Контакт

Европа

Европол и GCA се здружија во борбата против сајбер-криминал

Објавено пред

Европската полициска служба (Eвропол) и Глобалната сајбер алијанса (GCA) потпишаа договор за разбирање, кој подразбира соработка за намалување на системскиот компјутерски ризик и подобрување на интернет безбедноста во цела Европа и пошироко.

dobivaj vesti na viber

Како што се наведува во соопштението на Европол, спогодбата подразбира и заедничка борба против сајбер криминалот, размена на информации за најновите сајбер трендови, како и заеднички меѓународни проекти кои би требало да допринесат за безбедноста.

По потпишувањето на спогодбата, директорот на Европол, Роб Вајнрајт, истакна дека комјутерскиот или сајбер криминалот и интернет безбедноста се мултидисциплинарни прашања, а клучните алатки за борба против сајбер криминалот мора да бидат развиени и тие да бидат секогаш чекор пред од криминалците.

„Потпишување на договор со организација каква што е GCA, која е основана со цел да се спротивстави, да реши и спречи сајбер активности, е во склад со приоритетите на Европол“, Рече Вајнрајт.

„Ние сме бомбардирани од медиумски извештаи за сајбер напади и повреди што ги загрозуваат чувствителните информации или ги нарушуваат инфраструктурите. Соработката ќе биде фокусирана на исход кој треба да допринесе кон намалување на системскиот сајбер ризик во Европа и ширум планетата“, рекол претседателот на GCA Фил Рајтингер. крај/мф/вс

Европа

САД, Јапонија и Јужна Кореја со осуда за истреланата балистичка ракета: Тоа е неприфатливо

Објавено пред

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, заедно со министрите за надворешни работи на Јапонија и Јужна Кореја, остро го осудија севернокорејското истрелување на балистичка ракета над Јапонија, изјави портпаролот на Стејт департментот.

dobivaj vesti na viber

Тројцата, исто така, го осудија непочитувањето на резолуциите на Советот за безбедност на ОН од страна на Северна Кореја и дестабилизирачките последици за регионот, рече портпаролот Нед Прајс.

Блинкен истакна дека посветеноста на Америка за одбрана на Јужна Кореја и Јапонија останува силна и ја повтори важноста од блиска трилатерална соработка за да се бара одговорност од Северна Кореја за нејзиното неприфатливо однесување.

Медиумите потсетуваат дека денеска, за прв пат по пет години, нуклеарно вооружената Северна Кореја истрела балистичка ракета над Јапонија.
Јапонската влада издаде предупредување до граѓаните да се засолнат додека проектилот прелета над земјата, пред да падне во Тихиот Океан.

„Серијата акции на Северна Кореја, вклучително и повторените лансирања на балистички ракети, ги загрозуваат мирот и безбедноста на Јапонија, регионот и меѓународната заедница и претставуваат сериозен предизвик за целата меѓународна заедница, вклучително и Јапонија“, изјави владиниот портпарол Хирозаку Мацуно. Недолго потоа, јапонскиот премиер го нарече чинот на Пјонгјанг варварски.

Главниот штаб на јужнокорејската армија објави дека се чини дека станува збор за ракета со среден дострел лансирана од севернокорејската провинција Јаганга.

Јапонската телевизија Асахи, повикувајќи се на неименуван извор од владата, објави дека ракетата паднала на околу три илјади километри од Јапонија.

Поради севернокорејската ракета во прекин е железничкиот сообраќај во северните региони на Јапонија, јави јапонската телевизија NHK. Ракетните и нуклеарните програми на Северна Кореја се забранети со резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Прикажи повеќе...

Европа

Хорор во Ливерпул, кучиња убија 60 годишна жена

Објавено пред

Во Ливерпул попладнево 60 годишна жена била убиена од кучиња. Според извештаите, жената не била нападната на улица туку „внатре во имотот“, а за тоа биле известени нејзините роднини, пренесува „Мирор“.

dobivaj vesti na viber

Според детективскиот инспектор Гевин Мулкахи, шокот што овој настан ќе го предизвика во локалната заедница е разбирлив. Тој побара од соседството да контактираат со полицијата, која ќе продолжи со увид на местото на настанот, доколку има дополнителни информации.

Останува непознато дали жената била убиена од нејзините кучиња и од која раса биле тие.

Повеќе од 200 сопственици на кучиња се под истрага во Мерсисајд, Ливерпул, за напади од нивните миленици во последните 5 години, пишува „Liverpool Echo“.

Според Министерството за правда, бројките покажуваат дека минатата година 43 лица од Мерсисајд биле кривично гонети затоа што им дозволиле на нивните кучиња опасно да излезат од контрола на јавно место и за нанесување повреда на друго лице.

Од тој број, 38 резултираа со осудителна и само една затворска казна.

Десет сопственици на кучиња добија општокорисна работа, 18 прекршочни пријави, а 3 сопственици добија налози за обесштетување.

Прикажи повеќе...

Европа

Рекордни 83 отсто од Украинците сакаат членство во НАТО

Објавено пред

Рекордни 83 отсто од Украинците сакаат нивната земја да се приклучи на НАТО-алијансата, објави денеска киевската Агенција за испитување на јавното мислење, повикувајќи се на резултатите од истражувањето спроведено откако Киев поднесе барање за членство во воениот блок.

dobivaj vesti na viber

Агенцијата „Рејтинг груп“ спроведе истражување на примерок од 2.000 испитаници на 1 и 2 октомври, откако украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот објави дека Украина поднесува забрзана апликација за членство во НАТО.

Ова е највисокиот регистриран процент на луѓе во Украина кои го поддржуваат членството во НАТО, соопшти „Рејтинг груп“.

Само четири отсто од испитаниците рекле дека би гласале против влезот во блокот, а девет отсто рекле дека воопшто нема да гласаат.

Во ноември минатата година 55 отсто од испитаниците го поддржаа приклучувањето кон алијансата, што покажува колку се промени јавното мислење откако Русија ја започна инвазијата на Украина.

Со години Русија се спротивставува на проширувањето на НАТО, кое го смета за безбедносна закана.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет44 минути

Азербејџан ја гранатираше Ерменија, нови судири на граничниот премин меѓу двете земји

Азербејџанските војници синоќа со минофрлачи и мало оружје ги гранатираа граничните позиции на Ерменија, соопшти Министерството за одбрана на Ерменија....

Свет48 минути

Северна Кореја ја поддржува руската анексија на украинските територии

Северна Кореја ја поддржува руската анексија на четири украински региони, изјави денеска севернокорејскиот министер за надворешни работи Ко Сон Хуи,...

Свет56 минути

(Видео) Повеќе од 100 луѓе загинаа од ураганот Ијан кој ги погоди Флорида и Северна Каролина

Бројот на загинати од ураганот Ијан во Флорида и Северна Каролина се искачи на 103, а спасувачките тимови по втор...

Свет1 час

Трамп го тужи Си-Ен-Ен за клевета, бара отштета од 475 милиони долари

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во понеделникот го тужеше Си-Ен-Ен за клевета, барајќи отштета од 475 милиони долари. Во својата...

Свет1 час

Јапонија подигна борбени авиони откако Северна Кореја лансираше проектил

Откако Северна Кореја лансираше ракета со среден дострел што прелета дел од северна Јапонија, а властите во Токио наредија евакуација...

Свет1 час

(Видео) Северна Кореја лансираше проектил во Јапонија, во Токио издадена наредба за евакуација

Северна Кореја истрела балистичка ракета која утринава прелета над Јапонија за прв пат по пет години, што предизвика предупредување до...

Регион14 часа

Радев не ја поддржа декларацијата за членство на Украина во НАТО

Бугарското претседателство објави официјален став за одбивањето на шефот на државата Румен Радев да ја поддржи декларацијата на деветмина негови...

Европа16 часа

Украинските сили со голема брзина ги пробија руските линии на југот на земјата

Украинските сили го постигнаа најголемиот успех на југот на земјата од почетокот на војната со пробивање на линијата на фронтот...

Свет16 часа

(Видео) Нов испад на Бајден, ја погреши насоката за движење

Еден ден по гафот на кој ја повика починатата конгресменка обраќајќи и се како да е сè уште жива, американскиот...

Македонија19 часа

(Видео) Ако не се извинат, Ковачевски најави тужба за ВМРО-ДПМНЕ: Јас сум веќе две недели под константни напади

Најдолни лаги, според премиерот Димитар Ковачевски, се обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за тоа дека го избегнал служењето војска правејќи се неспособен...

Регион19 часа

(Видео) Вучиќ од Будимпешта: Србија нема да биде паркинг за мигрантите

Денеска, во Будимпешта се одржува трилатералниот самит на Унгарија, Србија и Австрија за мигрантската криза. Се работи за заедничка акција...

Македонија20 часа

Обвинетите за убиството на Тот имале гризење на совеста и чувство на вина, сведочеше психијатарот Марцикиќ

Дваесет и еден ден по убиството на ракометарот Денис Тот, сега обвинетите Анџело Ѓорѓиевски, Клементина Лефковска и Андреј Костовски имале...

Економија20 часа

Поскапуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 0,50 денари/л. Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се...

Македонија20 часа

Тупанчески на првиот академски час: Не учете за оцена! Учете да научите! Учете за да знаете!

Министерот за правда, Никола Тупанчески, се обрати на првиот академски час на Правниот факултет „Јустинијан Први“. На идните студенти им...

Економија21 час

Бонус до 3.000 евра ќе добијат вработените во Германија поради инфлацијата

Вработените во Германија ќе може да добиваат регреси и премии до 3.000 евра годишно, без даноци и придонеси, за полесно...

Свет22 часа

Рамзан Кадиров ги испраќа своите малолетни синови во војна

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, најави дека тројца негови малолетни синови набргу ќе заминат на фронтот во Украина. „Тоа што...

Свет22 часа

Русија ќе го тестира новото оружје „Посејдон“, предупреди НАТО

Како што напредува војната во Украина, има сè повеќе информации за нов тип на оружје што го користат двете завојувани...

Економија23 часа

Меѓународната агенција за енергетика со совет до ЕУ: „Штедете гас“

Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) ја советува Европската Унија да штеди гас за да се избегнат празните магацини и ризикот...

Свет23 часа

Си-ен-ен: Времето на Путин истекува и тој тоа го знае

Времето на рускиот претседател Владимир Путин истекува и тој тоа го знае. Во меѓувреме, неговиот бомбастичен настап продолжува – објавувајќи...

Македонија23 часа

Без струја утрово во скопски Карпош, граѓаните во страв дека рестрикциите се почнати

Жители на Карпош 1, 2, 3 и 4 утрово пријавуваат дека останале без струја. Речиси еден час траел прекинот, а...