Контакт

Европа

Германија нема да воведе задолжителна вакцинација против коронавирус, одлучи Меркел

Објавено пред

Германија нема да воведе задолжителна вакцинација против коронавирус, изјави денеска германската канцеларка, Ангела Меркел.

Меркел додаде дека ќе биде побезбедно да се вакцинираат повеќе Германци, да се придржуваат до правилата за дистанцирање и што повеќе тестови треба да помогнат во спречување на четвртиот бран на коронавирус, пренесуваат германските агенции.

„Немаме намера да одиме на овој пат. Нема да има задолжителна вакцинација”, рече канцеларката за време на прес-конференција.

Европа

Белоруски активист пронајден мртов, отишол на трчање па исчезнал

Објавено пред

Белорускиот активист Виталиј Шишов беше пронајден мртов рано утрово во парк во близина на неговата куќа во Киев, ден откако беше пријавено неговото исчезнување.

„Белорускиот државјанин Виталиј Шишов, кој исчезна во понеделникот во Киев, денеска е пронајден обесен во еден од парковите во Киев, недалеку од местото на живеење“, се вели во полициското соопштение.

Полицијата соопшти дека покренала кривична истрага поради сомнение за убиство, но дека ќе ги испита сите можности, вклучително и самоубиство.

Исчезнувањето на Виталиј Шишов, директор на непрофитната организација со седиште во Киев „Белоруската куќа во Украина“ (БДУ), која им помага на Белорусите да избегаат од прогон, вчера го пријави неговиот партнер, откако не се врати од утринското трчање.

Украина, Полска и Литванија станаа рај за Белорусите по спорните претседателски избори во таа земја минатата година, а БСУ им помага да најдат сместување, работа и правни совети, анализираат тамошните медиуми.

Прикажи повеќе...

Европа

После пожарите, два земјотреси ја погодија утрово Турција

Објавено пред

Два одделни земјотреси го погодија југозападниот брег на Турција рано утрово, потврдија официјалните лица.

Агенцијата за управување со катастрофи и управување со вонредни состојби (АФАД) објави дека првиот земјотрес со јачина од 4,3 степени е регистриран во близина на крајбрежниот град Датца, во провинцијата Мугла, во 2 часот по полноќ по локално време на длабочина од 24,21 километар.

Вториот земјотрес, кој беше со интензитет од 4,1 степени според Рихтеровата скала, е регистриран во Егејското Море во 02:56 часот по локално време на длабочина од 3,19 километри, а епицентарот бил на околу 45 километри од Датца, соопшти АФАД, пренесуваат турските агенции.

Како што се наведува, засега нема извештаи за жртви и материјална штета во овие земјотреси.

Медиумите потсетуваат дека Турција се бореше со силни шумски пожари претходните денови, а се шпекулира дека истите биле подметнати.

Прикажи повеќе...

Европа

Речиси 30 проценти од Европејците не можат да си дозволат одмор, сиромаштијата во пораст

Објавено пред

Околу 28 проценти од Европејците не можат да си дозволат една седмица одмор надвор од нивното место на живеење, а тој број се искачува на дури 60 проценти во групата на работници чии приходи спаѓаат под линијата на сиромаштија, покажува европската Студија на Синдикалната конфедерација.

Најголемите разлики меѓу работниците се забележани во Бугарија, Хрватска, Грција, Чешка, Франција и Романија.

Според бугарските медиуми околу еден милион Бугари не можат да си дозволат одмор во текот на летото.

Зголемувањето на нееднаквоста покажува дека придобивките од економскиот раст во Европа во изминатата деценија не се рамномерно распределени, коментира помошникот генерален секретар на Синдикалната конфедерација, Естер Линч.

Од таму најавија дека се работи на подобрување на предлогот за европска директива со кој треба да се зголеми минималната плата во ЕУ, а Европскиот парламент ќе расправа по летната пауза. Синдикалната конфедерација се залага за воведување на праг на достоинство што ќе гарантира дека законската минимална плата не може да биде помала од 60 проценти од просечната плата, или помалку од 50 проценти од просечната плата во која било земја -членка.

Во моментов, во 17 земји -членки на ЕУ, минималната законски загарантирана плата е помала од 60 проценти од националната просечна плата, посочува ЦЕС.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Коронавирусот регистриран во Вухан после една година, се тестира целото население

Властите во кинескиот град Вухан најавија дека ќе го тестираат целото население за коронавирус, откако се појавија нови локални случаи...

