Европа
Европската комисија предлага план за борба против новите видови на коронавирусот

Европската комисија предложи план за подготовка на Европската Унија за справување од зголемената закана од нови варијанти на коронавирусот.
Новиот план вклучува забрзување на процесот на одобрување на вакцините приспособени на новите видови и зголемување на производството.
Планот е наречен „ХЕРА инкубатор“. ХЕРА е планирана агенција на ЕУ за одговор на здравствена криза (кратенка за Орган за одговор на здравствени итни случаи).
„За да бидеме чекор напред, го почнуваме инкубаторот ХЕРА, кој ќе ги обедини научниците, индустријата и јавните власти и ќе ги мобилизира сите расположиви ресурси за да може да одговори на овој предизвик“, рече претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лаен.
„Наш приоритет е да им дадеме на сите Европејци пристап до безбедни и ефективни вакцини што е можно побргу. Во исто време, се појавуваат нови варијанти на коронавирусот и ние треба да го приспособиме нашиот одговор уште побргу“, додаде таа.
Планот предвидува 75 милиони евра, европско финансирање за развој на специјализирани тестови за нови варијанти и поддршка за секвенционирање на геномот на вирусот за идентификување нови варијанти.
150 милиони евра ќе бидат наменети за зајакнување на истражувањето и размена на податоци за нови варијанти.
Планот исто така има цел да го забрза одобрувањето на вакцините приспособени на новите варијанти врз основа на моделот на вакцини против грип.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Германија планира да го продолжи карантинот до крајот на март

Германија планира да го продолжи карантинот до 28 март, но некои мерки ќе бидат олеснети од 8 март.
Според нацрт-законот до кој дојде сајтот „Фокус онлајн“, постигнат е договор меѓу канцеларката Ангела Меркел и премиерите на 16 германски провинции, објави „Ројтерс“.
Меркел ќе разговара со премиерите на германските покраини утре, бидејќи бројот на заболени од ковид од почетокот на пандемијата надмина 2,4 милиони.
Европа
Шефот на СПД ги обвини Меркел и министрите од ЦДУ за многуте пропусти во справувањето со Ковид-19

Лидерот на Социјалдемократската партија на Германија, Норберт Валтер-Борјанс, ги обвини германската канцеларка Ангела Меркел и министрите од ЦДУ за „лошо управување“ со кризата од коронавирусот.
Валтер-Борјанс изјави дека Германија има шеф на владата кој има направено бројни пропусти во координирањето со кризата.
Тој рече дека министрите од коалицискиот партнер на СПД не ги исполнуваат своите обврски.
Во исто време, ги пофали социјалдемократските членови на владата, како што е вицеканцеларот Олаф Шолц, за кого Валтер-Борјанс тврди дека ги поправа сите проблеми.
Тој вели дека придонесот на членовите на владата од редовите на ЦДУ и ЦСУ е далеку зад оние од редовите на СПД.
Европа
Курц: Веќе нема да се потпираме на ЕУ за вакцини

Австрија и Данска во иднина веќе нема да се потпираат на ЕУ и ќе работат заедно со Израел на вакцина против коронавирусот, изјави австрискиот канцелар, Себастијан Курц.
Пред да замине за Израел, Курц објави промена на курсот во стратегијата за борба против коронавирусот.
„Во иднина веќе нема да се потпираме на ЕУ и заедно со Израел ќе произведуваме вакцини од втора генерација против понатамошни видови во следните години, како и заеднички ќе ги истражуваме можностите за лекување“, нагласи тој.
Во писмената изјава за АПА, Курц истакна дека само на Австрија ѝ се потребни 30 милиони дози вакцини.
Во пресрет на посетата на Израел, Курц ќе има средба со претставници на водечките австриски фармацевтски компании.
Тој посочи дека пристапот преку ЕУ во основа бил исправен, но дека Европската агенција за лекови (ЕМА) е премногу бавна во одобрувањето на вакцините и дека има проблеми со доставата.
„Мора да се подготвиме за понатамошни мутации и повеќе не треба да зависиме само од ЕУ во производството на вакцини од втора генерација“, нагласи Курц.
Експертите сметаат дека во наредните години две третини од населението ќе треба да се вакцинира годишно.
Курц патува во Израел заедно со својата данска колешка Мете Фредериксен, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека ќе разговара со нив за соработка во производството на вакцини.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа6 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер