Контакт

Европа

Жестока телевизиска дебата на кандидатите на француските претседателски избори

Објавено пред

Поранешниот министер за економија во владата на социјалистичкиот претседател Франсоа Оланд, сега центристички кандидат за шпеф на државата Емануел Макрон го зацврсти својот статус на фаворит по телевизиската дебата во понеделникот вечерта во која се судри околу прашањата на имиграцијата и Европската унија со својата главна ривалка, челничката на крајната десница Национален фронт, Марин Лепен, покажуваат анкетите.

Анкетата спроведена по дебатата покажала дека Емануел Марон, бил најубедлив од петтемина главни кандидати кои се соочија во телевизиската дебата директно пренесувана на каналот TF1.

Во соочувањето учествуваше и конзервативецот поранешниот премиер во владата на поранешниот претседател Николас Саркози, Франсоа Фјон, кој неочекувано уверливо победи на ноемвриските предизбори и до крајот на јануари важеше како главен фаворит за конечниот исход од изборите, но неговата поддршка опадна по избувнувањето на аферата со наводните фиктивни вработувања на својата сопруга и децата во парламентарните служби, која ќе добие и судска разрешница.

Покрај тројцата споменати, во телевизиското соочување учествуваа и победникот од предизборите на крајната левица Жан-Лук Меленшон и неговиот ривал од левицата, социјалистот Беноа Амон.

Една од жешките теми беше односите на Франција со Русија, во новите разместувања на геостратешки план при што Макрон повика дека Париз не смее да се зближува со Москва.

„Со САД имаме долга историја. Заедно го воспоставуваме мирот на планетата… Сега предлагам повеќе независност. Да не се зближуваме со господин (рускиот претседател Владимир) Путин. Сакам градење независност со одговорност, во рамките на сегашната европска политика“, рече Макрон алудирајќи на пофалните зборови на Лепен за рускиот челник и критикувајќи го присоединувањето на црноморскиот полуостров Крим на Русија, што за официјален Париз, како и за Западот, претставува нелегално руско анектирање на украинска територија, без разлика на референдумот на тамошното население.

На тоа остро реплицираше Фијон, кој посочи според кој принцип се решавало прашањето на независноста на поранешната јужна српска покраина Косово, која во 2008 година поддржана од САД и главните членки на ЕУ, вклучително и Франција, еднострано прогласи независност од Србија.

„Ние самите ги менувавме границите. Косово, на пример. Постои фундаментален принцип, кој се состои во правото на народите самостојно да ја определуваат својата судбина. И доколку кои биле востановени како неприфатливи за некои народи“, рече Фијон во маратонската дебата којашто траеше речиси три и пол часа, а по неа ќе следат уште две пред првиот круг од изборите на 23-ти април.

„Ќе ги изневерите гласачите со извртувањето на вистината“, ѝ се обрати Макрон на Лепен додека таа зборуваше за растот на радикалниот ислам во Франција.

Таа подоцна возврати дека неговите изјави се „целосно шупливи“. „Сакам францускиот народ да обрати внимание на фактот дека секојпат кога зборувате кажувате малу од ова, малку од тоа и никогаш не се одлучувате“, рече Лепен.

Анкетите покажуваат дека 40 отсто од избирачите во овој момент не се сигурни за кого би го дале гласот на изборите коишто се одржуваат во два круга, на 23-ти април и на 7-ми мај. Според последната анкета објавена во понеделникот направена од компанијата OpinionWay, во вториот круг влегуваат Марин Лепен со 27 проценти, и Емануел Макрон со 23, проценти, но како конечен победник во вториот круг се посочува Макрон кому би му се прелеале гласовите од другите левичарски кандидати. Вкупно на француските избори се кандидирани, инаку единаесет претенденти.

Сепак, кога станува збор за телевизиската анкета која заврши длабоко во ноќта, во понеделникот Elabe за телевизијата BFMTV спроведе анкета на 1.157 избирачи којашто покажува дека челникот на партијата Напред, Емануел Маккрон оставил најголем впечаток кај гледачите.

На прашањето „Кој беше најубедлив?“, Макрон добил 29 отсто, а лидерот на Непокорна Франција, Жан-Лик Меланшон 20 проценти, челничката на Национален Фронт, Марин Лепен – 19 отсто, колку и кандидатот на партијата Републиканци, Франсоа Фијон, додека претендентот од Социјалистичката партија, Беноа Амон освоил 11 отсто од гласовите./крај/мф/сн

Најново

Забава25 минути

Сандра Булок: Црвениот тепих за мене е кошмар, секогаш ме фаќа паника

Сандра Булок откри дека и по децении успешна кариера сè уште се чувствува непријатно на црвениот тепих и дека позирањето...

Економија36 минути

Мицкоски: Во јули и август имаме ниво на годишна инфлација коешто е под нивото на Европската Унија

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на инфлацијата, изјави: „Па, да, јас кажав, ние...

Црна хроника1 час

Стружанец пријавил дека бил грабнат со закана со оружје, па признал дека измислил

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.Р. (32) од Струга поради сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување кривично дело“,...

Македонија1 час

Мицкоски не кажа колку пари е настапот на Давид Гета оти и граѓаните и буџетот настаните ги чинат 0 денари, сè платиле компании

Сите настани околу прославата на 35 години самостојност ги платиле општествено одговорни компании, рече премиерот Христијан Мицкоски. Иако денес првпат...

Македонија1 час

Само 32 отсто од учениците го достигнале основното ниво по математика, Јаневска: Резултатите се многу лоши

Резултатите од ПИСА 2025 се повторно многу лоши, но тие се одраз на претходно спроведените реформи во образованието, оцени денеска...

Македонија2 часа

15-годишен битолчанец спаси тричлено семејство од давење во Грција

Петнаесетгодишниот Михаил Николовски од Битола помогнал да се спаси тричлено семејство од Бугарија кое се нашло во опасност во морето...

Спорт2 часа

НБА сака да ја преземе Евролигата

НБА е подготвена да ја купи и преземе Евролигата. Потенцијалната понуда на НБА за купување на Евролигата би можела да...

Свет2 часа

Германија би можела да му достави на Киев податоци за Украинците способни за воена служба

Германија би можела да ѝ достави на Украина податоци за украинските мажи кои живеат во земјата и се способни за...

Свет2 часа

Кина воведува построги правила за вештачката интелигенција и авторските права

Кина планира да ги заостри и приспособи прописите за заштита на интелектуалната сопственост поврзани со вештачката интелигенција и алгоритмите, како...