Контакт

Европа

Германија се подготвува за хакерски напади во предизборната кампања

Објавено пред

Германската влада и Државната изборна комисија сметаат на хакерски напади кои ќе имаат цел да се манипулира предизборната кампања во пресрет на парламентарните избори во септември годинава и веќе преземаат одредени подготовки, пренесуваат во понеделникот германските медиуми.

„Се подготвуваме со полна пареа и минуваме низ различни верзии од можни хакерски напад“, вели шефот на Државната изборна комисија, Дитер Зерејтер за интернет издание на Frankfurter Allgemeine Sonntagszeitung, пренесуваат медиумите.

Тој воедно додава и дека за тројно се зголемени капацитетите на работната група за одбрана од хакерски напади и влијанието врз изборната кампања.

Министерот за правосудство Хеико Маас, Социјалдемократската партија на Германија (SPD), исто така, ја споменува можноста Германија во изборната година да стане цел на наводни хакерски напади од странство, при што особено ја истакнува Русија.

„Зад хакерските напади врз Бундестагот и германските политички партии стојат недвосмислено руски групи, вели Маас во разговорот за интернет издание на дневниот весник Welt am Sonntag. Додава дека во овие напади „истекоа мноштво податоци“.

Претседателот на Бундестагот, Норберт Ламерт од Христијанско-демократската унија (CDU) ги предупреди партиите на хакерските напади во изборната година.

„Она што технички е изводливо, ќе биде и применото. Никој не смее да верува во случајната политичка чесност на другите и дека Германија ќе остане поштедена од таквите напади, вели Ламерт.

И претседателот на Европскиот парламент, социјалдемократот Мартин Шулц, кој на почетокот од февруари се враќа во германската политика, предупреди во разговорот за дневниот весник Die Welt на можноста од наводно вмешување на руски хакери во европските избори.

„Мораме да го сториме сé што е во наша моќ, за другите земји не би влијаеле врз изборите во Европа, вели Шулц.

Според информациите на германските медиум и сојузното биро за односи со јавноста се подготвува за реакции на ткн „фејк њус, искривени односно лажни вести кои насочено се пласираат преку интернет./крај/мф/сн

Најново

Црна хроника2 минути

Пронајдени пиштол и ловечка муниција при претрес во валандовско, уапсен 43-годишник

Пиштол и ловечка муниција биле пронајдени при претрес во дом во селото Казандол, валандовско, а 43-годишниот сопственик бил лишен од...

Свет17 минути

(Видео) Илјадници Португалци на протести во 32 града поради станбената криза, бараат контрола на кириите и заштита од иселување

Илјадници луѓе денеска излегоа на улиците во 32 града низ Португалија, барајќи од владата итни мерки за справување со сè...

Свет26 минути

Трамп, Путин и Си Џинпинг следната недела на историска трилатерална средба во Кина – ќе разговараат за нуклеарното оружје

Трамп, Путин и Си Џинпинг планираат историска трилатерална средба следната недела во Кина, на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска...

Македонија55 минути

Меџити во Историската чаршија во Бурса: Размената на искуства со еснафите во функција на ревитализацијата на Старата скопска чаршија

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, во рамките на официјалната посета на Турција, ја посети Историската чаршија во Бурса, каде...

Македонија56 минути

СДСМ: Уште неколку членови од ЗНАМ 2.0 официјално се приклучија на организираната криминална група

Партиските редови на СДСМ денес се почисти за неколку лица кои ровареле по партијата, велат од СДСМ. „Кога ги откривме...

Црна хроника1 час

Уапсен 36-годишник од Гевгелија, ја следел и вознемирувал поранешната партнерка

Полицијата уапсила 36-годишен жител на Гевгелија по пријава дека агресивно се однесувал кон 43-годишна жена со која бил во врска,...

Спорт1 час

(Видео) Евроголовите на Винисиус се мала утеха, Јапонија го шокираше Бразил

Јапонската фудбалска репрезентација го победи Бразил со 3:2 во уште еден пријателски натпревар меѓу двата тима. Ова е втора победа...

Спорт1 час

Фенербахче подготвиле 10 милиони за Чалханоглу

По Ромелу Лукаку и Мејсон Гринвуд, Фенербахче ќе се обиде да го обезбеди потписот на Хакан Чалханолу, кој не сака...

Црна хроника2 часа

Пријавен 50-годишник од Пехчево за непочитување судска одлука за заштита од семејно насилство

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднела кривична пријава против 50-годишен маж од Пехчево поради сомнение за неизвршување судска одлука....