Европа
Германското обвинителство поради тероризмот има недостиг од кадар
Главниот германски сојузен обвинител Петер Франк, укажа на алармантната состојба поради сé поголемиот број случаи со терористичка заднина, и во врска со тоа недостигот од персонал.
„Поради големиот пораст на бројот постапки со терористичка заднина, капацитетите на сојузното државно обвинителство се доведени до границата на издржливост“, изјавува главниот германски сојузен обвинител Петер Франк во писмото упатено на министрите за правда на 16-те сојузни покраини и на сојузниот министер Хеико Маас, кое го објави неделникот Spiegel.
Франк укажува на тоа дека борбата против тероризмот е задача на севкупниот државен апарат а не само на главниот државен обвинител чие седиште е во Карслруе во чија надлежност се случаите во кои се загрозени националната безбедност или уставниот поредок.
„Без помош во кадар од покраинските институции, главното државно обвинителство повеќе нема да биде во состојба да се справува со зголемениот број случаи“, се наведува натаму во апелот на Франк.
Во отвореното писмо се наведува дека е недозволиво што последните години во рамите на одлуката за зајакнатата борба против тероризмот сојузното биро за борба против криминалот, како и германската разузнавачка служба да добијат големи средства за зголемување на бројот на персоналот, додека државното обвинителство е „заборавено“.
Бројот случаи со терористичка заднина последните месеци, а особено по нападот од 19-ти декември на божикниот базар во Берлин, остро се зголемил.
Во средата во сеопфатна операција во Франкфурт беше уапсен Тунижанец кој се сомничи дека е поврзан со нападот во музејот Бардо во Тунис во 2015 година кога беа убиени 40-ина луѓе, а за кој постои сомневање дека подготвувал напади и во Германија,.
Тој, ако и извршителот на нападот со шлеперот во Берлин пред католички Божик, во Германија влегле со бегалскиот бран кон рајот од 2015 година./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Хеликоптер ги извлекува пожарникарите од надојдената вода: драматична снимка од Чешка
Чешки „Блеск“ објави драматично видео од четворица доброволци пожарникари од Крнов.
Тие отишле да им помогнат на жителите погодени од поплавите, но и самите заглавиле во поројот.
Takhle vypadala záchrana čtyř dobrovolných hasičů z Krnova, kteří při záchraně osob ze zatopených obydlí divokou vodou potřebovali sami pomoc. Zachraňovali je i @HZS_STC. Pomáhají totiž i mimo hranice Středočeského kraje. S @HasiciPraha se pravidelně střídají ve vrtulníkové… pic.twitter.com/aQf07urx2b
— Petra Pecková (@PPeckova) September 16, 2024
На објавеното видео се гледа како хеликоптер ги извлекува пожарникарите, чие возило е целосно опколено со вода.
Европа
Силен земјотрес во Романија
Околу 17:40 часот земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Романија, јави ЕМСЦ.
Земјотресот се случил на 62 километри северозападно од Бузау и на длабочина од 137 километри под епицентарот во близина на Бузау.
#Earthquake (#cutremur) possibly felt 19 sec ago in #Romania. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/7MbYZOb2L7— EMSC (@LastQuake) September 16, 2024
Сеизмичките прелиминарни податоци покажуваат дека земјотресот не требало да предизвика значителна штета, но веројатно многумина го почувствувале како лесна вибрација во подрачјето на епицентарот.
Европа
Бурата „Борис“ ќе се пресели во Италија
Обилни врнежи утре се очекуваат и во Австрија, Чешка и југоисточна Германија. Иако може да поминат уште неколку дена до падот на нивото на водата, времето ќе се подобри во централна Европа од средината на неделата. Бурата „Борис“ потоа ќе се префрли на југ во Италија, каде повторно ќе зајакне и ќе донесе силен дожд. Регионот Емилија-Ромања треба да биде најпогоден.
Научниците тврдат дека оваа рекордна количина на врнежи во Централна Европа е предизвикана од голем број фактори, меѓу кои и климатските промени. Различни временски елементи комбинирани за да создадат „совршена бура“ каде што многу студениот воздух од Арктикот се сретна со топлиот воздух од Медитеранот.
Моделот на атмосферскиот притисок значеше и дека бурата Борис долго време беше заглавена на едно место. Научниците велат дека потопла атмосфера задржува повеќе влага, што доведува до поинтензивни врнежи. Потоплите океани, исто така, доведуваат до поголемо испарување, хранејќи ги системите за бура.