Европа
Ердоган ја обвини Холандија за масакрот во Сребреница

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја обвини Холандија за масакрот во Сребреница од јули 1995 година во граѓанската војна во Босна и Херцеговина во екот на жестокиот дипломатски според околу забраната за настапи на турските политичари во оваа земја, како и други западноевропски држави, во кампањата за референдумот од 16-ти април на кој треба да се усвојат уставни реформи коишто би ги зголемиле овластувањата на шефот на турската држава.
„Холандија и Холанѓаните ги познаваме по масакрот во Сребреница“, рече турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во Анкара обвинувајќи ја Холандија за колежот на 8.000 бошњачки (муслимански) мажи и момчиња.
Холандскиот премиер на заминување Марк Руте веднаш ги опиша ваквите обвинувања од турска страна како „лажирање“ на историјата.
За масакрот во Сребреница се обвинети силите на босанските Срби и нивниот главен командант генералот Ратко Младиќ. Таа енклава во 1995 година беше од заштита на холандските припадници на мировните сили на Обединетите нации. Меѓутоа, не реагирале на нападот на српските сили, и стоеле резервирано, за што и порано беа критикувани.
Ердоган ја даде оваа изјава откако Анкара претходно ги одби повиците на Европската унија за смирување на дипломатскиот спор, соопштувајќи дека изјавите коишто доаѓаат од Брисел „немаат никаква важност“ за нив.
Европската комисија бараше од Турција „да ја смири ситуацијата“, откако холандските власти во саботата им забранија на двајца турски министри да учествуваа на собирот во турскиот конзулат во Ротердам. Турската влада возврати нарекувајќи ги ставовите на ЕУ „некоректни“ и „кусогледи“.
Турскиот претседател во понеделникот ѝ се закани на Холандија со дипломатски санкции нарекувајќи ја „остаток на нацизмот и фашизмот“. Порача дека поради забраната на за турските министри да учествуваат на собирите на дијаспората, ќе се обрати до Европскиот суд за човекови права. Вечерта во понеделникот Анкара порача дека амбасадорот на холандскиот амбасадор нема да му биде дозволено да се врати. Холандскиот амбасадор во моментов се наоѓа надвор од Турција, а неговата функција ја извршува вршител на должноста./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Ердоган: Никој не сака светот да доживее уште еден Чернобил

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска по трилатералната средба со неговиот украински колега Володимир Зеленски и генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш изјави дека „никој не сака светот да доживее нов Чернобил“.
Во украинскиот град Лавов, Ердоган изрази загриженост за борбите што се водат во непосредна близина на нуклеарната централа Запорожје, објави турската ТРТ.
„Ќе ги оценам резултатите од сите наши денешни средби со господинот Путин“ рече Ердоган на заедничката прес-конференција со Гутереш и Зеленски, додавајќи дека би сакал да разговара со рускиот претседател и за прашањето за размена на затвореници меѓу Москва и Киев.
Турскиот претседател посочи дека меѓу темите на трилатералната средба биле можните начини за ставање крај на конфликтот во Украина и додаде дека Анкара е подготвена да придонесе за обновување на преговарачкиот процес во Истанбул, во кој учествуваа претставници на Москва и Киев.
Ердоган истакна дека и Зеленски и Гутереш се согласуваат со него дека ситуацијата во Украина мора да се реши на преговарачка маса.
Зеленски, сепак, изјави дека преговорите меѓу Киев и Москва се можни само по повлекувањето на руските сили од териториите под контрола на руската армија.
Европа
Зеленски: ОН мора да обезбедат заштита на нуклеарната централа Запорожје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски по средбата со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изјави дека ОН мора да обезбедат заштита на нуклеарната централа Запорожје, која е под контрола на руските сили.
Зеленски рече дека разговарал со Гутереш во Лавов за олеснување на глобалната криза со недостиг на храна и се согласил да продолжи со координацијата за украинскиот извоз на жито.
Како што рече, посебно внимание е посветено на „нуклеарната уцена што ја применува Русија во врска со електраната Запорожје“ и дека постапките на Москва во овој поглед „може да имаат катастрофални глобални последици“.
„Затоа ОН мора да ја осигураат безбедноста на овој стратешки објект, негова демилитаризација и целосно ослободување од руските трупи“ – напиша украинскиот претседател на Телеграм.
Европа
(Видео) Премиерката на Финска во центарот на скандал поради објавени видеа од приватна забава

Видеа објавени на социјалните мрежи, ја прикажуваат финската премиерка Сана Марин како се забавува со неколку познати фински личности, меѓу кои и пратеникот Илмари Нурминен и ТВ водителката Тини Викстром.
На видеото Марин танцува во занес со неколку пријатели, а во позадина се слуша како луѓето викаат за кокаин, пренесуваат финските медиуми.
Финскиот пратеник Мико Керна, коалициски партнер на партијата на Сан Марин, ја повика премиерката да направи тест за дрога и да ги објави резултатите јавно.
„Народот може да го очекува ова од својот премиер“, напиша тој на Твитер.
На прес-конференција во четвртокот наутро Марин негираше дека користела дрога и рече дека „нема што да крие“, објави Политико.
This is the Prime Minister of Finland Sanna Marin. Some been saying she’s cool… maybe among other teenagers. But a responsible leader for a country in crisis? She is by far the most incompetent PM we ever had. Knows nothing. Please take your leather jacket and resign. Thanks. pic.twitter.com/tHLhdEKEa8
— Aleksi Valavuori (@Valavuori) August 17, 2022
„Танцував, пеев, славев, правев легални работи“, рече премиерката и додаде дека не пиела многу.
Таа ја коментираше и објавената снимка.
„Верував дека бидејќи видеата се приватни нема да бидат објавени. Лошо е што беа објавени“, изјави Марин.
Снимката наиде на различни реакции на интернет, при што некои критичари ја критикуваат Марин за, како што велат, неодговорното однесување, додека други гледаат потенцијален поттик за популарноста на 36-годишниот премиер.