Контакт

Европа

Европската комисија: Нашите пари не можат да се користат за поставување на бодликави огради

Објавено пред

Европската комисија соопшти дека нејзините средства може да се користат за финансирање на граничната инфраструктура, но не треба да се инвестираат во поставување огради или бодликава жица.

Според новинарските извештаи, илјадници мигранти заглавени во Белорусија се собраа на границата со Полска, каде оградите од бодликава жица и полските војници постојано им го блокираа влезот.

Од Комисијата велат дека ги помагаат активностите за управување со границите, вклучително и за граничната инфраструктура, преку буџетот на ЕУ.

„Нашиот став е дека европските фондови не треба да се користат за финансирање на ваков тип на инфраструктура – огради или бодликава жица и судејќи според информациите што ги добиваме тоа не е така, а во тек се процедури за да се осигура дека Комисијата знае во што се вложуваат парите од европските фондови“, изјави портпаролот на комисијата на брифинг со новинарите во Брисел, пренесува Ројтерс.

Европа

Омикрон пристигна и во Шпанија

Објавено пред

Шпанија го потврди првиот случај на инфекција со омикрон-сојот кај 51-годишен маж што пристигнал од Јужна Африка преку Амстердам во Мадрид.

Мажот има благи симптоми на болеста и е во изолација за да не ја шири инфекцијата.

Микробиолошката служба на болницата „Грегорио Марањон“ во Мадрид го потврди присуството на варијантата Б.1.1.529 на вирусот, која претставува голем број мутации, а која првпат е идентификувана во Јужноафриканската Република.

„Ова е она што го знаеме за овој вирус: тој се нарекува омикрон и содржи повеќе од 30 мутации“, објави шпанската јавна телевизија TVE.

На патникот му е направен брз тест во неделата по слетувањето на аеродромот во Мадрид, кој покажал дека тој е позитивен на Ковид-19. Здравствената служба сега проверува и контактира со луѓето со кои можеби бил во контакт за време на летот од Амстердам.

Шпанија бара негативен резултат од тестот за сите патници што доаѓаат од Јужноафриканската Република и шест други африкански земји оценети како области со висок ризик.

Во Каталонија два можни случаја на инфекција со омикрон-сојот се проучуваат истовремено кај двајца патници што беа позитивни на тестот на Ковид-19 по слетувањето на аеродромот „Ел Прат“ во Барселона. Тие пристигнаа од Јужна Африка преку Германија.

Светската здравствена организација (СЗО) во понеделникот предупреди дека ризикот од ширење на овој сој на коронавирусот во светот е висок.

Научниците во моментот се обидуваат да утврдат дали омикрон е отпорен на вакцините и дали е уште позаразен и велат дека сѐ уште е рано да се утврдат ризиците од заразување со овој сој на вирусот.

Повеќето луѓе во Јужна Африка што биле откриени со омикрон имаат благи симптоми на болеста, а тамошната здравствена служба предупреди дека ширењето се случило кај помлади луѓе.

Прикажи повеќе...

Европа

Кралицата Елизабета Втора испрати порака до новата Република Барбадос

Објавено пред

Британската кралица Елизабета Втора испрати порака до новата Република Барбадос: „најтопли, најдобри желби за среќа, мир и просперитет во иднината“ додека го слават својот посебен ден.

Во пораката до новата претседателка Сандра Мејсон и граѓаните на карипската држава кралицата ја пофали нацијата, која има посебно место во нејзиното срце, „нејзината енергична култура, спортска сила и природна убавина“.

Барбадос стана Република на церемонија на која присуствуваа водечки фигури на таа земја, вклучително и премиерката Миа Мотли и суперѕвездата Ријана. Принцот од Велс одржа говор во кој ги истакна трајните врски меѓу Барбадос и Обединетото Кралство.

Кралицата ѝ честита на Мејсон, која стана првиот претседател на Барбадос.

„Јас првпат ја посетив вашата прекрасна земја во пресрет на независноста на почетокот на 1966 година и исклучително ми е драго што мојот син е со вас денес“, се вели во пораката на британската кралица.

„Од тогаш луѓето од Барбадос имаат посебно место во моето срце, ова е земја што со право се гордее со својата енергична култура, спортска сила и природна убавина, земја што привлекува посетители од целиот свет, вклучително и многу од Обединетото Кралство“.

Кралицата додаде дека земјите со години биле партнери врз основа на заеднички вредности, блиска соработка за разни прашања, вклучително и неодамнешната акција за борба против климатските промени.

„Додека го прославувате овој посебен ден, вам и на сите на Барбадос ви испраќам најтопли желби за вашата среќа, мир и просперитет во иднина“, додава кралицата.

Британската кралица е на чело на Барбадос од осамостојувањето на островот во 1966 година.

Со години имаше национална дебата за Барбадос да се направи Република пред премиерката Миа Мотли да го повлече историскиот потег минатата година.

Кралицата останува на чело на уште 15 земји, а од земјите од регионот на Карибите ѝ остануваат Антигва и Барбуда, Бахамите, Белизе, Гренада, Јамајка, Свети Кристофер и Невис, Сент Лусија и Свети Винсент.

Прикажи повеќе...

Европа

Блинкен: Потребно е поголемо присуство на ЕУ и САД на Балканот

Објавено пред

Австрискиот министер за надворешни работи, Мајкл Линхарт, и министерот за надворешни работи на САД, Антони Блинкен, сметаат дека е потребно поголемо присуство на ЕУ и САД во Западен Балкан.

Кaко што пренесуваат медиумите во регионот, ова го изјавил министерот Линхарт во телефонскиот разговор со својот американски колега.

Тој посочи дека тема на разговор бил пристапот на Западен Балкан кон Европската Унија во кој Блинкен го поздравил посилниот ангажман на Австрија во регионот.

„Наш заеднички интерес е ЕУ и САД да бидат присутни во регионот и да дејствуваат координирано“, посочи Линхарт.

Блинкен исто така ја потврдил важноста на трансатлантските односи за безбедноста и просперитетот на Европа, САД и светот.

Процесот на пристапување на земјите од Западен Балкан во Европската Унија е значително забавен, делумно поради слабите реформи во земјите апликанти, а најмногу поради тоа што самата Унија го стопира процесот на проширување поради внатрешни несогласувања, анализираат медиумите.

Според нив, Кина и Русија го искористија тоа време за да го зголемат своето влијание во регионот.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа49 минути

Блинкен: Потребно е поголемо присуство на ЕУ и САД на Балканот

Австрискиот министер за надворешни работи, Мајкл Линхарт, и министерот за надворешни работи на САД, Антони Блинкен, сметаат дека е потребно...

Свет2 часа

Директорот на „Модерна“: Постојните вакцини помалку ефикасни против новиот сој омикрон

Извршниот директор на фармацевтската компанија „Модерна“, Стефан Бансел, изјави дека е малку веројатно оти вакцините против Ковид-19 ќе бидат исто...

Македонија2 часа

Бугарските власти ќе ги презентираат резултатите од инспекцијата на автопатот по трагичната несреќа на „Струма“

Министерката за регионален развој на Бугарија, Виолета Комитова, нареди увид на патната делница меѓу Драгичево и Горна Дикања по констатираните...

Македонија15 часа

Повреден возач кога македонски камион се превртел на автопат во Хрватска

Камион со платформа за превоз на други возила се превртел на 130-тиот километар од јужната страна на автопатот А3 Брегана...

Македонија17 часа

Сопственикот на „Беса транс“: Си велам зошто не бев и јас во автобусот

Сопственикот на туристичката агенција „Беса транс“, Беким Хаџиу, првпат по стравотната несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, во интервју за...

Македонија17 часа

Заев – Гаши: Постигната начелна согласност за можна соработка, во тек се консултации за кадровски решенија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, и претседателот на политичката партија Алтернатива, Африм Гаши, имаа работна средба...

Македонија21 час

22 починати и 118 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје,дека во последните 24 часа: Направени се 1.245 тестирања, а...

Македонија21 час

Филипче: Нема потреба од рестрикции поради новиот сој

Минитестерот за здравство, Венко Филипче, смета дека нема потреба од рестрикции поради појавата на новиот сој омикрон. Вели дека епидемиолошката...

Македонија21 час

Гаши: Не е одговорно да бараме од СДСМ кој ќе биде мандатар

За нас е битно да се договориме кој е концептот, а не да ги принудуваме политичките партии на решенија, вели...

Европа23 часа

Владимир Гушчин: Постојните вакцини штитат и од сојот омикрон

Постоечките вакцини против коронавирус ќе обезбедат заштита од потешки форми на Ковид-19, како што е и новиот сој омикрон, изјави...

Македонија1 ден

Бурим Сејдини реизбран за претседател на Управен суд

На денешната седница Судскиот совет го избра судијата Бурим Сејдини за претседател на Управен суд. Во соопштението за седницата се...

Европа1 ден

Германски имунолог: Омикрон варијантата можеби потекнува од пациенти со ХИВ

Изненадувачки големиот број на мутации откриени на шилестиот протеин кај новата варијанта на коронавирусот, наречена омикрон, може да укажува дека...

Свет1 ден

СЗО со конкретно соопштение: Mожни се сериозни последици од новооткриената варијанта омикрон

Ризикот од новооткриената варијанта на коронавирусот т.н. омикрон е висок, објави Светската здравствена организација (СЗО). Во своето утринско соопштение, СЗО...

Македонија2 дена

Имаме мнозинство и очекуваме дополнително да се зголеми, рече Османи

Има мнозинство во парламентот кое очекуваме дополнително да се зголеми, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи одговарајќи на новинарски...

Свет2 дена

Светската медицинска асоцијација: Можеби вакцината против Ковид ќе треба да се дава секоја година

Дополнителна доза од вакцината против коронавирусот веројатно ќе биде потребна секоја година, смета претседателот на Светската медицинска асоцијација, Франк Улрих...

Македонија2 дена

Кои се луѓето кои го следат секој мој потег, прашува Аријанит Хоџа по објавената фотографија од средбата со Муса Џафери

Министерот во оставка од Движењето Беса, Аријанит Хоџа ја искоментира фотографијата што се појави на социјалните мрежи, а на која...

Македонија2 дена

Сопственикот на „Беса Транс“: Овие тестови се од Алах

Сопственикот на автопревозникот „Беса Транс“, Беким Хаџиу, преку социјалната мрежа „Фејзбук“ се огласи во врска со автобуската несреќа во која...

Свет2 дена

ГАВИ: Омикрон видот се појави поради неправедната распределба на вакцините во светот

Меѓународната асоцијација за промоција на правична вакцинација во светот, ГАВИ, оцени дека појавата на новиот сој на коронавирусот-омикрон укажува на...

Македонија3 дена

Почна постапката за кандидирање за претседател на СДСМ, изборите на 12 декември

Централниот одбор на СДСМ на синоќешната седница донесе одлука за започнување на процесот за организирање внатрепартиски непосредни избори за претседател,...

Македонија3 дена

ДУИ смета дека оставката на Заев од премиерката позиција треба да почека

Првиот вицепремиер Артан Груби, денеска изјави дека ДУИ верува оти оставката на премиерот Зоран Заев од функцијата прв човек на...

Досие