Европа
Германија одговори на писмото за поделбата на вакцини против Ковид-19

Државниот министер за европски прашања во германското Ммнистерство за надворешни работи реагира на иницијативата на шесте земји на ЕУ поради дистрибуцијата на вакцини против Ковид-19.
Австрија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Латвија и Словенија изразија загриженост тврдејќи дека дистрибуцијата на вакцините не се одвива според популацијата на секоја земја членка на ЕУ, како што беше претходно договорено, но Михаил Рот ги негира обвинувањата, пренесуваат европските агенции.
„Тоа беше јасна и транспарентна постапка, каде што контингентот беше одреден според бројот на жители за разни вакцини одобрени во ЕУ. Австрија и некои други земји не ги користеа во целост своите контингенти од причини што јас не сакам да ги оценувам. Потоа беше поставено прашањето до другите земји дали сакаат да нарачаат повеќе дози од неискористените контингенти“, изјавил Рот.
Тој рекол дека не гледа причина да ја смени таа постапка и додал дека „станува збор за правична распределба на дозите вакцини во цела Европа“.
Тој исто така кажал дека е важно за Германија да ги вакцинира и жителите и соседните земји и дека тоа не е национална стратегија.
„Можно е заеднички да се преживее кризата, а тоа бара солидарност и еднакви можности. Ако 70 % од граѓаните на ЕУ се вакцинираат до летото, нема да има смисла некои земји да имаат повеќе вакцини, а други помалку“, додаде Рот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Крвава пресметка меѓу банди во Шведска: Убиецот влегол во ресторан и почнал да пука, најмалку двајца загинати

Две лица загинаа, а две се повредени во пукање во паб во градот Сандвикен, на истокот на Шведска.
Полицијата верува дека само едно лице било цел и дека пукањето е поврзано со банда.
Истрагата е во тек, а засега никој не е уапсен, пренесуваат медиумите во регионот.
Осомничениот дошол во ресторанот со автомобил, влегол и почнал да пука.
Според полицијата, загинале двајца мажи на возраст од 20 и 70 години, а повредени се една жена на 20-годишна возраст и еден маж на возраст од околу 45 години.
Шведска во последниве години беше погодена од бран престрелки, кои се засилија во последните месеци.
Европа
Песков: Русија е подготвена на сите закани од Полска, таа е агресивна земја

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за време на своето секојдневно обраќање до печатот рече дека Русија е подготвена на сите закани од Полска, која ја опиша како агресивна земја и непријатен сосед на Белорусија. Тој рече дека Русија е свесна за тензиите меѓу Варшава и Киев и дека тие ќе растат.
„Тензиите меѓу Киев и другите европски престолнини неизбежно ќе се зголемат“, тврди тој.
Песков рече дека Владимир Путин набргу ќе разговара со својот турски колега Реџеп Таип Ердоган, но не прецизира конкретен датум, пишува „Гардијан’.
Тој додаде дека ставот на Русија за Црноморскиот договор за жито не е променет и дека Москва ќе се врати на договорот кога западните земји ќе ги исполнат своите ветувања.
Песков сугерира дека Русија ќе ги тужи странските влади доколку им наметнат некаков неочекуван данок на руските компании или ако ги замрзнат руските средства.
Европа
Полскиот претседател: Подготвен сум да разговарам со Зеленски како пријател

Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека е подготвен да разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски како пријател за да се реши тензичната ситуација меѓу земјите. Медиумите потсетуваат дека Варшава се закани дека ќе престане да испраќа оружје во Киев во екот на спорот околу увозот на жито.
Осврнувајќи се на изјавата на Зеленски, кој на Генералното собрание на ОН во вторникот рече дека некои од европските пријатели на Украина играат солидарност во политичкиот театар, Дуда за полскиот канал „ТВН24“ изјави дека, иако неговиот украински колега не ја спомна конкретно Полска, предлогот сè уште постои и дека сите го разбрале.
На прашањето дали е налутен од коментарите на Зеленски, Дуда рече дека е револтиран. „Бев навреден, тоа е подобар термин. Мислам дека треба малку да се смириме. Овој спор е само мал дел од нашата врска. Не треба да дозволиме да влијае на целата врска. Само другите ќе имаат корист од тоа”, изјави Дуда, а пренесува CNN.
На почетокот на оваа година, неколку земји од Европската унија воведоа забрана за увоз на украинскО житО со цел да ги заштитат своите земјоделци кои не можат да се натпреваруваат по цена.
Минатата недела ЕУ објави планови за суспендирање на ограничувањата, но Полска, Унгарија и Словачка рекоа дека имаат намера да ги задржат.
„Треба да го решиме ова. Тоа е всушност правен спор. Разбирам дека Украина е во таква ситуација што бара помош по секоја цена и затоа не се грижи каде продава жито. Ние сакаме да им помогнеме и ние им помагаме “, изјави Дуда за „ТВН24“.