Контакт

Европа

Германскиот министер Зехофер: Миграцијата е мајка на сите политички проблеми

Објавено пред

Германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Зехофер, кој беше трн во окото на канцеларката Ангела Меркел кога таа инсистираше на политиката на отворени врати за бегалците, миграцијата ја смета за „мајка на сите политички проблеми” со кои се соочува Германија.

Во изјавата за германскиот весник „Реинише пост”, Зехофер рече дека миграцијата е клучен фактор кој е одговорен за зголемување на популарноста на екстремната десна партија Алтернатива за Германија.

„Прашањето за миграцијата е мајка на сите политички проблеми во оваа земја. Ова го зборувам веќе три години. И потврдено е со бројни анкети на јавното мислење”, рече Зехофер.

Шефот на конзервативната ЦСУ, баварскиот партнер на Меркеловата ЦДУ, ја доведе германската влада на работ на колапс на почетокот на оваа година заканувајќи се дека ќе почне да ги враќа мигрантите од границата.

Многу луѓе денес грижата за нивниот социјален статус ја поврзуваат со прашањето на миграцијата, рече Зехофер, предупредувајќи и на проблемот за изнаоѓање решение на европско ниво за урамнотежена распределба на мигранти.

Европа

Украина: Премиерот ги обвинува градоначалниците бидејќи во голем број градови нема греење

Објавено пред

Украинскиот премиер, Владимир Гросман, ги обвини локалните власти за избувнувањето на кризата околу цените на гасот поради што илјадници домаќинства останаа без парно греење.

Неколку украински градови останаа без греење откако националната гасна компанија „Нафтагас“ ги зголеми цените на гасот, а дел од општините се пожалија дека не можат да ги платат.

 

Прикажи повеќе...

Европа

Курц го поздрави нацрт-договорот за брегзит

Објавено пред

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, денеска го поздрави нацрт-договорот за брегзит и рече дека министрите од 27-те земји членки на ЕУ би можеле да се состанат следната недела со цел да се да постиге напредок во врска со ова прашање.

Курц, чија земја моментно претседава со ЕУ до крајот на годинава, изјави за новинарите во Виена дека ова е „добар резултат”, објави АП.

 

Прикажи повеќе...

Европа

Меј вели дека Британија е сè поблиску до брегзитот

Објавено пред

Велика Британија е значително поблиску до склучување договор за брегзитот, вели Тереза Меј.

Премиерката ќе одржи средба со кабинетот, при што ќе се обиде да ги освои симпатиите и поддршката на своите колеги за нацрт-договорот за повлекување од Унијата.

Меј вели дека по излезот, Британија ќе ја преземе контролата над границите, законите и финансиските средства, а ќе понуди и поголема заштита врз бизнисите и работните места.

Џереми Корбин, пак, вели дека Британија ќе биде заглавена во бесконечност во куќа во која ќе нема право на збор.

Лидерот на лабуристите вели дека Меј креира лажен избор пред парламентот.

Но, Меј вели дека целта на лабуристите е да го попречат процесот за брегзит и да го згазат гласот на народот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Ристиќ: Владата да го врати Груевски зад решетки

Актерката Ирена Ристиќ која денеска беше дел од протестот пред Владата побара од власта да го врати Никола Груевски, како...

Македонија17 минути

Како Груевски го стопи срцето на Орбан

„Орбан одби 70 проценти од барањата за азил на луѓе кои бегаат од војна, сиромаштија и угнетување. Но, има нешто...

Македонија18 минути

Савески: Притвор мора да има и за Мијалков, власта да покаже дека тој не е оставен на слобода поради уставните измени

Притвор мора да има и за Мијалков, а одговорните да поднесат одговорност за бегството на Груевски, беше пораката што членот...

Македонија1 час

Мицкоски: Одговорност за бегството на Груевски треба да се бара од Заев и Спасовски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку статус на социјалната мрежа „Фејсбук“ повика одговорност за бегството на експремиерот Никола Груевски да...

Македонија3 часа

Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер

Унгарската влада за „Макфакс“ вели дека властите дозволиле Никола Груевски да поднесе барање за азил, а со тоа да биде...

Македонија3 часа

Судот ги одби жалбите за „Империја“, Камчев ќе биде 30 дена во притвор

Кривичниот совет од скопска „единица“, составен од судиите Огнен Ставрев, Горан Бошевски и Васка Николовска-Масевска, ги одби жалбите на осомничените...

Македонија4 часа

Унгарски медиуми: Законот е сменет, унгарската влада треба Груевски веднаш да го врати назад

Унгарските медиуми се полни со вести за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Будимпешта. Тие пренесуваат дека портпаролот на...

Македонија6 часа

МВР: Не постои ниту една причина Груевски да добие азил во Унгарија

Не постои ниту една причина Никола Груевски да добие азил во Република Унгарија, изјавија од Министерството за внатрешни работи откако...

Македонија6 часа

Европратеничка прашува дали Груевски има ВИП-третман во барањето за азил

Холандската европратеничка Џудит Саргентини јавно ги праша унгарските власти дали ќе го одбијат барањето за азил на Никола Груевски оти...

Македонија6 часа

Заев: Нема никаков политички договор со Груевски, очекуваме Унгарија да го екстрадира

Премиерот Зоран Заев ги отфрла шпекулациите дека имало каков било политички договор со неговиот претходник Никола Груевски, кој е во...

Македонија7 часа

Груевски повеќе не може да се води како оправдано отсутен од Собранието, платата ќе му биде намалена

Отсуството на пратеникот Никола Груевски од собраниските седници повеќе нема да се води како оправдано, а платата ќе му се...

Македонија7 часа

(Видео) Стефанова за Мијалков: Нема недопирливи во оваа држава

Доколку постои најмал основ за сомнение дека постои опасност од бегство или влијание врз кој било сведок, веднаш ќе биде...

Македонија8 часа

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за целосна амнестија на 26 ноември пред пратениците

Предлог-законот за амнестија на осомничените, осудените и обвинетите за 27 април доставен од ВМРО-ДПМНЕ пред пратениците ќе се најде на...

Свет8 часа

Снимка од разговор во случајот со Кашоги: Кажи му на шефот дека мисијата е извршена

Кусо по убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, член на саудискиот одред на...

Македонија9 часа

Стефанова: Јанакиески и Божиновски се подготвувале за бегство

Миле Јанакиески и Кирил Божиновски се подготвувале да бегаат. До вакви сознанија дошло специјалното јавно обвинителство, кое веднаш побарало од...

Македонија9 часа

(Видео) Јанкулоска: Нема причина да ми се определи притвор

Јас ги почитувам мерките за претпазливост, не постои никаква причина да се преиначат, изјави ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска,...

Македонија10 часа

Судот потврди – Јанакиески и Божиновски притворени оти може да избегаат

Судот ја потврди информацијата дека Миле Јанакиески и Кирил Божиновски рано изутринава биле притворени поради опасност од бегство. „Кривичниот совет...

Македонија22 часа

Јанакиески: Немам намера да бегам, ја осудувам постапката на Груевски

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески го осудува бегството на експремиерот Никола Груевски. ,,Најостро го осудувам ваквиот чин...

Македонија23 часа

СЈО ќе бара притвори за обвинети, по бегството на Груевски

Специјалното јавно обвинителство од надлежниот суд ќе бара притвор како мерка за обезбедување  присуство за лица кои се обвинети во...

Македонија24 часа

Распишана меѓународна потерница за Груевски

Судот донел одлука за распишување меѓународна потерница за поранешниот премиер Никола Груевски, по информацијата дека тој се наоѓа во Унгарија....

Досие