Европа
Захарова: Зеленски стана закана за Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски стана закана за Украина, а неединството на украинскиот народ достигна катастрофални размери, изјави денеска портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.
„Се чини дека самиот Зеленски стана закана за Украина и другите европски земји, меѓу другото, и во контекст на зачувување на демократските основи и принципи“, рече Захарова на брифинг со новинарите, пренесуваaт руските агенции.
На тој начин, анализираат, Захарова ја коментира стратегијата за информациска безбедност, која ја одобри Зеленски и во која се наведува дека информациската политика на Русија претставува закана за демократските земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Руската армија: Не планираме втор бран мобилизација, имаме доволно војници

Руските вооружени сили не планираат втор бран мобилизација, а повикот за задолжителна воена служба е дел од рутинската програма за регрутирање, објавија денеска официјални лица.
„Би сакал да нагласам дека плановите на Генералштабот не вклучуваат втор бран мобилизација“, изјави Владимир Цимљански, претставник на Генералштабот на руските вооружени сили.
Тој додаде дека Министерството за одбрана има доволно војници за да ги исполни своите цели и дека регрутите ќе ја служат воената служба само на постојани пунктови во Русија.
Руското Министерство за одбрана традиционално повикува мажи на задолжителна воена служба двапати годишно, напролет и наесен.
Мобилизацијата е поинаков процес во кој се повикуваат резервните сили и другиот воен персонал во случај на вонредна или воена состојба.
За потсетување, рускиот претседател Владимир Путин вчера потпиша указ со кој се повикува на задолжителен воен рок за време на пролетниот воен рок за 147.000 граѓани на возраст од 18 до 27 години, пренесе „Индекс.хр“.
Европа
Лукашенко предложи прекин на огнот во Украина

Белорускиот претседател Александар Лукашенко предложи денеска да се прогласи прекин на огнот во Украина и да се воспостави примирје, при што ниту една од страните нема да има право да ги прегрупира своите трупи.
„Ќе го преземам ризикот да сугерирам дека воените активности во Украина треба да престанат без право на страните да распоредуваат опрема и да ги прегрупираат силите“, рече Лукашенко во обраќањето до граѓаните и парламентот, а пренесува ТАС С.
Лукашенко изјави дека не треба да има предуслови за прекин на огнот, пренесува белоруската новинска агенција „Белта“.
Европа
Матео Салвини: Франција ги отфрла мигрантите, но ги задржува терористите

Вицепремиерот и министер за транспорт на Италија, Матео Салвини изјави дека е срамота што владата на францускиот претседател Емануел Макрон не прифаќа мигранти, туку ги задржува терористите.
Тој го изјави ова откако францускиот суд одби да испорача 10 поранешни члена на терористичката група „Црвени бригади“ во Италија, кои, и покрај тоа што италијанските судови ги осудиле на разни степени на казна, вклучително и доживотен затвор за крвни злосторства, се засолниле во Франција, пишува „Еурактив“.
„Тоа е срамота. Ги напушта децата на границата Вентимилија во шумата и ги задржува терористите што треба да бидат во затвор во Италија“, рече Салвини за француската полиција, која вели дека систематски ги враќа назад мигрантите без документи, кои се обидуваат да ја преминат италијанската граница преку шума или со воз.