Контакт

Европа

Европската комисија одобри купување дополнителни 300 милиони дози од вакцината на „Модерна“

Објавено пред

Европската комисија го одобри вториот договор со фармацевтската компанија „Модерна“ за набавка на дополнителни 300 милиони дози вакцина против Ковид-19.

Како што информираат од таму, 150 милиони дози вакцини ќе бидат доставени оваа година, а 150 милиони в година.

„Денес обезбедивме 300 милиони дополнителни дози од вакцината против Ковид-19 произведени од ‘Модерна’. Вакцината на компанијата е една од трите досега одобрени за употреба во Европската Унија“, рече претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лаен.

Со овие дополнителни дози ЕУ обезбеди околу 2,6 милијарди дози за своите граѓани и за соседните земји.

Европа

Скандал во Бундестагот: Пратеници оствариле профит од трговија со маски за време на ковид-кризата

Објавено пред

Скандал ја тресе Германија. Пратеници од Бундестагот оствариле профит од трговија со заштитини маски на самиот почеток на пандемијата на коронавирус, пренесуваат германски медиуми.

Никола Либел, член на Бундестагот од редовите на Христијанско-демократската унија, денеска најави оставка и напуштање на политиката, откако било откриено дека неговата приватна компанија остварила профит од трговијата со заштитни маски.

Критики пристигнаа денес од опозициските партии, но и од неговите, бидејќи неговата приватна компанија заработила 250.000 евра со трговија со заштитни маски, објави АП.

Овој скандал предизвика остри критики и во државата Баден-Виртемберг, од каде потекнува законодавецот Либел. Сузан Ајзенман, партиска колешка на Либел и кандидат за претседател на покраинската влада, за неделникот „Шпигел“ изјави дека „е неприфатливо член на парламентот да се збогати за време на сериозна криза“.

Либел најави дека веднаш ќе го напушти парламентарниот клуб на неговата партија во Бундестагот и дека ќе се повлече од функцијата заменик и од членството во парламентарниот комитет за надворешни работи.

„ Преземам одговорност за она што го направив“, рече Либел.

„Дојче веле“ вчера објави дека неколкумина пратеници oд владејачката Германска христијанско-демократска унија (ЦДУ) се осомничени дека собрале стотици илјади евра за да лобираат за купување маски за одредени компании.

Федералниот пратеник на Баварската христијанска социјална унија (ЦСУ), сестринската партија на ЦДУ, Георг Нислејн, вчера поднесе оставка од функцијата заменик-шеф на парламентарната група и најави дека нема да учествува на следните избори.

Тој е осомничен дека зел 660.000 евра од консултантска компанија за да им помогне на одредени производители на заштитни маски да добијат големи владини налози.

Минатата недела Државното обвинителство во Минхен објави дека постои основано сомнение дека станува збор за примање мито, а биле извршени рации на дури тринаесет локации во Германија и Лихтенштајн.

Прикажи повеќе...

Европа

Нови ограничувања во цела Италија

Објавено пред

Во Италија, во последните 24 часа, имало 307 смртни случаи од коронавирус и повеќе од 23.000 нови инфекции, пренесува агенцијата „Анса“, наведувајќи дека ограничувањата се засилени.

Врз основа на препораката на владиниот научен и технички комитет, кој ги следи, анализира и предлага епидемиолошките мерки, се засилуваат рестриктивните мерки на целата национална територија.

Според декретот на Министерството за внатрешни работи, зајакнати се полициските контроли, особено во деловите на градовите каде граѓаните најмногу се собираат.

Единствениот од 20-те италијански региони каде епидемиолошката состојба е под контрола, Сардинија, воведе обврска за тестирање за сите оние кои доаѓаат на островот.

Во повеќето региони, часовите во сите училишта се онлајн, повторно се воведени ограничувања за продавниците за храна, каде што е дозволено влегување на еден член на семејството, ограничување на движењето во една општина и забрането е преминување на општинските граници.

Во северниот регион Ломбардија, кој води според бројот на заразени и починати од почетокот на пандемијата, воведена е состојба пред карантин.

Прикажи повеќе...

Европа

Швајцарците гласаат за забрана за носење бурки

Објавено пред

Швајцарските гласачи денеска на референдум одлучуваат за нацрт-законот за забрана за носење никаб и бурки што ги носат одредени муслиманки во таа земја, а има и гласање за забрана за носење ски маски и марами на лица за време на демонстрациите.

Анкетите покажуваат дека резултатите од гласањето ќе бидат неизвесни, објави АП.

Мерката ќе се однесува на покривање на лицето на јавни места како што се ресторани, спортски објекти, јавен превоз и одење по улица. Исклучок би биле верските згради или во случај на безбедносни и здравствени причини, бидејќи луѓето сега носат маски за да се заштитат од пандемија на Ковид-19.

Швајцарската влада се спротивставува на мерката и вели дека покривањето на лицето е „маргинално“ прашање.

