Контакт

Европа

Грчкиот парламент ќе гласа за барањето за репарации од Втората светска војна

Објавено пред

Парламентот во Атина в среда вечерта ќе гласа за тоа дали Грција треба да бара милијарди евра за репарациите за кои неколку досегашни влади тврдат дека Германија им ги должи за нацистичката окупација за време на Втората светска војна.

Гласањето ќе ја одбележи првата официјална одлука на пратениците за ова прашање, кое повторно стана актуелно кога Грција остана заглавена во должничка криза пред една деценија.

Претседателот на парламентот, Никос Вуцис, се очекува да поднесе предлог – врз основа на извештајот на парламентарната комисија која ја процени штетата од окупацијата на над 300 милијарди евра – за следните правни и дипломатски чекори што Грција ќе ги преземе и да го стави на гласање во вечерните часови.

Германија во минатото се извини за злосторствата извршени од нацистите, но не беше подготвена да разговара за репарации.

Германија ја нападна Грција во мај 1941 година, а за време на Втората светска војна околу илјада грчки села беа уништени и десетици илјади луѓе загинаа од нацистичките трупи кои се обидуваа да го задушат грчкиот отпор.

Парламентарната комисија ги процени штетите од окупација на најмалку 269 милијарди евра, сума што се зголеми до 300 милијарди евра со вклучување на износот што нацистите ја принудија Банката на Грција да го даде во 1942 година, една година откако ја нападнаа Грција.

Овој „заем“ помогна да се финансира Хитлеровата воена кампања во Северна Африка.

Германија негира дека ѝ должи нешто на Грција бидејќи ѝ плати на Атина 115 милиони марки во 1960 година и смета дека прашањето е правно и политички решено.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Макрон: Со Берлин немаме ист став за брегзит

Објавено пред

Францускиот претседател, Емануел Макрон изјави дека француско-германското пријателство не значи дека двете земји не смеат да имаат различни ставови кога е, на пример, во прашање брегзитoт или односите со САД.

„Културата на компромиси е многу важна, и јас многу од тоа научив од канцеларката Ангела Меркел, но тоа не треба да го спречи изразувањето на францускиот став, ако тој постои“, изјави Макрон.

Како што пренесе „Ројтерс“, Макрон истакна дека конструктивната конфронтација понекогаш е неопходна за да дојде до компромис.

„По прашањето за брегзитот не сме баш на иста линија“, рече Макрон.

Прикажи повеќе...

Европа

Британија го осуди апсењето на продемократските активисти во Хонг Конг

Објавено пред

Британскиот секретар за надворешни работи, Џереми Хант, во четвртокот изјави дека затворањето на четворицата лидери на продемократските протести во Хонг Конг од 2014 година е длабоко разочарувачко.

Пресудата на активистите следуваше по едномесечно судење.

Велика Британија го врати ХонгКконг под кинеска власт во 1997 година според принципот една земја, два система, со гаранција за висок степен на автономија и слободи што не се уживаат на ниедно друго место во Кина.

Пресудите на активистите во Хонг Конг се длабоко разочарувачки, рече Хант на „Твитер“. Тој додаде дека целта на принципот една земја два система и заедничката декларација се почитување на граѓанските и политичките слободи.

Прикажи повеќе...

Европа

ЕУ и Јапонија ќе одржат самит во Брисел

Објавено пред

Европската Унија и Јапонија денеска ќе одржат самит во Брисел, кој ќе претходи на Г20-самитот, што ќе се одржи во Осака во јуни.

Лидерите на ЕУ и Јапонија ќе се сретнат за да ја дискутираат нивната трговска и стратешка соработка. Самитот во Брисел се одржува два месеца пред новиот трговски договор меѓу ЕУ и Јапонија да стапи во сила.

ЕУ ќе ја претставуваат претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер. Јапонија ќе ја претставува премиерот Шинзо Абе.

Со новиот трговски договор, ЕУ ќе ги укине даноците на 99 отсто од увезените јапонски производи, а Јапонија на 97 отсто од увозот од Европската Унија. ЕУ се надева дека ова ќе доведе до зголемување на извозот во Јапонија од 13 отсто.

Но, сè уште постојат несогласувања меѓу двете страни во однос на климатските промени. ЕУ е загрижена дека дека Јапонија сè уште не презела чекори за следење на одредбите од Парискиот договор за борба против климатските промени од 2015 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет29 минути

Ким ја напушти Русија четири часа порано

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун замина од Владивосток и тргна кон Пјонгјанг, јави руската новинска агенција „ТАСС“. Ким ја...

