Европа
Европа ќе бара поблаги рестрикции на границите во внатрешноста на ЕУ

Европската комисија испрати писма до Белгија, Германија, Унгарија, Данска, Финска и Шведска во кои изразува загриженост за едностраната примена на строги мерки на границите поврзани со влегување и напуштање на тие земји, информираат од Комисијата.
„Ја потенциравме потребата, ограничувањата на движењето да бидат недискриминирачки и пропорционални. Бараме од земјите членки да ги усогласат своите мерки со заеднички усвоените препораки и правила за слобода на движење“, рече портпаролот на Комисијата, Кристијан Виганд.
Европската комисија наведува дека земјите кои се опфатени со планот имаат рок од 10 дена да одговорат на писмото на комисијата и да предупредат на можни законски чекори во случај да не се најде решение.
„Целта е да се најдат решенија што е можно поскоро. Тоа е во интерес на самите земји членки“, информираат од Брисел.
Претходно, Европската комисија ги потсети сите земји членки на договорот за заеднички и координиран пристап кон можните ограничувања на слободата на движење во рамките на ЕУ и истакна дека се очекува сите да бидат водени од овие принципи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Австриски Тирол стана едно од најголемите жаришта на јужноафриканскиот сој во Европа

Австрија ќе добие дополнителни 100.000 дози од вакцината на „Фајзер“ против Ковид-19.
Овие дози ќе служат за да се вакцинираат возрасните во алпскиот регион Тирол, едно од најголемите жаришта на јужноафриканскиот сој на коронавирус во Европа, соопшти денеска владата.
Минатиот месец австриската влада воведе негативен тест на коронавирус како обврзувачки за напуштање на Тирол.
Студиите покажуваат дека постојните вакцини може да бидат помалку ефикасни против оваа варијанта.
„Нашата цел е да го потиснеме овој вид најдобро што можеме. Овој вид коронавирус претставува закана за сите нас, не само во Тирол туку и во цела Австрија“, рече канцеларот Себастијан Курц.
Курц додаде дека ќе бидат спроведени истражувања за да се утврди дали вакцината на „Фајзер“ е ефикасна против јужноафриканскиот сој до степен до кој владата очекува.
Европа
Џонсон: Го осудивме убиството на Кашоги, повикуваме на истрага

Велика Британија го осуди убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги и продолжува да бара целосна истрага за неговата смрт, изјави британскиот премиер Борис Џонсон.
Тој зборуваше на прес-конференција во Лондон, на која беше запрашан дали Велика Британија ќе ја прекине продажбата на оружје на Саудиска Арабија поради конфликтот и хуманитарната криза во Јемен, каде што саудиската коалиција се бори против јеменските бунтовници на страната на меѓународно признатата влада.
Џонсон истакна дека Велика Британија го почитува долгогодишниот пакет-правила и конвенции за продажба на оружје.
Европа
Словачка воведува полициски час

Словачка од вечерва ќе воведе полициски час, изјави министерот за здравство, Марек Крајчи.
Според владината одлука, на Словаците нема да им биде дозволено да ја напуштат куќата од 20 до 5 часот наутро.
На луѓето им се препорачува да останат дома, исклучок е доколку треба да одат на лекар, на работа или на прошетка за рекреација или со кучиња. Полицискиот час ќе биде задолжителен до 19 март и може да биде продолжен, известуваат од владата на Словачка.
Земјата со 5,4 милиони жители во последните две недели има пријавено просечно 24 смртни случаи на 100.000 жители, јавуваат светските агенции.
„Високата стапка на смртност се должи на многу фактори, Словачка направи голем број грешки“, рече претседателот на медицинскиот синдикат, Питер Висолајски.
„Карантинот беше воведен предоцна и не беше доволно набљудуван. Покрај тоа, стапката на смртност е последица на општо лошата здравствена состојба во Словачка“, рече Висолајски.
Според него, наместо да се воведуваат нови ограничувања, подобро е да се применат постојните за да се намали бројот на заразени лица.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер