Контакт

Европа

Законот за блокирање на брегзит без договор ја помина првата фаза

Објавено пред

Британските парламентарци го поддржаа во првото гласање нацрт-законот за блокирање на брегзит без договор, што може да го натера премиерот Борис Џонсон да побара општи избори, јавува Би-би-си.

dobivaj vesti na viber

Пратениците од опозицијата и Ториевците обезбедија доволно гласови законот да ја помине првата фаза на гласање со 329 гласа „за“ и 300 „против“.

Доколку биде целосно усвоен ќе го присили премиерот да побара продолжување на рокот за брегзит по 31 октомври, доколку не се постигне договор со ЕУ.

Џонсон, сепак, предупреди дека ќе побара итно гласање за предвремени избори ако законот помине.

Пратениците сега разговараат за амандманите на нацрт-законот пред второто гласање, закажано за 19 часот по локално време.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Пандемијата на коронавирусот ја чинеше Данска повеќе од 16 милијарди евра

Објавено пред

Од почетокот на пандемијата до првиот квартал од оваа година Данска потрошила околу 16,1 милијарди буџетски евра (120 милијарди круни) за борба против коронавирусот, се вели во извештајот објавен од Данската државна агенција за статистика.

dobivaj vesti na viber

Потрошените пари за здравствените установи, кои ги покриваа трошоците за вакцинација, тестирање и лекување, сочинуваат 28 отсто од таа сума. Од друга страна, пакетите за економска поддршка учествуваат со 68 отсто од тие расходи.

Според извештајот, во споредба со другите земји, Данска со своите шест милиони жители во голема мера се потпираше на тестирање во раните фази на пандемијата. Тие тестови чинат околу 2,3 милијарди евра (17,8 милијарди круни) или повеќе од половина од парите потрошени за здравството. Програмата за вакцинација чинеше околу 873 милиони евра (6,4 милијарди круни).

Прикажи повеќе...

Европа

НАТО нема обврска да ѝ дава одбранбена помош на Украина, вели германски дипломат

Објавено пред

НАТО не е обврзан да ѝ дава одбранбена помош на Украина бидејќи таа земја не е членка на алијансата, вели постојаниот претставник на Германија во НАТО, Ридигер Кениг.

dobivaj vesti na viber

Тој во интервју за „Шпигел“ рече дека нема колективни обврски што би значеле „дека сите ќе ѝ помогнеме на Украина да се одбрани“.

„Во никој случај не сакаме НАТО директно да учествува во оваа војна“, рече Кениг како одговор на коментарот дека претседателот Володимир Зеленски постојано барал помош.

Според дипломатот, во спротивно „може да почне голема војна, во која ќе бидат вклучени 30 земји одеднаш“.

Во исто време, тој истакна дека алијансата секој ден разговара за конфликтот во Украина. Освен тоа, одредени земји членки на организацијата му даваат финансиска помош на Киев и го снабдуваат оружје, пренесува „Новости“.

Прикажи повеќе...

Европа

Уапсена албанска банда во Британија, која киднапирала човек и барала откуп од 400.000 фунти

Објавено пред

Британската полиција уапсила албанска банда која киднапирала 30-годишен маж и барала откуп од 400.000 фунти, а Албанците ја тепале и мачеле жртвата поради неплатени долгови.

dobivaj vesti na viber

Лондонската полиција, британската Национална агенција за криминал (NCA) и албанската полиција извршија серија рации минатата недела за да го спасат киднапираниот маж.

НЦА соопшти дека пет мажи и една жена се обвинети за киднапирање и закани за убиство.

Албанската полиција соопшти дека уапсила седум лица, сите државјани на Албанија, пишува британски „Телеграф“.

Киднаперите стапиле во контакт со братот на жртвата и му испратиле видеоснимки по што тој повикал албанска полиција.

Наводно бандата побарала откуп од 400.000 фунти од семејството и им дала четири дена да ја наплатат споменатата сума.

Полицијата го пронашла и ослободила 30-годишниот и тој сега е безбеден под полициска заштита.

„Добивме информација за киднапиран 30-годишен Албанец во Англија за кого се бара откуп од 400.000 фунти. Албанската полиција ја сподели информацијата со Велика Британија, која потоа почна спасувачка акција“, изјави портпаролот на албанската полиција, пренесе „Новости.рс“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија43 минути

Тупанчески на првиот академски час: Не учете за оцена! Учете да научите! Учете за да знаете!

Министерот за правда, Никола Тупанчески, се обрати на првиот академски час на Правниот факултет „Јустинијан Први“. На идните студенти им...

