Европа
Во Данска жена што примила вакцина од „Астра зенека“ починала со невообичаени симптоми

Шеесетгодишна жена од Данска, која починала од тромб по примањето на вакцината на „Астра зенека“ имала невообичаени симптоми, објави Данската агенција за лекови.
Според Агенцијата, жената имала намален број тромбоцити и згрутчување во крвните садови, како и крвавење.
Програмата за вакцинација во Европа беше нарушена во изминатите две недели по извештаите за згрутчување на крвта кај луѓе по примање на вакцината од „Астра зенека“.
Некои земји привремено престанаа да ја употребуваат вакцината на „Астра зенека“.
Европската агенција за лекови – ЕМА објави дека нема индиции оти овие случаи биле предизвикани од имунизацијата со вакцината на „Астразенека“, што беше потврдено и од Светската здравствена организација.
Од „Астразенека“ објавија дека ги прегледале податоците за безбедноста на вакцината за луѓето што ја примиле и нема докази за зголемен ризик од згрутчување на крвта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Мишел и Фон дер Лајен се сретнаа првпат по инцидентот со фотелјата

Претседателот на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Чарлс Мишел се состанаа за прв пат од минатонеделниот протоколарен инцидент во Анкара.
Вон дер Лајен и Мишел одржуваат редовни состаноци еднаш неделно. Најновата средба привлече посебно внимание поради инцидентот што се случи во Анкара минатиот вторник.
За потсетување, тогаш турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги прими Фон дер Лајен и Мишел, а на состанокот Мишел доби место веднаш до Ердоган, додека Фон дер Лајен мораше да седи на блискиот кауч од страна. Мишел воопшто не реагираше.
Медиумите инцидентот го нарекоа „Софагејт“.
За најновата средба портпарол на Комисијата рече дека тоа е нормална неделна средба меѓу претседателот на Комисијата и претседателот на Европскиот совет за да се разговара за низа актуелни теми.
Според извори од Комисијата, Фон дер Лајен изјавила дека нема да дозволи да се повтори слична ситуација. Меѓу двете институции постои несогласување околу тоа кој ја претставува Европската Унија во странство според протоколот. Во Европскиот Совет тие тврдат дека Мишел, како претседател, има предност во протоколот, за која не се согласуваат во Европската Комисија и велат дека и двајцата треба да имаат ист третман.
Според фотографиите од претходните самити на ЕУ и Турција, јасно е дека, на пример, тогашните претседатели на Комисијата и Европскиот совет, Jeanан-Клод Јункер и Доналд Туск беа третирани целосно подеднакво. Сепак, поранешниот претседател на Комисијата Јункер тврди дека претседателот на Европскиот Совет има предност според протоколот и дека се случуваше тој да заврши на каучот, анализираат медиумите.
Многумина му замерија на Мишел што не реагираше веднаш и не се откажаа од местото на Фон дер Лајен.
Тој последните денови во медиумите изјави дека му е жал за она што се случило, но дека не сака да реагира за да не предизвика уште поголем инцидент.
„Оттогаш, не спиев добро, тие сцени постојано ми се вртат во главата“, рече Мишел и додаде дека ќе ја поправи ситуацијата ако може да го врати времето.
Заради овој инцидент, содржината и целта на посетата на Анкара целосно паднаа во втор план, пишуваат медиумите.
Европа
Словенија: Луѓето намерно се заразуваат со коронавирус за да можат полесно да патуваат

Словенија е загрижена поради опасен тренд кој се шири меѓу луѓето со намерно инфицирање со коронавирусот со цел да стекнат антитела за полесно да можат да патуваат. Ова се случува бидејќи, засега оние кои прележале Ковид-19 се третираат подеднакво како имунизираните со вакцина.
Епидемилогот и владина советничка за Ковид-19, Матеја Логар, предупредува на овој загрижувачки тренд.
„Забележуваме тренд на зголемување на бројот на оние кои сакаат што побрзо да се заразат со Ковид-19, за да може да добијат потврда дека го прележале вирусот со цел полесно минување на границите. Ова е опасна пракса која никако не смееме да ја препорачаме и да дозволиме да продолжи да се случува“, рече Логар.
Според неа, токму поради ова се разгледуваат нови можни ограничувања, односно измени во правилата за патување, но исто така и можноста оние што го прележале коронавирусот да бидат избришани од списокот на лицата кои не мора да се тестираат при преминување на граница.
За опасноста од намерното инфицирање со коронавирусот, предупреди и инфектологот Томаж Зовко од Универзитетскиот клинички центар во Љубљана.
„Сè уште не знаеме многу за оваа болест. Непредвидлива е и може да има трајни последици. Не знаеме точно какви долгорочни последици има оваа болест, особено кај помладите пациенти“, рече Зовко.
Тој вели дека најбезбедно е имунитет да се стекне преку вакцинирањето, отколку да се ризикува со вирусот.
„Сите кои намерно се заразуваат се изложуваат на ризикот од потешко заболување, затоа мораме да делуваме одговорно и да се заштитиме и себе и другите“, вели Зовко.
Европа
Нова студија: Британскиот вид на коронавирус не предизвикува потешка форма на Ковид-19

Британскиот вид на коронавирус не предизвикува потешки форми на Ковид-19, кои бараат нужна хоспитализација или завршуваат со смрт, стои во најновата студија објавена во медицинскиот журнал „Лансет“.
Станува збор за многу заразен вид на коронавирус кој за прв пат е откриен во Велика Британија, наречен Б.1.1.7.
Студијата вклучува 496 пациенти од Ковид-19, кои биле примени во британските болници во ноември и декември минатата година, а нивната состојба била анализирана во компаративна студија со пациенти со други соеви на коронавирус.
Истражувачите не препознале разлика во ризикот од сериозни болести, смрт или други клинички исходи кај пациенти со Б.1.1.7 и оние со други видови на коронавирус, пренесува Ројтерс.
Друга студија открива дека вакцините најверојатно ќе бидат ефикасни против британскиот сој на коронавирус бидејќи нема зголемување на стапката на повторена инфекција во споредба со другите видови.
Според британските научници, Б.1.1.7 бил околу 40% до 70% повеќе пренослив од претходните доминантни соеви на Ковид-19.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш