Европа
Европската комисија одобри да се купат дополнителни 300 милиони дози од вакцината на „Модерна“

Европската комисија го одобри вториот договор со фармацевтската компанија „Модерна“ за набавка на дополнителни 300 милиони дози вакцина против Ковид-19, од кои 150 милиони дози ќе бидат доставени оваа година, а 150 милиони в година.
„Денес, обезбедивме 300 милиони дополнителни дози од вакцината против Ковид-19 произведени од ‘Модерна’. Вакцината на компанијата е една од трите досега одобрени за употреба во Европската Унија“, рече претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лаен.
Со овие дополнителни дози ЕУ обезбеди околу 2,6 милијарди дози за своите граѓани и за соседните земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Франција: Вакцинацијата може да биде задолжителна за здравствените работници

Француската влада ги предупреди здравствените работници дека вакцинацијата може да биде законски обврзувачка за нив, откако премиерот Жан Кастекс откри дека само 40 проценти од медицинските лица биле вакцинирани, објави „Гардијан“.
Владиниот портпарол Габриел Атал апелираше до сите што работат во здравствениот сектор и имаат приоритет при вакцинирање, да го сторат тоа.
„Во изминатата година, нашите здравствени работници се однесувааа како херои, но бројот на вакцинирани меѓу нив е неприфатлив денес. Ако сте здравствен работник, би било неодговорно од вас да ја одбиете вакцината”, рече Атал додека одговараше на прашања од читатели на „Ле Паризиен“.
Атал додаде дека владата ќе се обиде да апелира до здравствените работници да ја примат вакцината со принципот морков и стап, но ако не успеат на тој начин, вакцинацијата може да биде законски задолжителна за нив.
„Сите ги засукаа ракавите за да нѐ извлечат од оваа епидемија. Сега треба да ги засукаат ракавите до рамениците за да бидат вакцинирани”, рече Атал.
Атал го продолжи само она што го рече премиерот Кастекс минатиот четврток, кога изјави дека медицинските лица имаат обврска кон себе, кон семејството и кон луѓето за кои се грижат да бидат вакцинирани.
„Ле Паризиен“ ги опиша коментарите на Аталус како деликатна закана што удира силно.
Европа
Украинската армија го гранатираше Доњецк

Украинската армија ги гранатираше предградијата на Доњецк, изјави претставникот на самопрогласената Народна Република Доњецк во Заедничкиот центар за контрола и координација на режимот на прекин на огнот.
Тој рече дека во гранатирањето се оштетени шест куќи и далекувод, пренесуваат тамошните медиуми.
Според првичните податоци, нема повредени.
Доњецката и Луганската Народна Република прогласија независност по пучот во Украина во февруари 2014 година. Тогаш, украинските власти започнаа воена операција против Доњецк и Луганск, бидејќи не ги признаваат и сметаат дека тие територии се окупирани, анализират медиумите во Украина.
Конфликтот во Донбас е регулиран со договорите од Минск од 2015 година, според кои страните се обврзаа да го запрат гранатирањето и да го повлечат тешкото оружје од линијата за раздвојување.
Договорите од Минск предвидуваат и уставни реформи во Украина, чии клучни елементи треба да бидат децентрализацијата и усвојување на закон за посебен статус на одредени делови на регионите Доњецк и Луганск.
Европа
Европска агенција за лекови засега не одобрува користење на руската вакцина во ЕУ

Високата службеничка на Европската агенција за лекови (ЕМА), Криста Виртумер-Хохе, апелираше до членките на Европската Унија да не го одобрат користењето на руската вакцина „спутник В“ за итна употреба, сè додека агенцијата не ги испита целосно нивната безбедност и ефикасност, објави „Гардијан“.
„Потребна ни е документација врз основа на која би направиле процена. Во моментов немаме податоци за вакцинирани лица, тоа е непознато. Затоа би апелирала до земјите од ЕУ да не ја одобруваат вакцината ‘спутник В’ за итна употреба“, рече Виртумер-Хох за австриската телевизија ОРФ.
Таа не исклучи дека постои можност „спутник“ да се појави во понудата за вакцинација во земјите на ЕУ.
„Пред тоа, потребно е да се направи експертиза, што ја започна ЕМА. Податоците што доаѓаат од рускиот производител ќе бидат прегледани според европските стандарди за квалитет, безбедност и ефикасност. Ако сè оди добро, вакцината ќе биде одобрена“, додаде Виртумер-Хохе.
„Спутник В“ веќе е одобрен или е близу до одобрување во три земји на ЕУ – Унгарија, Словачка и Чешка – а официјални претставници на Европската Унија изјавија дека Брисел би можел да почне преговори со производителот на вакцини доколку тоа го побараат најмалку четири земји.
ЕМА ќе ја разгледа и употребата на американската вакцина на „Џонсон и Џонсон“, а посебен состанок во врска со одобрувањето на оваа вакцина ќе се одржи на 11 март.
„Очекуваме позитивна процена и дека Европската комисија многу брзо ќе ја одобри употребата на вакцината“, додаде висок претставник на Европската агенција за лекови.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“