените во обвинителството, судовите, инспекциските служби, новинарите и медиумските работници. Со нив, се очекува...

Свет7 часа

„Фајзер” и „Бионтек” бараат нивната вакцина да се користи за деца од 12 до 15 години

Фармацевтската компанија „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „Бионтек“ побарале од Управата за храна и лекови на САД итно проширување на...

Свет7 часа

„Ковакс“ ќе испорача третина од милијарда вакцини до средината на годинава

Меѓународната програма за споделување вакцини „Ковакс“ планира да испорача низ сиромашните земји од светот една третина од милијарда дози вакцини...

Македонија24 часа

Потврдени 1.174 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа 42 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 1.174 нови случаи на коронавирус, починаа 42 лица, а оздравеа 811, соопшти...

Македонија1 ден

Приведен висок полициски службеник, запленета дрога вредна над 800.000 евра

Полицијата заплени дрога вредна над 800.000 евра, а приведен е висок полициски службеник, објави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски....

Свет1 ден

СЗО: Не препорачуваме комбинирање на вакцини, сè уште немаме доволно податоци

Светската здравствена организација (СЗО) во петокот повтори дека поради недостиг на соодветни податоци не може да даде препорака во врска...

Македонија1 ден

(Видео) Милошоски: Мафијашот Седат Пекер во Скопје бил пречекуван со полициски возила

Додека турската полиција денеска спроведува обемна акција и во Истанбул насекаде го бара меѓународниот мафијаш Седат Пекер, во Скопје тој...

Европа1 ден

Почина принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета

Принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета Втора, почина на 99-годишна возраст. Бакингaмската палата објави дека војводата од Единбург почина во...

Македонија1 ден

Антикорупциска откри случаи на злоупотреби од страна на обложувалници

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) откри злоупотреба на лични податоци и сомнежи за перење пари од страна на...

Свет1 ден

Почна клиничкото испитување на нова, поевтина вакцина против Ковид-19

Клиничките испитувања на новата вакцина против Ковид-19, чие производство би било поевтино, полесно и побрзо, почнуваат да се спроведуваат во...

Македонија1 ден

Филипче: Деновиве е намален бројот на хоспиталиразни пациенти во болниците

Министерот за здравство, Венко Филипче, по редовната координација со директорите на Клиниките, истакна дека деновиве е намален бројот на хоспитализации во...

Европа1 ден

Оние кои примиле прва доза на „Астразенека“ во Франција, за втората ќе добијат друга вакцина

Француското здравствено тело денес треба да објави дека оние под 55 години кои ја примиле првата доза на „Астразенека“ ќе...

Европа1 ден

Зеленски ги посети војниците во источна Украина: „Се гордеам со вашето херојство“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го посети бојното поле каде се случуваат судири со проруските сепаратисти, а беше поддржан од Берлин,...

Регион1 ден

Србија ги отвора трговските центри и училиштата

На денешната седница на српскиот кризниот штаб е донесена одлука за отворање на трговските центри, но и за враќање на...

Европа1 ден

Италијанскиот премиер: Ердоган е диктатор, тој сакаше да ја понижи Фон дер Лајен

Италијанскиот премиер, Марио Драги, го обвини турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека неделава сакал да ја понижи претседателката на Европската...

Досие