Европа1 час

Речиси 30 проценти од Европејците не можат да си дозволат одмор, сиромаштијата во пораст

Околу 28 проценти од Европејците не можат да си дозволат една седмица одмор надвор од нивното место на живеење, а...

Македонија2 часа

Пожарите локализирани и ставени под контрола, противпожарните служби остануваат на терен

Пожарот кај Кочани во текот на ноќта е локализиран и ставен под контрола, соопштија надлежните. На одделни места во близина...

Македонија2 часа

Од денес стапува на сила целосна забрана за движење во шумите

Владата доцна синоќа излезе со соопштение во кое апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја. „Во текот...

Македонија12 часа

„Водовод“ и „Комунална хигиена“ испратија цистерни за гаснење на пожарот во Кочани

ЈП Водовод и канализација – Скопје и ЈП Комунална Хигиена – Скопје на барање и во координација со Град Скопје...

Македонија12 часа

Пендаровски: Хеликоптерите не можат да летаат ноќе

Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва на Фејсбук напиша дека хеликоптерите на армијата немаат технички можности за ноќно летање. „...

Македонија12 часа

Десетина луѓе во Кочани побарале лекарска помош

Кочанчани очајно се борат со огнената стихија, која проголта куќи и други објекти. Според информациите, десетина граѓани побарале помош, откако...

Македонија14 часа

15 пожарникари и 3 возила од Скопје ќе помагаат во гаснењето на пожарот во Кочани

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов вели дека во моментов 3 екипи од Противпожарната бригада на Град Скопје (15 пожарникари и...

Македонија14 часа

(Видео) Пожар се шири во Кочани, жителите во паника бараат помош

Огромен пожар се шири во кочанско Белско маало и местото викано Драчевник. Зафатени се шуми, но и бандери. Жителите бараат...

Спорт17 часа

Полска ѝ даде азил на белоруската атлетичарка

Драматичниот случај на белоруската атлетичарка Кристина Циманускаја најверојатно е пред решение откако Полска и понуди хуманитарна виза, односно и одобри...

Македонија20 часа

Во Македонија 54 нови случаи на коронавирус, почина едно лице

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 54 нови случаи на коронавирус, а едно лице почина, соопшти Министерството за...

Топ21 час

Товарен воз удри во мигрант кај Неготино

Товарен воз удри во мигрант кај Неготино. Според информациите на полицијата, мигрантот со тешки повреди е пренесен во болница. Несреќата...

Македонија21 час

(Видео) Заев: Да престанеме да се биеме в гради за тоа кој е поголем патриот

Да престанеме да се биеме в гради за тоа кој е поголем патриот заради партиските интереси и заради повеќе гласови...

Македонија21 час

(Видео) Мицкоски: Илинден обедини генерации Македонци за слобода

Илинден обедини генерации Македонци за слобода, испраќам апел за обединување против Заев и рушење на најлошата власт до сега, рече...

Свет22 часа

(Видео) Туристи во Бодрум со чамци бегаат од пожарите, Ердоган призна дека земјата нема канадери

На југот на Турција, како и на други места во Средоземното Море, со денови беснеат огромни пожари. По петдневните пожари...

Свет24 часа

(Видео) Еден починат и 600 уапсени на протестот во Берлин против корона-мерките

Полицијата во Берлин објави дека 49-годишен маж починал откако полицијата го уапсила за време на протестот против мерките во борбата...

Македонија1 ден

Земјотрес почувствуван во Скопје

Земјотрес е почувствуван вечерва во Скопје. „Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје вечерва во 23 часот и 07 минути,...

Спорт1 ден

Надал: Ѓоковиќ може до гренд слемот оваа година

Рафаел Надал се подготвува за својот прв настап на Сити опен во Вашингтон, каде што ќе стави крај на подолгата...

Македонија2 дена

Заев: Очекувам на „Отворен Балкан“ наскоро да се приклучат и Приштина, Сараево и Подгорица

Балканот повеќе не е темпирана бомба, туку симбол на пријателство, а регионалната иницијатива „Отворен Балкан” создава многу можности за подобар...

Спорт2 дена

(Видео) Скандал во Токио – белоруска олимпијка не сака да се врати дома, бара азил

Белоруската спринтерка Кристина Тимановскаја го повика Меѓународниот олимписки комитет (МОК) да се вклучи во нејзиниот случај. Таа изјави дека била...

Досие