Контакт

Европа

Засилено обезбедувањето на Курц – канцеларот добива смртни закани поради одлуката да затвори џамии

Објавено пред

Австрискиот канцелар Себастијан Курц доби засилено обезбедување поради смртните закани што ги добил по одлуката за затворање седум џамии и протерување имами, финансирани од странство и поврзани со радикалниот ислам.

Курц преку социјалните мрежи добил отворени закани за убиство во коментари на објави, но и во приватни пораки на „Фејсбук“.

„Подготви се да умреш“, односно „Дали сакаш да започнеш војна“, се некои се заканите, но имало и антисемитски пораки бидејќи Курц се наоѓа во посета на Израел, како што се: „Ти си ционист“. „Ти си убиец“. „Ти не си христијанин, туку беден Евреин“. „Ти си слуга на масоните“. „Те мразиме“. „Ќе бидеш само искористен, а потоа ќе завршиш во кутија“.

Федералната канцеларија за заштита на уставноста и борбата против тероризмот започна истрага против испраќањето на заканувачките пораки. Обезбедувањето на канцеларот е засилено и отсега па натаму станот на Курц постојано го обезбедува елитната единица „Кобра“.

Во Виена се претпоставува дека зад заканите стојат турски кругови имајќи предвид дека турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган му се закани на Курц во својот неодамнешен говор и побара од Германија да го вразуми австрискиот канцелар.

„Може да има војна меѓу муслиманите и христијаните и вие ќе ја сносите одговорноста за тоа“, му порача Ердоган на Курц.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Меркел и Макрон ќе разговараат за иднината на ЕУ

Објавено пред

Од

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател, Емануел Макрон, ќе се состанат денеска во Берлин во пресрет на самитот на Европската Унија што ќе се одржи следната недела за да ги усогласат ставовите за иднината на ЕУ.

Макрон лани предложи темелни реформи во Европската Унија, на што Меркел одговори дури на почетокот од овој месец.

Таа се согласи со Макрон дека е неопходно да се зајакне еврозоната и да се променат прописите за мигрантите, но засега постојат различни ставови на кој начин би се направило тоа.

Состанокот во Берлин се одржува во момент кога Меркел е соочена со ултимативно барање на нејзините коалициони партнери во владата за промена на мигрантската политика.

Прикажи повеќе...

Европа

Австриски медиуми: Германската разузнавачка служба со години ја шпионирала Австрија

Објавено пред

Од

Германската разузнавачка служба (БНД) ги шпиунирала институциите во Австрија, во периодот помеѓу 1999. до 2006. година, јавуваат австриските медиуми.

„БНД ги прислушувало телекомуникациските врски помеѓу министерствата, меѓународните организации и компаниите“, пренесуваат неделникот „Профил“ и дневникот „Дер Стандард“.

Повикувајќи се на интерни податоци од Германската разузнавачка служба, медиумите истакнуваат дека БНД посебно внимание обрнувало на шпионирање на меѓународните институции како што се Обединетите Нации, амбасадите и странските и домашните компании. Како што се наведува, прислушувани биле вкупно 2.000 телефонски уреди.

Австриските медиуми пренесуваат дека БНД разменувале информации и со американската служба НСА.

Прикажи повеќе...

Европа

Курц: Потребни се реформи и единство во ЕУ

Објавено пред

Од

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц се заложи за единствена Европска Унија со помала администрација во Брисел.

Говорејќи на европски форум, Курц нагласи дека дискусијата на земјите членки мора да се води на фер и рамноправна основа.

Тој забележа дека политичкото опкружување во ЕУ станало комплицирано, укажувајќи дека САД се тешко предвидливи, постојат тензии со Русија, но загрижувачка е и ситуацијата со Турција, како и војната во Сирија.

Курц како проблеми ги спомена и истапувањето на Велика Британија од ЕУ и совладувањето на мигрантскиот бран.

„Неопходна ни е нова ЕУ“, порача Курц инсистирајќи на потребата од реформи во Унијата.

Партнерите на ЕУ, како што рече, треба да бидат на истата страна и не смеат да се прават поделби на членките на прв и втор ред.

Курц се заложи за укинување на системот на две седишта во Европскиот парламент, но и помала администрација во Брисел.

Истовремено, повтори дека целта е да се зајакне заштитата на надворешните граници, додавајќи дека треба да се создаде ситуација мигрантите воопшто да не тргаат на пат кон Европа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Милошоски: Денес е јасно кои беа аргументите за ослободитeлната пресуда за Поткуп

Денес е јасно кои беа аргументите за ослободитeлна пресуда за Поткуп, изјави Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција во Собранието....

Македонија30 минути

Делегација на демонстрантите бара средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Демонстрантите, кои во пресрет на седницата за ратификација на договорот за решавање на спорот за името, започнаа протест пред Собранието...

Македонија51 минута

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа пауза и ја напуштија седницата

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието побараа пауза по што ја напуштија седницата. Претходно, од 109 гласа, со 69 „за“...

Македонија60 минути

Демонстрантите ги повикаа Мицкоски и пратениците да излезат од Собранието и да им се придружат

Помала група демонстранти се собраа пред зградата на парламентот поради закажаната седница, на чиј дневен ред е предлог-законот за ратификација...

Македонија1 час

Собранието по скратена постапка ќе го ратификува договорот со Грција

Oд 109 гласа, со 69 „за“ и 40 „против“ Собранието ја усвои потребата договорот со Грција да биде ратификуван по...

Македонија1 час

Демонстрантите пред Собранието бараат оставка од Владата, а не ратификација на договорот за името

Помала група граѓани денеска повторно излегоа на протест пред Собранието на РМ поради закажаната седница, на чиј дневен ред е...

Македонија4 часа

Со почеток на расправата за договорот со Грција, почнуваат и протести пред Собранието

Договорот за промена на името, со кој се решава спорот меѓу Македонија и Грција, денес ќе биде ставен во процедура...

Македонија15 часа

(Видео) Солза Грчева: Народот е доведен до ѕид од една предавничка тајфа

Нашиот глас ќе стигне до секој. Синоќа се случи нешто што неверував дека во мојата земја ќе биде.30 шок бомби...

Македонија15 часа

(Видео) Демонстрантите со порака до Владата да се откаже од договорот со Грција

На протестите пред Собранието на Република Македонија, кои продолжуваат веќе петти ден, демонстрантите порачаа дека македонскиот народ не го заслужил...

Македонија16 часа

Протест пред Собранието на Република Македонија

Петти ден по ред, пред Собранието на Република Македонија толпа граѓани протестираат поради договорот со Грција за промена на името...

Македонија20 часа

(Видео) Бачев: Спасовски наредил брутално да се нападнат граѓаните пред Собрание

Според наши сознанија министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ја издал наредбата полицијата брутално да реагира токму во моментот кога...

Македонија21 час

(Видео) Демонстрантите се жалат на употребата на шок-бомби, МВР вели – полициска процена

Демонстрантите што синоќа протестираа пред Собранието реагираат дека полицијата прекумерно употребила сила врз нив, како и дека без потреба биле...

Македонија23 часа

Обвинителството и МВР ќе истражуваат – кој испраќа заканувачки пораки и слики на „Фејсбук“

Основното јавно обвинителство Скопје информира дека било известено од страна на Министерството за внатрешни работи за заканувачки пораки и слики...

Македонија23 часа

Приведениот новинар одбил да се легитимира, велат од МВР

Во врска со новинарот на порталот „Инфомакс“, ја информираме јавноста дека тој одбивал да се легитимира, а притоа дал активен...

Македонија23 часа

Демонстрантите демолирале кафулиња, палеле автомобили и фрлиле солзавец, велат од МВР

26 демонстранти привела полицијата за време на синоќешниот протест пред Собранието. Повредени биле 10 полицајци, а седуммина побарале лекарска помош....

Македонија1 ден

Левица: МВР употреби прекумерна сила на синоќешните протести

Силите на МВР употребија прекумерна сила, големо количество солзавец и шок-бомби врз мирните невооружени демонстранти, реагираат од Левицата. Оваа акција...

Македонија1 ден

Владата ќе го достави законот за ратификација на договорот до Собранието

Владата ќе го достави до Собранието предлог-законот за ратификација на договорот со Грција, соопшти владината прес-служба по одржувањето на денешната...

Македонија1 ден

Син на екссудијка призна вина за крвавиот четврток – осуден на 1 година затвор

Нови двајца обвинети за настаните од крвавиот четврток минатата недела признаа вина, потврдуваат од кривичниот суд за „Макфакс“. На судското...

Надворешна политика1 ден

Захариева: Наредната недела зелено светло за преговори со Македонија

Вицепремиерката и министер за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, изјави дека по постигнатиот договор за името Северна Македонија, Советот...

Македонија1 ден

СДСМ ги осуди насилството и говорот на омраза пред Собранието 

СДСМ ги осуди вчерашните насилства пред Собранието, нападите од насобраната толпа врз новинарите, снимателите и полицајците кои се обидуваа да спречат...

Досие