Застапниците на законот велат дека носењето шамија ја симболизира репресијата врз жените и велат дека се потребни мерки за да се зачува принципот според кој треба да се прикажуваат лица во слободно општество како што е Швајцарија.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион9 минути

Во Србија над 3.000 новозаболени и 20 починати

Според последните информации, во Србија биле регистрирани 3.042 новозаболени лица, а 20 лица починале. Во последните 24 часа биле тестирани...

Европа31 минута

Скандал во Бундестагот: Пратеници оствариле профит од трговија со маски за време на ковид-кризата

Скандал ја тресе Германија. Пратеници од Бундестагот оствариле профит од трговија со заштитини маски на самиот почеток на пандемијата на...

Свет50 минути

Семејства на починати од коронавирус го тужат британскиот премиер

Британскиот премиер Борис Џонсон, го тужат околу 2.000 семејства кои изгубиле еден или повеќе членови на семејството поради коронавирусот. Досега...

Македонија2 часа

Досега попишани 32.752 лица од дијаспората

Државниот завод за статистика соопшти дека досега се попишани 32752 лица од дијаспората. Оттаму велат дека бројот на попишани расте...

Македонија2 часа

Лекарска комора: Ковид може да предизвика сериозни стомачни крварења, да не се занемарат симптомите

Пациенти кои имаат инфекција со SARS-CoV-2 вирусот може да развијат сериозни компликации на гастроинтестиналниот систем кои во некои случаи се...

Македонија2 часа

(Видео) Пресечени меѓународни канали за транспорт на дрога

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.03.2021) во две одделни акции пресече два канала за меѓународен транспорт...

Европа3 часа

Нови ограничувања во цела Италија

Во Италија, во последните 24 часа, имало 307 смртни случаи од коронавирус и повеќе од 23.000 нови инфекции, пренесува агенцијата...

Македонија5 часа

Земјотрес почувствуван во Дебар, Гостивар и Маврово

Земјотрес со јачина од три степени според Европската макросеизмичка скала синоќа во 22 часот и 43 минути бил почувствуван од...

Свет6 часа

Папата пристигна во Мосул

Папата Франциско денеска пристигна во ирачкиот град Мосул, каде ќе се моли во разурнатите цркви, кои беа уништени од терористичката...

Македонија6 часа

Денеска пристигнува првата пратка од руските вакцини

Денеска на Скопскиот аеродром треба да пристигне правата пратка од вакцини против Ковид-19 „Спутник В“, што Владата ги купи од...

Свет6 часа

Откриен нов „застрашувачки“ сој: високозаразен и ја намалува ефикасноста на вакцините

Научниците во американската држава Орегон открија нов многу заразен вид на ковид, кој првпат се појави во Велика Британија. Сепак,...

Свет18 часа

Русија во разговори со СЗО за итна употреба на вакцината „спутник В“

Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко денеска разговараше со генералниот директор на СЗО за барањето на Русија за итно одобрување...

Македонија20 часа

Мицкоски од инфективна: Ќе се спасите од мене само ако не се разбудам утре

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се огласи од инфективната клиника, каде се лекува од коронавирус. Тој порача дека овој ден...

Топ23 часа

Загина градежен работник во Гевгелија паѓајќи од скеле

Градежен работник од Богданци паднал од скеле и починал на лице место, додека работел на објект во изградба во Гевгелија....

Македонија23 часа

Тодоров: Мицкоски не само што е пречка за обединување на ВМРО, туку е пречка и за обединување на македонскиот народ

Поранешниот министер за здравство Никола Тодоров се обрати до членството на ВМРО-ДПМНЕ и повика на обединување. „ Почитувани граѓани, почитувани...

Македонија1 ден

Вакцинацијата со руската вакцина во Македонија ќе почне в среда

Вакцинацијата со руската вакцина „спутник в“ во Македонија ќе почне в среда, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Вакцините ќе...

Македонија1 ден

(Видео) Ѓорчев: Кенија, Руанда, Судан, Гамбија и Сенегал набавија вакцини, фијаско на Заев и Филипче

Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ ги обвини премиерот Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче, за фијаско со набавката на...

Топ1 ден

Во Тетово приведен наркодилер баран од германската полиција

Полицијата во Тетово приведе 30-годишен наркодилер по кого Интерпол Германија има распишано потерница. Според информациите на МВР, вчера полициски службеници...

Македонија1 ден

Затворена чајџилница во Гостивар, приведен сопственикот

Полицијата затекна 11 гости во чајџилница во Гостивар, после 21 часот. Сопственикот е приведен и против него ќе биде поднесена...

Регион1 ден

Делумно затворање во Србија – угостителските објекти и продавниците нема да работат цел викенд

Од денес напладне во 12 часот до понеделник во 6 часот наутро во Србија ќе се применуваат нови мерки на...

Досие