Европа
Ескобар: Се надевам на добри вести од Охрид, оптимист сум дека ќе има мирно решение меѓу Белград и Приштина

Американскиот пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, денеска во Приштина по средбата со косовската претседателка, Вјоса Османи, изјави дека се надева на добри вести од Охрид.
Ескобар на заедничката прес-конференција рече дека очекува продуктивна средба во Охрид.
„Сакаме да обезбедиме целосна поддршка за секој исход што носи мир во регионот и ги зголемува можностите за соработка меѓу Белград и Приштина и му овозможува на целиот регион да стане полноправна членка на евро-атлантската заедница“, рече тој.
Габриел Ескобар вели дека САД веруваат оти европскиот предлог нуди огромни можности за воспоставување мирни, одржливи и продуктивни односи.
„Очекуваме позитивен исход од средбата во Охрид. Јас сум голем оптимист дека ќе се постигне мирно решение. Се надевам дека ќе имаме добри вести по сабота“, рече Ескобар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Сијарто: Унгарија не сака и нема да испрати муниција во Украина

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека неговата земја не сака и нема да испрати муниција во Украина, додавајќи дека тоа нема да ги спречи другите членки на Европската унија да го сторат тоа.
„Унгарија не испорачува оружје, ние сакаме мир. Затоа не учествуваме во ова. Ние не и доставуваме муниција на Украина, ниту ги спречуваме другите да прават што сакаат“, изјави Сијарто во Брисел, пренесува „Хина“.
Министрите за надворешни работи на Европската унија на состанокот во Брисел усвоија акционен план чија цел е да ја снабди украинската армија со најмалку еден милион гранати од 155 милиметри и да ги надополни сопствените стратешки залихи, од кои некои се речиси целосно исцрпени.
За таа цел, две милијарди евра ќе бидат повлечени од „Европскиот мировен фонд“ – вонбуџетски финансиски инструмент на Европската унија кој ја подобрува нејзината способност да работи на глобалната безбедност.
Придонесот на Будимпешта во тој фонд е околу еден процент, што е приближно десет милиони евра, а тие средства ќе се користат за други цели, како што се работа на стабилноста на Западен Балкан и намалување на миграцискиот притисок, рече Сијарто.
Сијарто предупреди дека Брисел продолжува да поттикнува „атмосфера на војна“ и дека земјите што промовираат мир се под зголемен притисок да го напуштат.
Европа
(Видео) Двајца студенти повредени во пукање пред училиште во Тексас, еден во критична состојба

Двајца ученици се повредени, од кои еден потешко, во пукање пред средно училиште во Далас утринава. Полицијата уапсила лице кое го поврзуваат со нападот.
Пукањето започна во кампусот на средното училиште Ламар, во предградието Арлингтон, околу 6:55 часот, пред многу студенти да се вратат на часови по пролетниот распуст.
#BREAKING On-campus shooting at Lamar High School in Arlington, TX. Suspected shooter in custody. Two students injured and being treated. MORE: https://t.co/QGBY1lAuPg pic.twitter.com/LrtwfMDFWY
— Larry Collins (@LarryNBC5) March 20, 2023
Еден ученик е повреден во самото пукање, а другиот од „шрапнел од пукањето“. Двајцата се пренесени во болница, изјави портпаролката на училиштето Анита Фостер.
#BREAKING On-campus shooting at Lamar High School in Arlington, TX. Suspected shooter in custody. Two students injured and being treated. MORE: https://t.co/QGBY1lAuPg pic.twitter.com/LrtwfMDFWY
— Larry Collins (@LarryNBC5) March 20, 2023
Ен-Би-Си Далас-Форт Ворт објави дека еден од повредените студенти е во критична состојба, а другиот има полесни повреди.
Полицијата во Арлингтон соопшти дека осомничениот напаѓач не влегол во училиштето и бил уапсен набргу откако полицајците пристигнале на местото на настанот.
Полицијата не соопштува никакви информации за лицето кое е приведено, освен дека е малолетник и е однесен во малолетнички притвор.
Европа
Борел: ЕУ на Украина ќе и испорача еден милион артилериски гранати

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, изјави дека министрите за надворешни работи и одбрана на земјите од ЕУ, на негова сугестија, денеска се договориле да и достават еден милион артилериски гранати на Украина во следните 12 месеци.
Борел на Твитер напиша дека „направен е план во три чекори, каде што првиот чекор е да се испратат една милијарда евра за итна испорака, вториот чекор е една милијарда евра за заедничка набавка, а третиот чекор е да се создадат комисии кои драстично ќе придонеста за зголемување на воено-производствените капацитети“.
„Преземаме клучен чекор кон исполнување на нашите ветувања за обезбедување на Украина со повеќе артилериска муниција. ЕУ е посветена на побрза и поголема испорака на оружје за Украина“, напиша тој.
За прв пат земјите од ЕУ заеднички купуваат муниција, особено артилериски гранати од 155 мм од западно производство, за кои веруваат дека може да и помогнат на Украина во војната.