Контакт

Европа

Ден по масакрот, полицијата во Прага нареди: Внимавајте на училиштата

Објавено пред

Чешката полиција презеде мерки на претпазливост за училиштата во таа земја по масовното пукање на универзитетот во Прага, во кое беа убиени 15 лица.

Исто така, Владата ја прогласи сабота, 23 декември, за ден на национална жалост.

„Од денеска донесовме национални превентивни мерки во однос на чувствителните цели и училиштата. Немаме информации за конкретна закана и тоа е навистина превенција – сигнал дека сме тука и дека сме подготвени“, соопштија од полицијата.

Напаѓачот, 24-годишниот Дејвид Козак, студент на тој универзитет, по случаен избор пукал во своите колеги. Тоа е едно од најлошите масовни убиства во историјата на Чешка. Засега не е познат мотивот за злосторството.

Чешката полиција соопшти дека не се работи за терористички чин. Се сомнева дека Козак го убил и својот татко во утринските часови во предградието на Прага.

Медиумите јавуваат дека напаѓачот се самоубил кога пристигнала полицијата.

„Владата донесе заклучок во кој изразува длабоко сочувство до семејствата на жртвите, а со едноминутно молчење на почетокот на владината седница им оддадовме почит на жртвите од престрелката“, соопшти Фијала, пренесува „Новинки“.

Тој ги повика граѓаните на Чешка на 23 декември во 12 часот на едноминутно молчење додавајќи дека во тоа време ќе бијат и црковните ѕвона во целата земја.

Чешката полиција го откри идентитетот на 11 од 14-те жртви на пукањето на универзитетот во Прага и објави дека напаѓачот, 24-годишен студент, легално поседувал огнено оружје и бил инспириран од слични настани во странство.

Полицијата соопшти дека цела ноќ работела во зградата на Филозофскиот факултет и дека сѐ уште работи на утврдување на идентитетот на преостанатите жртви, објави чешката новинска агенција ЧТК.

Во рамките на мерките на претпазливост на улиците ќе има и вооружени полицајци, соопшти полицијата.

Напаѓачот е 24-годишен студент, кој легално поседувал огнено оружје и немал криминално досие. Според полицијата, тој бил инспириран од сличен случај во странство, а пукањето очигледно било дело на осамен вооружен маж.

Најново

Спорт40 минути

(Видео) Франција за 14 минути ја прегази Белгија, Италија уште еднаш ја совлада Турција

Репрезентацијата на Франција ја победи Белгија во натпреварот од четвртото коло од Групата 1 од елитната А дивизија на Лигата...

Спорт2 часа

(Видео) Медведев: Ужасно се чувствувам, сакам лично да му се извинам на човекот

Данил Медведев се огласи по неговата дисквалификација во полуфиналето во Пекинг против Новак Ѓоковиќ и истакна дека е многу повеќе...

Спорт2 часа

Валтери Ботас од Малезија до Сингапур патува со велосипед

Трките во Малезија и Сингапур се сметаат за меѓу физички напорните во календарот на Формула 1, но тоа не е...

Регион2 часа

Солзавец пред Собранието во Приштина, демонстрантите не им дозволуваа на пратениците да излезат

Косовската полиција вечерва употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои го блокираа Собранието во Приштина и не им дозволуваа...

Спорт2 часа

Топ 10 најплатени тренери во светот: Карло Анчелоти ја предводи листата

Карло Анчелоти, предводникот на Бразил е најплатениот селектор во светот на фудбалот. Како што објавија светските медиуми и специјализираните портали,...

Свет3 часа

(Видео) Се урна воен авион со 32 лица во Нигерија

Воен авион со 32 лица денеска се урна во јужниот дел на Нигерија, а засега нема информации за евентуални жртви,...

Свет3 часа

Иранскиот претседател: Нема смисла да преговараме со САД додека ни се закануваат

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека преговорите со Соединетите Американски Држави немаат смисла, за време на средбата со ерменскиот...

Забава3 часа

Сем Алтман предупредува: Не ѝ припишувајте религиска моќ на вештачката интелигенција

Извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, јавно предупреди дека луѓето не треба да ѝ припишуваат религиска моќ на вештачката интелигенција...

Регион4 часа

(Видео) Австриски јутјубери влегле на воен аеродром во Србија и се качувале по авиони

Двајца австриски јутјубери објавија видео за кое тврдат дека го прикажува нивното неовластено влегување во воениот аеродром „Полковник-пилот Миленко Павловиќ“...