Свет37 минути

Антитерористичка операција во Мелбурн, уапсен маж пред црква

Еден маж е уапсен во близина на англиканската црква Света Марија во северниот дел на Мелбурн, при операција на австралиската...

Македонија2 часа

На граничниот премин Богородица се чека и до 45 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, велат од Автомотосојузот на Македонија. На граничните премини...

Избори 201913 часа

(Видео) Заев од Велес: Ќе игра метлата и на другата страна, кај оние што опструираат и враќаат режим!

Ќе фаќа метлата и на другата страна, на оние што опструираа. Ние сме добри, сите сме еднакви. Слушам пак списоци...

Топ14 часа

Извршен увид во скопско Рашче, каде што беше убиено едно лице

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид во селото Рашче каде што попладнево беше пронајдено починато машко...

Избори 201914 часа

Сиљановска во Карпош: Силата на аргументите мора да победи, вистината е на наша страна

Кандидатот за претседател Гордана Сиљановска-Давкова денеска на трибина во Општина Карпош им се заблагодари на граѓаните што ја подржаа во...

Македонија20 часа

95 новозаразени со сипаници, бројката се намалува, но епидемијата не стивнува

Во последните шест дена, од 20 до 25 април, пријавени се 95 нови случаи на заразени со сипаници. Во споредба...

Избори 201921 час

Гласањето поништено, но прегласување нема – ДИК прифати 7 од 14 приговори

Од 14 приговори, Државната изборна комисија (ДИК) прифати 7 приговори поднесени од штабот на Гордана Силјановска-Давкова, кои се однесуваа на...

Македонија22 часа

(Видео) Пендаровски: Да не бараат изговори, функционерите веднаш да ги повлечат своите роднини

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски изјави дека е неоправдано и неодговорно изнаоѓањето изговори дека се работи за некакви грешки и побара...

Македонија22 часа

Кирацовски најави повлекување на роднините од државните институции

Пратеникот од СДСМ, Александар Кирацовски, вели дека ќе ги повлече сите свои роднини од работните места во државните компании. Ова...

Избори 201923 часа

(Видео) 42 потпишани во списокот, а 82 гласачки ливчиња на избирачко место во Охрид

На избирачкото место 1338 во општина Охрид се делеле по две гласачки ливчиња за претседател и за градоначалник, а гласачите...

Македонија23 часа

Кабинетот на Иванов: Прекршочните пријави на ДКСК се политичка одлука

Прекршочните пријави на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) против претседателот Ѓорге Иванов се политичка одлука, реагира Кабинетот на претседателот....

Избори 20191 ден

(Видео) Вишок ливчиња во гласачките кутии, ДИК поништи гласање на повеќе избирачки места

Државната изборна комисија го поништи гласањето на повеќе избирачки места затоа што во гласачките кутии имало повеќе гласачки ливчиња од...

Македонија1 ден

Судијата Киро Здравев е нов претседател на Судскиот совет

Членовите на Судскиот совет едногласно со 12 гласа „за“ го избраа врховниот судија Киро Здравев за нов претседател на телото...

Избори 20191 ден

Кекеновски: Мицкоски повикува на одѕив како Груевски во 2004 година кога одработи за Црвенковски

Историјата и постапките на лидерите на политичките партии кога се во прашање претседателските избори се повторуваат, констатира професорот и лидер...

Македонија1 ден

Земјотрес во Дојран и Гевгелија

Земјотрес со јачина од 2,8 степена според Рихтеровата скала бил почувствуван ноќеска во Дојран и Гевгелија. „Телеметриската сеизмолошка мрежа утринава...

Свет1 ден

Путин: Разговорот со Ким беше темелен; Ким: Плоден и конструктивен

Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска изјави дека разговорот во четири очи со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во Владивосток бил темелен....

Вести1 ден

Прва средба Путин – Ким во Владивосток

Светска тема број еден денеска е средбата меѓу рускиот претседател, Владимир Путин, и севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун. Аналитичрите ја споредувааат...

Македонија2 дена

(Видео) ИВЗ: Одлуката на судот е донесена со фалсификувани документи, местото на судиите им е во Зоолошка

ИВЗ обвинува дека Граѓанскиот суд донел одлука за именување нов реис врз основа на фалсификувани документи, печати и потписи. Oд...

Македонија2 дена

ДКСК: Без интервјуа и записници се вработувале роднините на Кирацовски, Бектеши, Адеми

Целиот процес за тоа како тече непотизмот во државните и јавни институции денеска беше обелоденет на седницата на Државната комисија...

Досие