Економија48 минути

Бонус до 3.000 евра ќе добијат вработените во Германија поради инфлацијата

Вработените во Германија ќе може да добиваат регреси и премии до 3.000 евра годишно, без даноци и придонеси, за полесно...

Свет1 час

Захарова: Блинкен отворено и без двоумење рече дека имале мотиви да го уништат гасоводот

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, отворено изјави дека САД и НАТО имаат мотиви да ги нападнат гасоводите „Северен тек 1“...

Свет2 часа

Рамзан Кадиров ги испраќа своите малолетни синови во војна

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, најави дека тројца негови малолетни синови набргу ќе заминат на фронтот во Украина. „Тоа што...

Свет2 часа

Русија ќе го тестира новото оружје „Посејдон“, предупреди НАТО

Како што напредува војната во Украина, има сè повеќе информации за нов тип на оружје што го користат двете завојувани...

Економија3 часа

Меѓународната агенција за енергетика со совет до ЕУ: „Штедете гас“

Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) ја советува Европската унија да штеди гас за да се избегнат празните магацини и ризикот...

Свет3 часа

Си-ен-ен: Времето на Путин истекува и тој тоа го знае

Времето на рускиот претседател Владимир Путин истекува и тој тоа го знае. Во меѓувреме, неговиот бомбастичен настап продолжува – објавувајќи...

Македонија4 часа

Без струја утрово во скопски Карпош, граѓаните во страв дека рестрикциите се почнати

Жители на Карпош 1, 2, 3 и 4 утрово пријавуваат дека останале без струја. Речиси еден час траел прекинот, а...

Свет5 часа

Бројот на загинати од ураганот Јан се искачи на повеќе од 80, штетата е проценета на десетици милијарди евра

Бројот на загинати од ураганот Јан во САД се искачи на повеќе од 80 бидејќи жителите на Флорида и Јужна...

Свет5 часа

Саливан вети дополнителна американска поддршка за Украина

Американскиот советник за национална безбедност, Џејк Саливан, вчера во Истанбул се сретна со Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот...

Свет5 часа

Руски гувернер: Половина од мобилизираните во регионот вратени дома, командантот разрешен

Командантот на руската област Хабаровск е сменет од должност кога половина од мобилизираните мажи биле испратени дома бидејќи не ги...

Европа5 часа

Карл Нехамер: Ако ЕУ не дејствува, самите ќе треба да се заштитиме од илегалната миграција

Сè додека ЕУ не презема ефективни мерки, ние мора сами да дејствуваме и затоа Австрија прави сè за да се заштити...

Свет6 часа

Поранешниот шеф на ЦИА, Дејвид Петреус, испрати предупредување до Русија

Соединетите Американски Држави и нивните сојузници ќе ги уништат руските војници и опремата во Украина и ќе ја потопат нејзината...

Свет6 часа

Најмалку седум лица починаа од колера на Хаити поради недостиг на чиста вода за пиење

Најмалку седум лица починаа од колера на Хаити откога болеста ненадејно се врати поради недостиг на гориво и чиста вода...

Регион15 часа

Петков го призна поразот, нема да коалицира со ГЕРБ на Борисов

Коалицијата ГЕРБ-СДС преводена од Бојко Борисов победи на предвремените парламентарни избори во Бугарија. Излезните анкети на бугарските агенции предвидуваат освојување на...

Топ17 часа

Девет земји меѓу кои и Македонија го поддржаа членството на Украина во НАТО, Зеленски им се заблагодари

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска на Твитер објави дека девет земји од Централна и Источна Европа го поддржуваат членството на...

Свет20 часа

НАТО: Украинците го ослободија Лиман благодарение на храброста, но и на американското оружје

Украинското ослободување на градот Лиман докажува дека украинската армија напредува и може да ги потисне руските сили, изјави денеска за...

Македонија22 часа

ЛДП го предлага Пенов за нов министер за локална самоуправа

Централниот одбор на ЛДП на синоќешната седница ја разгледа оставката на министерот за локална самоуправа Горан Милевски, и го прифати...

Македонија1 ден

Радев: Бугарија е подготвена да го зголеми извозот на струја во Северна Македонија

Бугарија е главен извозник на струја во регионот и подготвени сме да го зголемиме извозот во Северна Македонија, изјави бугарскиот...

Македонија1 ден

Лефков: Аферата „Броило“ покажува како Ковачевски и неговиот кум свртеле 26 милиони евра

Фирми основани од Димитар Ковачевски и негови семејни врски вртат милионски суми во енергетскиот бизнис, и тоа додека Македонија е...