Daily news
Доналд Туск ја претстави европската рамка на преговори за Brexit
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск ја претстави европската рамка на преговори за раздружување со Велика Британија и нагласи дека приоритет е прашањето што со Европјаните што живеат и работат на Островот, како и што со парите кои според поранешните договори Велика Британија е должна да продолжи да ги уплатува во европскиот буџет.
Туск, исто така, ја отфрла можноста Британците да го условуваат учеството во безбедноста и заедничката борба против тероризмот, пренесува Гласот на Америка.
Дури кога ќе се испреговара задоволителното ниво на детали за разводот, дури тогаш Унијата ќе се согласи да ги започне преговорите со Лондон за идните односи, но никако паралелно, како што бараше британската влада.
Околу три милиони Европјани живеат во Велика Британија и околу милион Британци во ЕУ, а кога станува збор за финансиските обврски на Лондон, тие до крајот на буџетската пресметка, се проценуваат на 60 милијарди евра. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
